Инспиративни приказни на филмските ѕвезди

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
S

Shellshock nam67

Гостин
Sylvester Stallone е роден во сиромашна фамилија во New York. Неговата фамилија била многу сиромашна, мајка му го родила на училишниот праг. Несреќата при породувањето му оштетила еден нерв на лицето оставајќи парализиран дел од устата, јазикот и велицата. Како последица од тоа имал нејасен изговор и спуштена долна усна. И покрај неговите ограничувања, Stallone имал кристално чиста намера, да стане глумец. Тоа не била само обична желба, туку потполно уверување дека ќе стане голема филмска звезда и бил немилосрден во извршувањето на истата.


Приказната која следи ја раскажал самиот Stallone на еден свој пријател а овој подоцна ја прераскажал на еден од своите семинари.

Отприлика приказната почнува вака...

Stallone од почетокот знаеше што сака работи и што сака да биде. Знаеше дека ќе биде во филмската индустрија и точка. Не само на ТВ, туку и на фимското платно. Сакаше да ги инспирира луѓето, не заради тоа што беше популарен, туку навистина да ги инспирира и да увидат за што се способни, за да можат да ги совладаат животните препреки. Бидејќи во својот живот и самиот го направил тоа.

Цело време се обидуваше да најде работа во филмскиот бизнис и не го повикаа веднаш и не му рекоа дека е звезда и дека може да глуми. Воопшто не беше така.
Го гледаа и му кажуваа дека изгледа како идиот и дека треба да работи нешто друго... нема место за тебе, никогаш нема да бидеш звезда во филмовите, никој нема да сака гледа некој кој изгледа толку глупо и зборува само од едната страна на устата. Добиваше не, не и не. Секаде го одбиваа. Во таа прилика рече - Бев исфрлен повеќе од 30 пати од секоја агенција. Доаѓав во 4 часот наутро. Секој ден истото. И најпосле ја доби својата прва улога, глумеше ограбувач кој беше претепан за 20 секунди. Сними 3 такви филмови. Никогаш не добиваше голема улога. Одбивање, одбивање и одбивање. И конечно сватил дека вака повеќе не бидува. Го променил својот пристап. Рече - Умирав за јадење, немав пари ни за греење во мојот стан, жена ми секоја ден ми зборуваше да најдам вистинска работа.


Овде другар му го запрашал - Па зошто не најде вистинска работа?

Stallone му одговорил - Бидејќи знаев дека ако пронајдам работа нема да бидам повеќе гладен и ќе се смирам. Ова беше единствениот начин за да ги срушам сите мостови позади себе за да не можам да се вратам назад. Кога би нашол работа би влегол во ритам каде би имал сигурност од таа работа и би ја изгубил мојата желба за глумење. Сакав да ја држам таа несигурност, таа беше мојата единствена предност. Мојата жена не можеше да го разбере тоа. Многу се расправавме со неа, бев без пари, беше ладно. Очај! Еден ден отидов во библиотеката, не сакав да читам ништо само сакав да се стоплам, бидејќи таму беше топло. Бев таму седев на столчето и некој остави една книга на масата. Фрлив поглед кон неа, беа то некои приказни. Почнав да читам, и се ми беше јасно. Таа книга ме извлече, ме наведе да помислам дека можам да влијајам на другите луѓе, да ги допрам, да не мислам само на себе. Можеби и да станам писател, си помислив. Се обидувавав да напишам неколку сценарија, но ништо не успеваше, бев без скршена пара. И конечно еден ден продадов едно сценарио за 100 долари. Меѓутоа парите ги потрошив брзо, дури и го продадов накитот на жена ми. Има работи кои никогаш не треба да ги направите во животот. Тоа беше крај на нашата врска. Толку бев пропаднат, немавме пари, немавме храна. Немавме ништо.

Нешто што најмногу го сакав во животот беше моето куче. Го сакав бидејќи ми пружаше постојана љубов и радост (за разлика од мојата жена). Но бев толку на дното што не можев веќе ни него да го хранам. Отидов до продавницата за алкохол, беше тоа најтажниот ден во мојот живот. Стоев пред продавницата и се обидував да го продадам моето куче на непознати луѓе. Да го продадам за 50 долари. И еден човек сакаше да го купи. Преговаравме долго и на крајот му го продадов за 25 долари. Кога си заминав од таму, плачев. Најлошата работа во мојот живот.

Две недели подоцна гледав борба помеѓу Muhammad Ali и некој белец (не му се сеќавам на името). Белецот добиваше премногу ќотек но и понатаму продолжуваше да се бори! И ми дојде идеа на памет!
Веднаш по завршувањето на бокс мечот започнав да пишувам сценарио. Пишував цели 20 часа, не спиев. Целиот филм го напишав за 20 часа. На крајот целиот се тресев, бев возбуден. Знаев што сакам и знаев зошто го сакам тоа. Требаше само да го реализирам. Тргнав со намера да им го продадам сценариото на агенциите. Но тие читаа и зборуваа - Ова е смешно и предвидливо. (ги запишав сите нивни коментари и ги прочитав на доделувањето на Оскарите. Најголема одмазда беше големиот успех). Се обидував да го продадам сценариото но никој не го сакаше, бев гладен, немав пари. Конечно наидов на луѓе кои го прочитаа сценариото и го засакаа. Ми понудија 125 000 долари за него. Им реков-Се шегувате со мене? Ок, ќе ви го продадам само под еден услов, да ја добијам главната улога во филмот. Тогаш ми рекоа - Што зборуваш, па ти си писател, не глумец. Глумец-Писател-Глумец. Тоа беше мојата приказна и јас сум Роки и морам да ја имам главната улога.


- Нема шанси, нема да ти платиме 125 000 долари за да играш во некој филм, тоа е фрлање на пари. Сакаа Ryan O'Neal да го игра Роки. Stallone зборуваше дека тој е Роки, но тие не сакаа. И тогаш побеснил и рекол: Ако не сакате не морате, и тргнал накај вратата.

Тука има човек кој му нуди 125 000 долари за сценарио а тој одбива и покрај бедата во која се наоѓа. Огромна верба во себе и визија. Знаеше колку вреди. Му понудија 250 000 долари но не и главната улога. Ги одби повторно. Последната понуда беше 325 000 долари. Го сакаа ова сценарио. Тогаш тој им рече: Нема шанси!

Конечно се договорија за 35 000 долари и главната улога. Снимија филм со мал буџет, не веруваа дека ќе успее. Не сакаа да трошат премногу пари на него. Вложија околу 1 милион долари во филмот и на крајот заработија 200 милиони!!!

Што направи со тие 35 000 долари?
- Прво што направив отидов до продавницата за алкохол и цела ден стоев пред неа надевајќи дека ќе го сретнам човекот кој го купи моето куче. Сакав да си гио купам назад.

Што се случи?
-Третиот ден конечно човекот дојде. Го видов и не можев да поверувам...еве го моето куче! Го погледнав и му реков: Господине дали се сеќавате на мене? Помина месец и половина откако ви го продадов моето куче. Тогаш бев без пари и умирав од глад, но тој е мојот најдобар пријател, сигурно и вие го сакате но би сакам да го откупам назад. Вие ми дадовте 25 долари јас ќе ви дадам 100 за него. Тој ми одговори: Нема шанси, тоа е мое куче сега и неможете да го купите.

И го променив мојот пристап, па му реков 500 долари.
Тој ми рече дека нема шанси!
Ок, тогаш 1 000 долари.
Нема шанси да го откупиш назад, ми рече.
Знаев што треба да работам па ја презедов работата во мои раце, и на крајот го добив своето куче назад!
Ме чинеше 15 000 долари и улога во филмот Роки.

Соништата никогаш не умираат - умираат само тие што ги сонуваат.

Inspirativen tekst mora da priznaete :)
ste se dovele li i vie vo situacii da go doprete dnoto ???
i pak kako feniks da se izdignite na nebo,
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
Имам само еден збор за човеков.. ЛЕГЕНДА !!

Не секој може да го оствари тоа што го посакува во животот..Било да е спорт,женски или сосем трето кога се немаат никакви услови.. паметен начитан човек.. нешто повеќе е од обичен актер..
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Имам само еден збор за човеков.. ЛЕГЕНДА !!

Не секој може да го оствари тоа што го посакува во животот..Било да е спорт,женски или сосем трето кога се немаат никакви услови.. паметен начитан човек.. нешто повеќе е од обичен актер..
dali e nacitan ili ne ne e bitno vazna e verbata koja ja imal i silata vo sebe
i istrajal vo teski momenti ...koga citam vakov teks dopolnitelno mi davaa motiv za borba vo teski momenti
--- надополнето: 25 април 2012 во 19:15 ---
abe nikoj ne saka da se otvori a :) ???
ajde spodelete prikazna sekoj bil vo slicna situacija kako junakot na temava.. :)
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
eden koj mi e idol i mu se voshituvam
 

Strenght

Never Give Up!!
Член од
24 април 2010
Мислења
2.516
Поени од реакции
1.824
dali e nacitan ili ne ne e bitno vazna e verbata koja ja imal i silata vo sebe
i istrajal vo teski momenti ...koga citam vakov teks dopolnitelno mi davaa motiv za borba vo teski momenti
--- надополнето: 25 април 2012 во 19:15 ---
abe nikoj ne saka da se otvori a :) ???
ajde spodelete prikazna sekoj bil vo slicna situacija kako junakot na temava.. :)
Не е баш џабе.. гледај има емисии со него какво размислување има за животот,децата,жената.. Каква мотивација дава само со неговиот говор..каде е вежбањето роки стилот на борба и сл : )

Гледај ги другите ѕвезди 2 збора неможат да сврзат :)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Не е баш џабе.. гледај има емисии со него какво размислување има за животот,децата,жената.. Каква мотивација дава само со неговиот говор..каде е вежбањето роки стилот на борба и сл : )

Гледај ги другите ѕвезди 2 збора неможат да сврзат :)

tokmu toa ako go gledas roki filmot i ne e nekoj koj znae kako film iskreno da pravime muabet
ama od filozofski aspekt i te kako e poln (dava motiv, istrajnost verba, zato nekogas i gi gledam site delovi po koj znae koj pat )
 
Член од
16 април 2010
Мислења
2.558
Поени од реакции
1.503
Еден од најомилените холивудски глумци ми е, тоа е да се бориш за својата кариера, како и Џим Кери, а не како некои кои преку ноќ, продавајќи си го своето тело на Масонеријата станаа познати ѕвезди.
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
Еден од најомилените холивудски глумци ми е, тоа е да се бориш за својата кариера, како и Џим Кери, а не како некои кои преку ноќ, продавајќи си го своето тело на Масонеријата станаа познати ѕвезди.
Прво, Сталоне легендо:):cuc:

Туку кога сме кај инспиративни приказни и Џим Кери, не знам колку сте запознаени со фактот како тој всушност станал комедијант. Имено, мајка му била тешко болна од рак и Џим бидејќи не можел ништо друго да направи за неа, постојано ја засмејувал глупирајќи се. После тоа сфатил дека го бива и решил да се обиде на сцената.
 
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.832
Поени од реакции
2.925
хм хм хм се прашувам кое е идеален за улога за Терминатор дали е Силвестер или Шварценегер???
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Рече - Умирав за јадење, немав пари ни за греење во мојот стан, жена ми секоја ден ми зборуваше да најдам вистинска работа.
Овде другар му го запрашал - Па зошто не најде вистинска работа?

Stallone му одговорил - Бидејќи знаев дека ако пронајдам работа нема да бидам повеќе гладен и ќе се смирам. Ова беше единствениот начин за да ги срушам сите мостови позади себе за да не можам да се вратам назад. Кога би нашол работа би влегол во ритам каде би имал сигурност од таа работа и би ја изгубил мојата желба за глумење. Сакав да ја држам таа несигурност, таа беше мојата единствена предност.
:confused: :confused: :confused: :place: :place: :place: - Кое образование (животно) треба да го имаш за само да помислиш на овие зборови а не пак да ги кажеш и примениш. Страшна работа. Нема збор со кој можам да изразам доволно восхит и зачуденост. ЗМЕЈ !
 

Max Legend

The black swordsman
Член од
27 септември 2010
Мислења
4.339
Поени од реакции
6.479
хм хм хм се прашувам кое е идеален за улога за Терминатор дали е Силвестер или Шварценегер???
Шварци без премца.Сталоне колку и да го ценам сепак не е лик погоден за терминаторот.

Инаку многу убав текст.Не сум знаел дека Слај толку многу пател за да биде тоа што е денес.Секоја ти чест.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
:confused: :confused: :confused: :place: :place: :place: - Кое образование (животно) треба да го имаш за само да помислиш на овие зборови а не пак да ги кажеш и примениш. Страшна работа. Нема збор со кој можам да изразам доволно восхит и зачуденост. ЗМЕЈ !


zivoto i ulicata se najgolemi uciteli na se vo zivotot :)
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
За мене секогаш ќе биде Роки !

,,You, me, or nobody is gonna hit as hard as life. But it ain't about how hard ya hit. It's about how hard you can get it and keep moving forward. How much you can take and keep moving forward".
 

Kajgana Shop

На врв Bottom