Фан Клуб: Реал Мадрид

Член од
8 септември 2008
Мислења
87
Поени од реакции
44
Ako ne bese toj Murinjo vie ni titula nemase da vidite vo La Liga, no nemase ni da stignete do polufinale vo LS. Ebati fanovite, koi nemat respekt prema nikomu. Za finale treba i malku sreka, kako sto imase sreka i Chelsea.

poz
да да... он е заслужен за тоа што ги има на располагање Роналдо, Чаби, Озил, Бензема, Хигуаин, Рамос, Касиљас и некои други.... и ја ќе освојам титула со овие...
 
O

ob1

Гостин
Ве молам, само за едно нешто ве молам, немојте да паѓате на ниско ниво и да ги пцуете и бркате играчите. Тие ни се, во лошо и во добро, критикувајте ги, али со критики на место. Не ги бркајте и не ги пцуете.

Сега за утакмицата. Многу добро тргнавме, имавме водство од 2-0. Примивме многу глуп гол од пенал, и после малце спласнавме. И сите што викате дека тоа беше глуп потег од страна на Мурињо, дали сте свесни колкав беше влогот во утакмицава? Значи збориме за финале во ЛШ, и многу нормално беше малце да се смири игра и да се затвори Реал. Па побогу ако примевме гол, толку ќе испадневме. После ќе требаше да дадеме 2 гола, што ќе беше нешто невозможно.

Играчите нема да ги критикувам. Според мене сите на место си изиграа. Роналдо докажа и покрај промашениот пенал, дека е човек за големи утакмици. Успеа да постигне 2 гола, во 1/2 финале на ЛШ. Е сега, кога дојде време за пеналите. Коцка е тоа, рулет, црвено или црно. После 120мин трчање константно многу нормално дека паѓа концентрација и нозете им се потешки. Може направи Мурињо грешка што го стави Рамос да шутира пенал, али сигурен сум дека Мурињо не се надеваше дека главните шутери и техничари во Реал (Роналдо и Кака), дека и двајцата ќе ги утнат пеналите. Тоа е што, како што реков пеналите беа коцка, и Баерн успеа да победи.

Тоа е тоа, сезоната е завршена, задоволен сум! Сигурно дека ќе бидев повеќе задоволен со влез во финале. Али сепак имаме една титула. Минатата сезона освоивме куп, оваа сезона ја освоивме лигата, следна титула е ЛШ. Така да главите горе, и следен натпревар против Севиља!

Hala Madrid! <3
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.967
Поени од реакции
57.728
да да... он е заслужен за тоа што ги има на располагање Роналдо, Чаби, Озил, Бензема, Хигуаин, Рамос, Касиљас и некои други.... и ја ќе освојам титула со овие...
ајде цепај, што чекаш...
 
Член од
7 октомври 2011
Мислења
9.377
Поени од реакции
11.748
Mnogu dobar natprevar mislam poinaku ne mozese da zavrsi,ali toa e toa povekje srekja dogodina! Manuel noer e gramada od golman
 

Riken

the power of imagination makes us infinite
Член од
9 декември 2008
Мислења
12.903
Поени од реакции
30.834
Да оставиме и другите да освојат некоја титула, ја имаме ние Примера, Баерн и Челзи немаат шанси дома па нека се радуваат малку.
И после не сме биле џенталмени :pos:
 

NovaLine

Not an idiot.
Член од
5 јануари 2011
Мислења
228
Поени од реакции
112
Зошто на еден дефанзивец што има одлична сезона, да му се расипи се со 1 пенал?! Му дават шанса на играч кој 1 има шутирано пенал и тоа на пријателски натпревар, Му дават шанса да изведва пенал за финале во лига на шампиони?! се сваќам само тие работи во фудбалот не ги сваќам....
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
Како и да ја вртиш, пак Мурињо има голем удел во ова испаѓање, во два натпревари против Баерн не успеавме да наметнеме иницијатива и да си ја играме својата игра, туку се прилагодувавме на играта на Баерн. Роналдо, Ди Марија и Бензема се напаѓачи, тие сакаат да трчаат кон противничкиот гол, а не да чекаат Пепе да ја избие топката па да скокаат по нејзе, да играме преку ебени контри а не да играме вистински фудбал. Не само сега, речиси во сите важни натпревари во овие две години од кога е тој тренер.

Во Интер можеше така да игра затоа што е таков италијанскиот стил на игра, во Мадрид тоа не може да помине, две години е тренер на клубот и уште не свати дека треба да игра напаѓачки а не на ре-акција. Јуп Хејнкес, el heroe de la septima го исфрли и го надмудри и заслужено Баерн е во финале. Ме боли душата кога ќе видам 70% посед на топка за Баерн, едноставно не смееше тоа да го дозволи, не на Бернабе..

Реал напаѓаше со Дел Боске на Олд Трафорд, Мурињо не успеа тоа да го направи на Бернабе...
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
14.617
Поени од реакции
14.490
The S-Man, не заебавај и ти сеа.
Што лошо кажав па сеа ? Да не не е така се тоа што го пишав ? Не го укривувам целосно него, али дека ја заеба, ја заеба.. Само не можам никако сега да речам да си оди после она во саботата, таа вечер за мене е еднаква на трофеј во ЛШ.
 
Член од
29 ноември 2008
Мислења
5.970
Поени од реакции
3.574
Честитки до сите. Не карајте по играчи.. изладете се малку. Не го кривете Рамос (иако и јас не се согласувам дека тој беше најдобар избор да шутира), па и другиве промашија. Роналдо уште 10 да му пуцни уште 10 гола че му дај.. ама тоа е, фудбал е.

Друго искрен муабет ако прајме.. не се покажавме баш во полуфиналево. Баерн како да ја имаше поголемата желба, и да ви кажам право незнам ни како ги задржавме овие 2:1 за до пенали. Ако гледаме според покажаното Баерн заслужи!

Тоа е тоа.. главата горе. HALA MADRID!!!!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Поздрав дечки, јак натпревар... за тие што го гледаа како неутралци. Тешко ми е да замислам колку ви е тешко. Утре за утамицата ќе се прае муабет. :)
 
Член од
4 јули 2009
Мислења
4.795
Поени од реакции
3.493
Можеби има мала кривица Мурињо во тактиката,али пеналите се чиста лотарија и во нив одлучува среќата и менталната подготвеност на играчите,а кај нас ова второво е на многу ниско ниво,по фаците на Роналдо и Рамос можеше да се види дека ќе промашат.Мурињо го кривам само затоа што го стави Рамос да шутира пред Игуаин и Гранеро,за друго не.Мислам да го плукаме Мурињо после победа на КампНоу од која нема ниту една недела е стварно неблагодарно.И да го избркаат Мурињо кој ќе дојде на негово место?Бенитез?Андре Вилас Боаш?
 
Член од
25 октомври 2011
Мислења
663
Поени од реакции
719
Највеќе ви потфрлија Чави Алонзо и Кедира. Можеби и ќе ме нападнете ама тие се тие што треба да организират играта и да одзимат топки. Тотално изгубени беа. Озил, Роналдо и Бензема се страшен напад ама треба напред да се даде топката. Луиз Густаво заврши одлична работа со одзимањето и со фаулите кој и премногу се судеа.
 
A

apidrone

Гостин
Што лошо кажав па сеа ? Да не не е така се тоа што го пишав ? Не го укривувам целосно него, али дека ја заеба, ја заеба.. Само не можам никако сега да речам да си оди после она во саботата, таа вечер за мене е еднаква на трофеј во ЛШ.
По мене, напраивме слична (ако не и идентична) грешка како Барса. Добро почнавме, дадовме 2 гола, потоа Баерн се консолидираше и ни врати еден гол. И исто као Барса што со нејзината тики така немаше решение против одбраната на Челзи, така и ние немавме решение за поставеноста на Баерн. Тоа ме нервира по малце. Никој утре (тоа утре е фигуративно кажано, се мисли после одреден период) нема да памти како играл Реал, туку резултатот е она што останува. Кога противникот нашол начин како да те спречи, ти треба да имаш спремено план б, а не тврдоглаво да тераш. Баерн се прилагоди на нашата игра, зошто ние не би можеле на нивната? Озил се виде дека нема душа ни за 90 минути, не па за 120. Можеби требаше место Гранеро, да го стави Сахин или Каљехон, али тоа е тоа сеа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom