Инспиративни приказни на филмските ѕвезди

  • Креатор на темата Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување Време на започнување
Секогаш Сталоне ја имал и ќе ја има таа италијанска мафијашка фаца, едноставно роден е за мафијашки филмови филмови (y)
 
По порничот од 1970 можело да се види дека му претстои блескава кариера :icon_lol:
 
Роки од текстот ми дава сила и мотив за борење во многу тешки моменти се гледа дека е многу јак на карактер никогаш не се предава и тоа ми се свиѓа само упорните ќе успеат колку и да си спремен само УПОРНИОТ ќе успее(мое мислење)
 
Сменет е насловов на темава, чисто да можеме да споделиме повеќе вакви слични приказни на Слај. Не е лесно од трњата да стигнеш до ѕвездите.

Јас се сетив на уште една таква потресна приказна. Ја читав пред неколку години и ми остана во памет. Кирк Даглас како дете живеел во најсиромашното гето во Њу Јорк. Семејството буквално му немало леб да јаде. За време на тие години кога американската економија доживувала најголема криза, животот му бил буквално преживување. Така Кирк од што бил гладен еден ден нашол еден компир кој го скрил во некоја стреа во улицата, за да може да го изеде кога ќе биде смртно гладен. Човекот во интервјуто имаше изјавено дека до ден денешен го памти тој момент и дека совест уште го гризе што не кажал за тоа на родителите и на своите браќа и сестри, туку решил сам да се почести со компирот.
 
Роберт Мичам за време на големата депресија во САД како дете бил скитник. Како и повеќето негови врсници, кога ке биле најдени како скитаат сами тие биле апсени од полицијата и приморувани да работат на патишта копајки врзани еден со друг со окови. Заради тоа што на државата и било потребно работна снага на повеќето затвореници им биле измислувани нови криминални дела што не ги сториле со цел да се во притвор подолго време. Еден ден додека требале затворениците да бидат префрлени во друг град, железните окови им биле симнати на затворениците и тој го искористува ова за да избега. Бркан е од чуварите но он успева да се сокрие. Понатаму тој има кратка кариера како аматер боксер, станува ценет актер и успат успева да сними неколку калипсо синглови.
 
Сменет е насловов на темава, чисто да можеме да споделиме повеќе вакви слични приказни на Слај. Не е лесно од трњата да стигнеш до ѕвездите.

Јас се сетив на уште една таква потресна приказна. Ја читав пред неколку години и ми остана во памет. Кирк Даглас како дете живеел во најсиромашното гето во Њу Јорк. Семејството буквално му немало леб да јаде. За време на тие години кога американската економија доживувала најголема криза, животот му бил буквално преживување. Така Кирк од што бил гладен еден ден нашол еден компир кој го скрил во некоја стреа во улицата, за да може да го изеде кога ќе биде смртно гладен. Човекот во интервјуто имаше изјавено дека до ден денешен го памти тој момент и дека совест уште го гризе што не кажал за тоа на родителите и на своите браќа и сестри, туку решил сам да се почести со компирот.
му бил омилен глумец на Тито...
fsii868_10.jpg
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom