UEFA Champions League 2011/2012

Статус
Затворена за нови мислења.

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.400
Поени од реакции
85.351
Ај моментално емоциите зборат од навивачите на Барса нема многу сериозно да ги сфатам. Ќе видам од утре како ќе зборат.
--- надополнето: 24 април 2012 во 23:55 ---
Кај се бе оние каталонците што викаа 5-0 ,4-0? Ги снема некако,ццц.Баш се почна добар муабет..:(
Кој знае што им се вртело низ глава на 2-0.
Пошто знам мене што ми се вртеше низ глава на 2-0 :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Има таленти како тебе, бравос те стаиме у Македонска репрезентација.
Според тебе Со Португалија да играме бункер и ако извадиме 0-0 или ако падне (бог на теме) да опнеме гол и ние сме појаки. Бррееее, ја кој ни се у репрезентација мислители како тебе:pos:
Дете, се резилиш од прееска.

Добар тренер, добра екипа, знае да постави тактика за секој противник. Тактика. Не антифудбал-шмантифудбал. Со Барса се игра вака.
Натаму, во нокаут мечеви екипа која има резултат се брани и си ја бара шансата од контри. Ова е познато од пред 50 години и нема никаква врска со Барса.
Уште троа понатаму, екипа која има играч помалку на терен, многу нормално е да постави дефанзивна формација.
Малку понаваму: Челзи, екипата која се бранеше, со играч помалку, постигна 2 (со букви: два) гола. Против фаворитот. На негов терен. Тоа во спортот се нарекува подвиг.
Фудбал за почетници: поседот на топка е за занимација. Се собираат головите.

И можам уште вака да те едуцирам, ама нејќу.

И кај гледаш таленти во Македонска репрезентација?
 

Hurin

Pokerface bastard
Член од
3 јуни 2009
Мислења
8.543
Поени од реакции
14.678
реакцијата кога торес излезе пред голот сам


реакцијата кога торес го помина валдес и шутна на голот



KTBFFH :D
 
G

grande-juve

Гостин
Кратко. Челзи заслужено е во финале, овој меч го одигра со ЛАВОВСКО СРЦЕ и најважно, си ги искористија шансите. Барса иако направи неколку чисти шанси, иако играше против бункер, се загуши според мене заради формацијата 3-4-3, според Барса стандарди, ова беше слаба игра. Судиите беа одлични освен пеналот, изгледаше како пенал на прв поглед, на снимките се виде дека Фабрегас го изработи, затоа мислам дека за судиите не треба никаква замерка. Меси со Реал и вечер не беше тој Меси што го знаеме заради формацијата, а треба да сме среќни што сме современици со Меси, многу веројатно најдобриот фудбалер што заиграл фудбал.
Сега не можев да навивам за никој, ама за финале... тоа ќе биде ерупција. Тери, Дрогба, Лампард, Чех... старата гарда, го заслужува овој толку посакуван трофеј.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Само за да не зборувате безвезе!

Di Matteo (coach Chelsea): "I continue to think this Barça is the best team in the world. We worked hard and had the luck we needed."
фала Богу дека ќе рече дека мисли дека се најдобриот тим, за да стои дека го победиле најдобриот тим... :D
 
Член од
25 јули 2010
Мислења
7.382
Поени од реакции
2.398
Само за да не зборувате безвезе!

Di Matteo (coach Chelsea): "I continue to think this Barça is the best team in the world. We worked hard and had the luck we needed."
А што сакаш да речи,баш за ваквите ко тебе се измислени овие говори,јадни душички да си се тешите демек најјаки сте..... :cool:
 
F

fantomX

Гостин
Само за да не зборувате безвезе!

Di Matteo (coach Chelsea): "I continue to think this Barça is the best team in the world. We worked hard and had the luck we needed."
Апсолутно.
Сето се собрале хејтеришта на Барселона, „браво Челзи“ прикаски ќе ми кажуваат.

Ја не го сакам пристапот на игра на Барселона, шо и отворено го кажувам то, често и со протната шега низ тоа искажување. Ама ги почитувам и ќе ги почитувам, иако тие немаат почит за Челзи. Знаат шо прават и знаат шо сакат. Летаат одвреме навреме во понекој замислен филм, ама јебига. И друго исто за навивачиве нивни, ко ќе се хејтеришта, бар не се лигуши.
 

levell5

Superlative Сasual Dating - Real-life Girls
Член од
29 јануари 2011
Мислења
397
Поени од реакции
219
Непотребен беше,дека беше без топка фаулот беше,ама можеше комотно да му даде жолт,сепак за полуфинале се работи.
Но и разбирам до некаде,глумачките способности на играчите на Барса се на врвно ниво,Бред Пит и компанија гомна да јадат.
Па според тебе у Финале крв нека падне затоа што е финале, брат има правила колку толку се почитуваат. Нели. Секое удирање без топка е Црвен. Прашај кој сакаш.
А за глумата смешно е да збориш, Барса глуми вака така, а Другите тимови што глупи се нафта пијат, Не.
 
R

Rigel Kent

Гостин
Edinstven koj ja prekina dominacijata na Barca bese Inter.
Dali povtorno Bayern ke gubi vo finaleto od tim koj ja eliminiral Barca vo slucajov Chelsea?
 
F

fantomX

Гостин
Епа брате у 5-6 години само 2 пати тоа успеело (BUS) и тоа е усpех. Хм. не би рекол.
Не е точно. Барселона последните две титули во ЛШ го освои против еден ист тим во финале. Кој за твое чудо ќе биди изгледа, одеше со глава в ѕид и не сакаше да проба со бункер. Бункерот си успева таман, само секое негово успевање досега го спроведува различен состав, то е лошото, сите после се лажат вака ко тебе дека има само еден начин на играње фудбал (со гнавење на топка).
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
фала Богу дека ќе рече дека мисли дека се најдобриот тим, за да стои дека го победиле најдобриот тим... :D
Аа значи тој муабет е...Реал го тепаше Херкулес, а Херкулес ја победи Барселона што значеше Реал се подобри од Барса :D
 

D_T

Чорбаџи Димко
Член од
8 март 2009
Мислења
2.119
Поени од реакции
1.571
Имало Господ
Wait, wait..... не беше така
Имало КАРМА и тоа кучка :cuc:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom