Ве молам, само за едно нешто ве молам, немојте да паѓате на ниско ниво и да ги пцуете и бркате играчите. Тие ни се, во лошо и во добро, критикувајте ги, али со критики на место. Не ги бркајте и не ги пцуете.
Сега за утакмицата. Многу добро тргнавме, имавме водство од 2-0. Примивме многу глуп гол од пенал, и после малце спласнавме. И сите што викате дека тоа беше глуп потег од страна на Мурињо, дали сте свесни колкав беше влогот во утакмицава? Значи збориме за финале во ЛШ, и многу нормално беше малце да се смири игра и да се затвори Реал. Па побогу ако примевме гол, толку ќе испадневме. После ќе требаше да дадеме 2 гола, што ќе беше нешто невозможно.
Играчите нема да ги критикувам. Според мене сите на место си изиграа. Роналдо докажа и покрај промашениот пенал, дека е човек за големи утакмици. Успеа да постигне 2 гола, во 1/2 финале на ЛШ. Е сега, кога дојде време за пеналите. Коцка е тоа, рулет, црвено или црно. После 120мин трчање константно многу нормално дека паѓа концентрација и нозете им се потешки. Може направи Мурињо грешка што го стави Рамос да шутира пенал, али сигурен сум дека Мурињо не се надеваше дека главните шутери и техничари во Реал (Роналдо и Кака), дека и двајцата ќе ги утнат пеналите. Тоа е што, како што реков пеналите беа коцка, и Баерн успеа да победи.
Тоа е тоа, сезоната е завршена, задоволен сум! Сигурно дека ќе бидев повеќе задоволен со влез во финале. Али сепак имаме една титула. Минатата сезона освоивме куп, оваа сезона ја освоивме лигата, следна титула е ЛШ. Така да главите горе, и следен натпревар против Севиља!
Hala Madrid! <3