Топлификација и нејзиниот штетен и патетичен бизнис план [општа дискусија]

korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
"Жалбата на ова решение не го стопира неговото извршување"...секогаш на секое извршно решение стои нешто во овој стил.Така да секогаш народот бричи јајца.
Секогаш кога потклекнуваш и не се бориш ти си на колена!!!!!!!!
БОРЕТЕ СЕ ИЛИ ПЛАЌАЈТЕ ТОПЛОДИФУЗИЈА,
РЕКЕТ НОРМАЛИЗИРАН
зарем малку рекет плаќате????????
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Браво бе друже си се изнамачил колку време ти требаше ова да го напишеш? :eek:
Десетина дена... Кога пишувам внимавам на секој збор, а и веќе сум подостарен, а морав да најдам податоци...
Овој предлог има за цел да можам да докажам дека сум барал и сум ги молел да не донесуваат такви одредби со кој ќе наметнат плаќање на 50%.
Тие најверојатно ќе усвојат да плаќаме 50% и тоа ќе го објават дури во септември за да не стават пред свршен чин. Затоа треба добро да се подготвиме за да веднаш нападнеме преку Редовниот суд, Уставниот суд и Стразбур и Женева.
Оваков предлог, да не се воведуваа 50 %, било добро да што повеќе граѓани поднесат.
Деновиве ќе напишам сличен предлог само многу пократок кој секој ќе може да го копира и поднесе. И во септември, ќе ги собереме сите тие предлози и ќе одпочнеме контраофанзива.
 
Супер дај и јас ќе поднесам само под наше вистинско име и презиме.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Супер дај и јас ќе поднесам само под наше вистинско име и презиме.
И мојот предлог е со вистинско име.
Од понеделник ќе напишам урнек предлог, сега сум заморен
 
korka

Голтар
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.027
Поени од реакции
435
Член од
1 јануари 2010
Мислења
183
Поени од реакции
290
Решение на проблемот со Топлификација има, и е многу едноставно.
Според предложената регулатива, ако цела зграда се исклучи, не може Топификација да зема ни денар. Тука е поентата, само треба граѓанска слога и да се фрли Топлификација на колена.
Прв чекор - колективно исклучување од мрежата на Топлификација. Топлификација нема кого да краде и останува без корисници. Нормално, кога ќе дојде грејна сезона, ќе мора да бара корисници за да вади пари.И секако наесен ќе тропне на врата да ја понуди својата услуга.
Втор чекор - граѓаните ќе ја ислушаат Топлификација што има да понуди, но сега играта ја водат граѓаните. Тука се поставуваат црвените линии, односно условите на користење и цената која би била прифатлива ги диктираат корисниците, не Топлификација. Пример, ако сака Топлификација да и бидам корисник, има да си постави мерачи- калориметри (како ЕВН и Водовод) на нивни трошок, да ми соопшти која цена ја нуди за греење потрошена енргија ( не паушал како сега), па тогаш ќе одлучам дали ќе ги користам услугите.
И во случај Топлификација да пропадне и се појави нов давател на услугите, услугите и цените ќе се договорат на чиста основа.
Само, треба граѓанска слога и брза акција, ако молчиме и седиме мирни, ќе останеме овци, а Топлификација и понатаму и ќе не молзе , и ќе не стрижи.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Eве многу скратена верзија од мојот предлог што го ставив во пост # 167.
Добро би било да што повеќе граѓани поднесат ваков или сличен предлог. Можеби со тоа ќе ги убедиме да не донесат 50%, а секако корисно ќе ни послужи во постапка пред Уставен суд, Стразбур и др..
Кој сака може да го ископира, да стави свое име и адреса или да го измени или надополни . Се поднесува во РКЕ ( дирекција на Пелагонија на 4 спрат ), не се плаќа ништо, се носат два примероци. Не мора лично да се однесе, значи можат да се достават и повеќе предлози одеднаш, од пријатели, комшии, за да имаме повеќе предлози.
-------
До Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија,Скопје

Oд Смрт за зони и пајак возила
Ул. Форум „ Кајгана “, Скопје

Предмет: Предлог од граѓанин

Според член 24 од Уставот на Република Македонија и член 2 од Законот за постапување по представки и предлози ( Службен весник на Република Македонија број 82/08 ), предлагам:
1. РКЕ, во подзаконските акти што се во нејзина надлежност, да не предвидува одредби со кои ќе се наложи да граѓаните кои се исклучиле или во иднина ќе се исклучат од системот за греење на АД Топлификација, или други системи за далечинско греење, да плаќаат 50% или друг износ, според некакви, словенечки, германски или бугарски „ модели “, на АД Топлификацијаили на било кој друг, бидејќи со такви одредби ќе се повредат моите основни човекови права што ги имам како човек и граѓанин и кои ми се гарантирани со Уставот на Република Македонија,Eвропска конвенција за заштита на правата на човекот и основните слободи и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
2. Во случај да РКЕ, сепак сака да, во подзаконските акти, внесе одредби со ваква содржина, предлагам да го тоа стори веднаш, а не дури во септември 2012., како што изјави Председателот на РКЕ Г – дин Димитар Петров, за да можам благовремено, пред почетокот на грејната сезона, да покренам постапка, пред домашните и меѓународните институции, за заштита на моите основни човекови права и слободи што ги имам како човек и граѓанин.
АД Топлификација со наметнување екстемно високи цени, некакво „ мерење “, „ методологии “, чудни и неразбирливи формули по кои се врши пресметката, бедна услуга, лош однос кон потрошувачите, сама се доведе во ситуација да повеќе од четвртина од потрошувачите се исклучени. Ако РКЕ сака да ја спаси АД Топлификација од пропаста, треба да и препорача драстично да ги намали цените, подобри квалитетот на услугата и односот кон потрошувачите, а не со газење на правата на човекот и други закони, со примена на гола сила, да се бара спас за состојбата во која се наоѓа.
Ве молам, во рокот предвиден со член 9 од Законот да одговорите на овој мој предлог.

Во Скопје, 23. 04. 2012. Потпис на предлагачот,
 
^X^

Член од
22 декември 2007
Мислења
1.457
Поени од реакции
376
.................................
Другар, ова ти е џабе труд, ако сакаш нешто да постигнеш подобро пишувај и дирекно на владата, што не значи дека и таму нешто би постигнал, но за РКЕ сум сигурен.

РКЕ т.е. Регулаторна комисија е исто како да и се обраќаш на Топлификација, таа ги штитела и ги штити интересите на Топлификација, Топлификација има одамна инвестирано во тие луѓе кои што се во РКЕ, преку вработување на нивни синови и слично, поврзани се како црева, сигурно и ги потплатува, за жал така функционираат работите кај нас.
 
Најверојатно си во право - Регулаторна и јас ја сметам како „ подружница “ на Топлификација. Но мораме со сите сили да се бориме. Бидејќи тие ќе донесат одлука и Топлификација ќе почне да доставува сметки и да наплатува со извршители.
Ако направиме повеќе стотини вакви предлози, ќе можеме пред Уставниот суд и пред Стразбур да речеме - еве ги предупредивме и ги молевме, а тие сепак ги кршат правата на човекот.
А за Владата..., ќе се обидам подоцна и таму. Регулаторна според Законот за енергетика е независен орган избран од Собранието. И за да напишам нешто до Владата, повеќе вакви предлози ќе ми помогнат иако, Владата нема надлежност за ова, но сепак подоцна ќе се обидам..
 
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Десетина дена... Кога пишувам внимавам на секој збор, а и веќе сум подостарен, а морав да најдам податоци...
Овој предлог има за цел да можам да докажам дека сум барал и сум ги молел да не донесуваат такви одредби со кој ќе наметнат плаќање на 50%.
Тие најверојатно ќе усвојат да плаќаме 50% и тоа ќе го објават дури во септември за да не стават пред свршен чин. Затоа треба добро да се подготвиме за да веднаш нападнеме преку Редовниот суд, Уставниот суд и Стразбур и Женева.
Оваков предлог, да не се воведуваа 50 %, било добро да што повеќе граѓани поднесат.
Деновиве ќе напишам сличен предлог само многу пократок кој секој ќе може да го копира и поднесе. И во септември, ќе ги собереме сите тие предлози и ќе одпочнеме контраофанзива.
Да беа повеќе граѓани на оваа држава како тебе сега ке бевме Словенија, секоја чест друже иако несум од Скопје ги знам проблемите во врска со топлификација и ти посакувам голем успех во иницијативата!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Да беа повеќе граѓани на оваа држава како тебе сега ке бевме Словенија, секоја чест друже иако несум од Скопје ги знам проблемите во врска со топлификација и ти посакувам голем успех во иницијативата!
Нема подобар народ, од нашиот Народ...
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Ништо нема по весниците за 50%....
Се мислам, дали да напишам предлог до Советот на Скопје, целосно да ја избрка Топлификација од Градот. Во сите, сега затворени фабрики, МЗТ, ОХИС, Хемтекс, Каросерија постојат, големи котларници. И ако тие се активираат Топлификација ќе остане без работа. Па потоа, без нас, нека прават планови за 50%.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom