Анархија

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
:)

Се заебаваш, така?
Епа како бе СТаврогин да одговорам на претпоставена работа дека луѓето после претпоставена катастрофа која би се заканила на целата земја, би тргнале во пљаќкосување.

За да некој тргне во такво нешто, во таков момент, би требало да го води некоја цел. Мене прва ми падна на ум горенаведената цел.:)

Но не е суштината тука.

Застапуваме различни концепти и не е можна дискусија и заклучок од истата.

Од една страна стои релаен сегашен концепт кој ти го застапуваш, од друга страна стои романтичарски, утопистички, иден концепт кој според мене би му донел повеќе добробит на човештвото.
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Каде тоа не е присутен?
Дај линк да видиме што точно пишува.
Изгледа одамна не си ја шетал Македонија, некои краишта...
Не ми одговори како функционира кооператива во смисол на организација, дали постојат надзорници, раководители, како се планира и остварува планот, дали ги користат банките за позајмици...но не е битно, тоа е веќе тема за форум економија.
Најголем генератор на несреќа е вечното креирање нови и нови потреби.
баш ме интересира како ќе го спречите човекот да има постојано нови потреби. Не мислиш дека ако ги блокирате човековата желба за нешто ново и секогаш нешто повеќе во пари и добра дека развојот ќе отсуствува, дека човештвото ќе западне во стагнација?
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Изгледа ги усогласивме ставовите. Без држава нема напредок.
Тоа, ако ти е така полесно, нека биде:P

Од денешен аспект, е секако така.

Но, имај на ум дека човештвото се стреми кон слобода, кон еднаквост, и еден ден ќе се случи тоа.

Ќе дојде моментот кога човекот со помош на техниката и технологијата ќе може да ги ужива благодетите, немајќи потреба да се бори за истите со оние од неговиот вид.

Сакаш наречи го, бујна фантазија, сакаш утопија, анархија, комунизам, вера, итн.. не е битно, тоа е моето гледиште за иднината на човештвото:)

Не е мојата намера тука да излезам на крајот како победник или поразен од некаква си дискусија, туку да укажам дека постои и ваква опција.

Секојпат сум против мислења кои во себе содржат 100% сигурност и точност.
Во случајов далеку е од точен фактот дека БЕЗ ДРЖАВА ОБРАЗУВАНА ОД КАПИТАЛИСТИЧКИ НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ НЕ Е МОЖЕН НАПРДОК.
 
Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921

Не Мики пријателе, не така.
Беше речено: БЕЗ ДРЖАВА ОБРАЗУВАНА ОД КАПИТАЛИСТИЧКИ НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ НЕ Е МОЖЕН НАПРЕДОК. Или пократко, Не е можен напредок без држава. (точка)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Изгледа одамна не си ја шетал Македонија, некои краишта...
Не ми одговори како функционира кооператива во смисол на организација, дали постојат надзорници, раководители, како се планира и остварува планот, дали ги користат банките за позајмици...
И не ми одговори каков образовен систем сметаш дека треба да има во тој замислен план.
баш ме интересира како ќе го спречите човекот да има постојано нови потреби. Не мислиш дека ако ги блокирате човековата желба за нешто ново и секогаш нешто повеќе во пари и добра дека развојот ќе отсуствува, дека човештвото ќе западне во стагнација?
Сум ја шетал, ако мислиш на одредени северозападни краишта :D ама не верувам дека на тие места нема државна и локална управа, градоначалници, судови и сето она што спаѓа под државен систем. Тоа што тие не функционираат како што е во теорија е нешто друго.

Во основа најдобро е да се користат кооперативните банки, во зависност од средината. Тешко е да се даде универзален одговор бидејќи условите премногу варираат од место до место. Хоризонталната хиерархија подразбира дека ќе постојат луѓе на кои задача им е да имаат надзорни функции. Но избрани а не наметнати. Луѓе кои навистина поседуваат квалитети и способности за дадена работа а не затоа што некој некаде така одлучил.
Образовен систем кој е рационален и кој навистина ги припрема младите за она што ги очекува, со акцент најмногу на практична настава.

Зошто би се блокирала желбата за нешто ново? Човековата љубопитност и желба за прогрес е едно, сосема друго се наметнатите “потреби“ на кои денес се троши најмногу работа. Не би рекол дека развојот ќе отсуствува или дека човештвото ќе стагнира. А колку пати човештвото стагнирало, еднаш дури било и пред екстинкшн ивент, времето на големата чума, со постоење на држава и религија to match...има премногу примери.
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Не Мики пријателе, не така.
Беше речено: БЕЗ ДРЖАВА ОБРАЗУВАНА ОД КАПИТАЛИСТИЧКИ НАРОДНИ ИЗБРАНИЦИ НЕ Е МОЖЕН НАПРЕДОК. Или пократко, Не е можен напредок без држава. (точка)
Тоа што си го пречкртал е реалноста во моментов. Така?

Од кај знаеш дека не е можен напредок без држава во иднина?

Порано и без фараон не можеле, без цар, без крал, па потоа без Тито, но сето тоа човештвото го надминало, нели?:P

Кој вели дека еден ден човештвото нема да биде спремно да го отфрли апаратот-паразит наречен држава?
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
Тоа што си го пречкртал е реалноста во моментов. Така?

Од кај знаеш дека не е можен напредок без држава во иднина?

Порано и без фараон не можеле, без цар, без крал, па потоа без Тито, но сето тоа човештвото го надминало, нели?:P

Кој вели дека еден ден човештвото нема да биде спремно да го отфрли апаратот-паразит наречен држава?
Остај, за чумата им требало векови и милениуми да сфатат дека не е казна од “небесата“ и природен, непроменлив тек на настаните....па си умирале така стотици милиони...:вонзем:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.773
Поени од реакции
12.237
Сум ја шетал, ако мислиш на одредени северозападни краишта :D ама не верувам дека на тие места нема државна и локална управа, градоначалници, судови и сето она што спаѓа под државен систем. Тоа што тие не функционираат како што е во теорија е нешто друго.

Во основа најдобро е да се користат кооперативните банки, во зависност од средината. Тешко е да се даде универзален одговор бидејќи условите премногу варираат од место до место. Хоризонталната хиерархија подразбира дека ќе постојат луѓе на кои задача им е да имаат надзорни функции. Но избрани а не наметнати. Луѓе кои навистина поседуваат квалитети и способности за дадена работа а не затоа што некој некаде така одлучил.
Образовен систем кој е рационален и кој навистина ги припрема младите за она што ги очекува, со акцент најмногу на практична настава.

Зошто би се блокирала желбата за нешто ново? Човековата љубопитност и желба за прогрес е едно, сосема друго се наметнатите “потреби“ на кои денес се троши најмногу работа. Не би рекол дека развојот ќе отсуствува или дека човештвото ќе стагнира. А колку пати човештвото стагнирало, еднаш дури било и пред екстинкшн ивент, времето на големата чума, со постоење на држава и религија to match...има премногу примери.
за болдот морав брзо да ти искоментирам ...го сменив постот (избришав дел) оти мислам дека ќе отидеме подалеку, во темите за економија што бара повеќе факти и информации со што темата ќе отиде (дури сега приметив дека е во филозофија) јабана ама побрз си :)
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
за болдот морав брзо да ти искоментирам ...го сменив постот (избришав дел) оти мислам дека ќе отидеме подалеку, во темите за економија што бара повеќе факти и информации со што темата ќе отиде (дури сега приметив дека е во филозофија) јабана :)
Лурц проблемот е што сите точно разбираат што сака да каже Тојкатер, само некако полесно е да се заземе некој реалистичен став, со кој автоматски си чекор пред соговорникот, доколку се разбира ја гледаш дискусијава како натпревар од кој треба да се излезе како победник.

Дискусијата треба да покаже еден куп работи кои не штимаат у сегашниов систем кој се темели на апаратот држава и дека можеби иднината е во нешто друго.

Сите знаеме колку е далеку од денешна гледна точка сето ова, нели? Но, и сите знаеме дека треба да минат стотици години за промени, па којзнае.

п.с Те цитирав на тебе, ама се однесува генерално на дискусијава постов:)
 
Toecutter

Biafran Baby
Член од
12 мај 2009
Мислења
5.243
Поени од реакции
2.444
за болдот морав брзо да ти искоментирам ...го сменив постот (избришав дел) оти мислам дека ќе отидеме подалеку, во темите за економија што бара повеќе факти и информации со што темата ќе отиде (дури сега приметив дека е во филозофија) јабана ама побрз си :)
Имаше некаде мислам тема во економија...
 
A

AnFem

Гостин
Еве ви го невозможното. За жал, државата го посра!

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Тоа што си го пречкртал е реалноста во моментов. Така?

Од кај знаеш дека не е можен напредок без држава во иднина?

Порано и без фараон не можеле, без цар, без крал, па потоа без Тито, но сето тоа човештвото го надминало, нели?:P

Кој вели дека еден ден човештвото нема да биде спремно да го отфрли апаратот-паразит наречен држава?
А кој рече дека јас мислам на држава како сегашниве?
Велиш бил фараон, па цар, па ЈБТ па овој па оној, ама сепак е некој и некоја си власт и некоја си форма на држава. Треба да се намалат ингеренциите на државата, можеби но целосно исчезнување не може да се случи. Служби кои ќе бидат потребни за сите граѓани, социјала, здравство, образование, полиција итн. не можат стихијно и сами од себе да се организираат.
 
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.782
Еве ви го невозможното. За жал, државата го посра!

Ако некој од нив легне на смртна постела, ќе побара ли лекување од државата? Ако дојдам и го ограбам, ќе се јави ли во полиција?!
 
Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
А кој рече дека јас мислам на држава како сегашниве?
Велиш бил фараон, па цар, па ЈБТ па овој па оној, ама сепак е некој и некоја си власт и некоја си форма на држава. Треба да се намалат ингеренциите на државата, можеби но целосно исчезнување не може да се случи. Служби кои ќе бидат потребни за сите граѓани, социјала, здравство, образование, полиција итн. не можат стихијно и сами од себе да се организираат.
Епа јас мислев на сегашнава структура на државата. Сегашната е паразит врз грбот на работникот.
 
A

AnFem

Гостин
Ако некој од нив легне на смртна постела, ќе побара ли лекување од државата? Ако дојдам и го ограбам, ќе се јави ли во полиција?!
Не, ќе оди кај приватен доктор и ќе му дила мара за лек. Пума бе, прашањава...
Не викнале полиција, ретко кој анархист ќе викне полиција, баш поради тоа и пропадна градот. Немаше кој да ги тепа барабите како Пумата, тепачите дојдоа доцна.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom