Она што ме прави уверен во победа е тоа дека со оглед што Баерн и Реал подеднакво долго чекаат на титулата од ЛШ, дури Баерн многу повеќе ја посакува таа титула затоа што финалето се игра во Минхен, е тоа дека Мурињо е таков проклет мотиватор што и најголемиот песимист може да го направи ментален победник.
Тики-така конечно ја разби, Ди Матео ја докрајчи.. За една недела Барса од тотален фаворит во ЛШ и двобојот со Реал, стана апсолутен губитник во оваа сезона. Додека Меси помалку вообичаено е во голгетерска криза, а медиумите додатно ја подгреваат ситуацијата со тоа што го сметаат него за главен кривец..
Ова нема врска со вечерашниот натпревар, али е увод за она што сакам да го кажам подоле..
Ако оваа сезона не е таа сезона во која Реал може да ја освои десеттата титула во ЛШ, се прашувам кога би биле пак во ваква идеална ситуација. Барселона е надвор, патот на Реал кон јубилејнатата титула е чист. За Барселона веќе нема да се зборува дека се најголеми и најдобри, тие веќе нема да бидат приказна за себе, можеби ќе бидат, али како најголеми трагичари во оваа сезона. Додека Реал ќе блесне и во Европа и во Примера. Тоа е огромна работа со оглед дека на тоа дека Барселона моментално е европски и шпански првак.. Сето тоа го снемува за само 5 дена.. А најтешко од се би можело да биде тоа што врвот во Шпанија и во Европа би можел да го превземе баш нивниот најлут ривал..
Тоа е баш она мотивирачкото што би требало да биде за овој тим. Ова го чекаа одамна. Барса одат на другата страна, власта во фудбалот се менува. Со оглед на сите очекувања кои јавноста ги имаа во поглед на онаа Барселона на Пеп, најдобриот тим во историјата, ова е нешто што ќе остави последици на нивните момци..
А ние.. Ние ја зборуваме нашата приказна.. Некоја нова страница во клубот која ја пишува сегашноста и долго ќе се памти. Претходните страници ги пишуваа имиња како Карлос, Зидан, Раул, Фиго, а денеска наместо нив Рамос, Марсело, Озил, Кристијано, итн.. Тоа е една посебност за клуб како што е Реал.. Релативно млада и брзо компонирана екипа која е спремна да ја покори Европа, и да направи потфат за кое се чека десет години..
Не треба ни да се зборува со каков терет ќе играат момците, знаејќи дека оваа сезона нема повеќе поправен, ова е да се биде или не..
Играчите се свесни дека се на најголемиот испит кој би можеле да го имаат... Нека им е среќно на патот кон La Decima, и нека не направат горди на нив !
Духот на Хуанито нека биде со нив, затоа што ќе им биде потребен.. Немојте сега да не изневерите, само не сега...