Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Според тебе, мора ли да има држава за да сите овие добра ги добие народот?

Мислиш ли дека не може да се организира една заедница и сето тоа да го стори без апаратот наречен држава?
Да, ај те молам кажи ми, како една заедница ќе се организира и ќе изгради хидроцентрала или термоцентрала на јаглен?
Или како една заедница ќе изгради автопат долг да речиме 150 километри?
Добро размисли што се треба да се земе предвид во изградбата и одговори ми.
 
Немам потреба од размислување, само прашав дали е потребен апаратот држава предводен од "народни избраници" за се ова?

ДА или НЕ?

И откако ќе кажеш стриктно не, дали мислиш дека во иднина исто би било, или би се сменил менталитетот на човекот, па ќе може и без тој апарат?
 
Да, потребен е.
 
Зависи на каде цели човештвото, камено време или комплетната спротивност.

Лоша компарација.

Заклучувам дека според тебе државата е највисокиот апарат кој е создаден за олеснување на човековото битисување.

Но, сметам дека после него ќе следува друг степен на развој, односно самоорганизираност на хомосапиенсот.

Дали е тоа анархија, комунизам итн... сеедно.

Таман работа да сопреме кај државата, и да ја усовршуваме неа.
 
Постојатно го повторуваш истото и истото, колку му одземале на човек.
Не се прашуваш како сето тоа го добива пример еден работник?
Колку може сам да произведи? Може сам истовремено да си направи кола, куќа, да обезбеди прехрана, да патува, да изгради улици и патишта со кои би се движел си колата, и сл и сл.?
За други работи да не зборуваме, како развој на технологија (за автомобили пример), електрична енергија, водовод и сл.
Државата зема данок, но од тој данок гради подобро општество, од кое огромна корист имаат сите луѓе во тоа општество.

Тоа што го повторувам е едноставен факт.
Дали ти и слични на тебе можат да го сфатат тој едноставен факт не е мој проблем.
Работникот се што добива, добива со преку својот труд. А од плодовите на тој труд, половина се крадат.
Ти и после 2 децении низ образовниот систем нема да сфатиш дека куќа,кола,прехрана,улици не обезбедува државата. Тоа се добиени материјални добра од односот на капиталот, средствата на производство и трудот. Од добиените добра државата краде половина а враќа многу малку, некаде скоро ништо.

Дали имаш некои прогнози, после 4000 години државствување кога ќе ви изградат функционален водовод, чисто онака...
Гледам многу подобро општество имате по сите можни показатели...
 
Да, останатото едноставно исчезнува...
Лоша компарација.

Заклучувам дека според тебе државата е највисокиот апарат кој е создаден за олеснување на човековото битисување.

Но, сметам дека после него ќе следува друг степен на развој, односно самоорганизираност на хомосапиенсот.

Дали е тоа анархија, комунизам итн... сеедно.

Таман работа да сопреме кај државата, и да ја усовршуваме неа.

Можеш да се самоорганизираш на ниво на неколку луѓе, но не и на ниво на 10 милиони.
 
Да, останатото едноставно исчезнува...

Можеш да се самоорганизираш на ниво на неколку луѓе, но не и на ниво на 10 милиони.

Со ова ниво на свест НЕ, но којзнае понатаму.

Една закана по опстанокот н ахомосапиенсто, драстично ќе ја смени менталната матрица.
 
Добро, уште не ми кажа пример како луѓето со високо ниво на свест ќе градат автопати, хидроцентрали и сл.
 
Според тебе, мора ли да има држава за да сите овие добра ги добие народот?

Мислиш ли дека не може да се организира една заедница и сето тоа да го стори без апаратот наречен држава?

Не може во реалноста.
Токму поради себичноста на човекот и неговата инстиктивна природа.
Секогаш ќе сака ,,повеќе за себе,,. И да го принудиме да не прави така - ќе биде несреќен.
 
Со ова ниво на свест НЕ, но којзнае понатаму.

Една закана по опстанокот н ахомосапиенсто, драстично ќе ја смени менталната матрица.

Нивото на свест не е променето од почетокот на човештвото, и не гледам ниту една причина зошто би се променило. Не ни постои такво нешто какво ниво на свест. Ако се мисли на моралните стандарди на луѓето, тие се детерминирани од нивните биолошки нагони, кои исто не гледам како ќе се променат. Всушност, само хипиците веруваат во постоење на некое "повисоко ниво на свест", кое некогаш, во некоја далечна иднина полна со сонце и цвеќиња, ќе се појави...
 
Не може во реалноста.
Токму поради себичноста на човекот и неговата инстиктивна природа.
Секогаш ќе сака ,,повеќе за себе,,. И да го принудиме да не прави така - ќе биде несреќен.

Не може во сегашноста, за понатаму не знаеме.

Сака повеќе за себе, хммм. Зошто?
Оти е наметнато дека вредноста на единката се мери по тоа дали имаш повеќе од останатите, можеби?

Мислам дека не треба човек да биде скептик дека е можно вакво нешто во иднината.
--- надополнето: 24 април 2012 во 15:50 ---
Нивото на свест не е променето од почетокот на човештвото, и не гледам ниту една причина зошто би се променило. Не ни постои такво нешто какво ниво на свест. Ако се мисли на моралните стандарди на луѓето, тие се детерминирани од нивните биолошки нагони, кои исто не гледам како ќе се променат. Всушност, само хипиците веруваат во постоење на некое "повисоко ниво на свест", кое некогаш, во некоја далечна иднина полна со сонце и цвеќиња, ќе се појави...

Јас наведов една можна причина, закана за опстанокот на човештвото и планетава.

Билошките нагони, можеби ќе се сменат, којзнае.
 
Добро е познато дека во апокалиптични ситуации, човекот станува се посебичен, во зависност од тоа колку силно му работи нагонот за опстанок. Потполно е нејасно како тоа би довело до солидарност помеѓу луѓето.

Анархијата е сон, кој го сонуваат средношколци, и потпораснати средношколци. Не постои ниту еден единствен факт кој укажува дека општествените уредувања се движат кон анархија. Постоењето на анархистичките комуни е повеќе како потсмев на анархијата како концепт. Тие комуни егзистираат заштитени од државите на чија територија се наоѓаат. Ова единствено не важи за Чиапас, кој всушност е една тешка недојдија, за која никој нема интерес... Инаку, одамна немаше да постои. Вака постои како резерват за оние кои одбиваат да се борат за материјалните добра за кои сите други се борат...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom