Трговците со возила бараат државна интервенција бидејќи немаат промет

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
секој се бори за да преживее принц и ти сигурно не работиш под цена на труд множиш за два пати тоа е така во Македонија давачки царини ова она
 
Член од
28 мај 2008
Мислења
3.966
Поени од реакции
4.073
Јас не гледам разлика меѓу Тутунар и Прекупец на Коли.
Разликата е голема, од Тутунарот државата има прилив на девизи, а од прекупецот на коли одлив на девизи, бидејќи колите не ги произведуваме туку увезуваме. Се што се увезува е лошо за државата бидејќи парите одат на страна т.е парите одат во државите каде се произведува.
 
tomsaso

Пемпере
Член од
10 септември 2005
Мислења
1.387
Поени од реакции
339
Nikakva intervencija. Ako ne odi biznisot so koli neka zemat nesto drugo neka trguvaat. Ke ima nadolen pritosk na cenite na koli.Toa sto sekoj za sebe e trgovec e najpozitivno nesto. Taka treba da bidi. Namesto da plakas nerazumni provizii na placovi ke odis sam do Germanija i ke si donesis vozilo. Nisto loso nema vo toa.

Ova e klasi4en primer kako biznisite probuvaat da si napravat pazar preku regulacija.
 
bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Порано било секој можи да стави гориво во кола ама не можел секој да купи кола. Сега е секој може да купи кола ама не може секој да стави гориво во нејзе, одржување регистрации....
 
Член од
14 јануари 2008
Мислења
1.341
Поени од реакции
162
Разликата е голема, од Тутунарот државата има прилив на девизи, а од прекупецот на коли одлив на девизи, бидејќи колите не ги произведуваме туку увезуваме. Се што се увезува е лошо за државата бидејќи парите одат на страна т.е парите одат во државите каде се произведува.
Парите одат надвор ама во државата влегува капитал. Со тоа што увезуваш не им ги поклонуваш парите, туку ги менуваш за нешто друго. Да не се произведуваа коли во германија и франције, што мислиш која ке им беше цената сега?

Башка, ако Џемо има регистрирано фирма во македонија, тогаш секако мора да плаќа ддв, кое оди во државна каса (ддв-то уствари корисникот го плаќа али сеедно е од гледна точка на државата).

Луѓето имаат некаков страв од трговски дефицит, а искрено не знам зашто. Ако почне државата да регулира, автоматски ке скокне цената и можно е да се направи картел.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Тутунари, Пченкари, Лозари и Бостанџии баш тоа го сакаат ако може за нив Може и за Џемо од автопазар. :P
Како прво Лозари, Пченкари, Тутунари, Бостанџии, Зелкари не се трговци.
Како второ без кола ја бива, без леб никако.
Како трето Лозари, Пченкари, Тутунари, Бостанџии, Житари, Зелкари се околу 25% од вкупното население, вработените во тргувањето со коли се 0,025% (прашање е дали се и толку).
Но, ако продолжиме вака, старите возила во земјава, особено со најавените дополнителни поскапувања на бензинот, ќе почнат да се користат како старо железо“, вели Мемедовски.
И ако не продолжиме (ако се прифати воведување на повисоки еко-стандарди), пак ќе се користат како старо железо бе, Џемо. Пуста логика, ама си сака четврто одделение.
 
P

Princ

Гостин
секој се бори за да преживее принц и ти сигурно не работиш под цена на труд множиш за два пати тоа е така во Македонија давачки царини ова она
И секој заслужува да заработува, но не по толку голема маржа.
Факт е дека увозниците/трговците наплаќаат премногу за нивната услуга. Што да правиме сега, да се здружиме оние што нудат услуга како мојата, да ги качиме ептен цените на услугите, и после да бараме од државата интервенција затоашто бизнисот не ни оди?
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Разликата е голема, од Тутунарот државата има прилив на девизи, а од прекупецот на коли одлив на девизи, бидејќи колите не ги произведуваме туку увезуваме. Се што се увезува е лошо за државата бидејќи парите одат на страна т.е парите одат во државите каде се произведува.
Не е толку просто како што мислиш. Со субвенциониран извоз субвенциите завршуваат во странство плус стимулираш увоз на суровини и репроматеријали за производство на субвенционираниот извоз. А кај субвенционираниот узвоз имаш пониски цени на производи кој ја стимулираат побарувачката на други производи и зголемуваат куповната моќ плус субвенцијата завршува дома. Не е проста математика ова.
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Кога им одеше добро бизнисот што не рекоа ајде да ја поделиме добивката..него сега помагајте не иде. Епа јбг, тоа ви е пазар,ако не го сваќате тоа,тогаш не е убаво.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Како прво Лозари, Пченкари, Тутунари, Бостанџии, Зелкари не се трговци.
Како второ без кола ја бива, без леб никако.
Како трето Лозари, Пченкари, Тутунари, Бостанџии, Житари, Зелкари се околу 25% од вкупното население, вработените во тргувањето со коли се 0,025% (прашање е дали се и толку).
Чист комунизам е тоа кој го уништува економскиот раст.
--- надополнето: 24 април 2012 во 18:07 ---
Кога им одеше добро бизнисот што не рекоа ајде да ја поделиме добивката..него сега помагајте не иде. Епа јбг, тоа ви е пазар,ако не го сваќате тоа,тогаш не е убаво.
Исто срање се тутунарите ги нема оваа година ќутат како п.чки. Цената им е добра и локаат ракија по кафани.
 
karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.719
Чист комунизам е тоа кој го уништува економскиот раст.
Можеби е во духот на комунизмот, но дека го уништува економскиот раст е чиста заблуда.
Исто срање се тутунарите ги нема оваа година ќутат како п.чки. Цената им е добра и локаат ракија по кафани.
Цената не е воопшто подобра од миантогодишната. Се работи за занемарливо покачување во просечната цена на тутунот.
Тутунарите се поразени од политиката (преку тактика на протести-антипротести) . Ќе поминат долги години дури повторно соберат сила да протестираат.
 
Why?

Самострел да зеам, да истепам тоа племе
Член од
3 мај 2009
Мислења
2.726
Поени од реакции
2.940
Исто срање се тутунарите ги нема оваа година ќутат како п.чки. Цената им е добра и локаат ракија по кафани.
А што треба да прават?
 
Овердрајв

Модератор
Член од
5 ноември 2005
Мислења
4.255
Поени од реакции
569
А што треба да прават?
Да се здружат, да собираат пари за да пратат луѓе во странство да преговараат со поголемите компании/откупци за да добијат подобри цени, па да организираат извоз, наместо тука еден по еден да ги заебаваат и да зависат од држава која од година во година има се` помалку пари.

Истото се однесува и на останатите земјоделци.
 
Член од
21 март 2012
Мислења
3.277
Поени од реакции
3.055

Точно Кина на пример консумира 20% + од светското производство на тутун.Нашето производство кај нив еден регион само ќе го испуши без проблем.Место да се организираат тутунарите да отидат во Кина да подмачкаат два три џепа па да дојде кинески одкупувач и цената да расне они ќе ги потрошат набрзина парите а кога ќе дојде идната година откуп по помали цени ајде пак на протести.

Во моментов во земјоделиево имаме капитализам за добивка ( ако направат пари си ги задржуваат сите пари ) а социјализам за загуби ( ако имаат загуби ајде сите да плаќаме)

Што ми вредат мене на пример сите субвенционирања за сточарство кога целото јагнешко иде во странство а ние тука јадеме кој знае од каде.Практично ние сме му субвенционирале цена на Италијанецот или Гркот што ќе го купи таму.Неќат да плаќаат осигурување иако државата покрива и до 50% а чим падне град одма плачат по телевизија леле што се деси што ќе правиме.
 
Стефус-Рефус

Jesus Loves Macedonia
Член од
30 август 2009
Мислења
3.452
Поени од реакции
1.210
Можеби е во духот на комунизмот, но дека го уништува економскиот раст е чиста заблуда.
.
Од која книга ти е ова тебе? Само погледни го растот на најголемите субвенционери и се ќе ти стане јасено. Да незборам што се пумпаат долгови и што пола земји банкротираа.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom