Eве многу скратена верзија од мојот предлог што го ставив во пост # 167.
Добро би било да што повеќе граѓани поднесат ваков или сличен предлог. Можеби со тоа ќе ги убедиме да не донесат 50%, а секако корисно ќе ни послужи во постапка пред Уставен суд, Стразбур и др..
Кој сака може да го ископира, да стави свое име и адреса или да го измени или надополни . Се поднесува во РКЕ ( дирекција на Пелагонија на 4 спрат ), не се плаќа ништо, се носат два примероци. Не мора лично да се однесе, значи можат да се достават и повеќе предлози одеднаш, од пријатели, комшии, за да имаме повеќе предлози.
-------
До Регулаторна комисија за енергетика на Република Македонија,Скопје
Oд Смрт за зони и пајак возила
Ул. Форум „ Кајгана “, Скопје
Предмет: Предлог од граѓанин
Според член 24 од Уставот на Република Македонија и член 2 од Законот за постапување по представки и предлози ( Службен весник на Република Македонија број 82/08 ), предлагам:
1. РКЕ, во подзаконските акти што се во нејзина надлежност, да не предвидува одредби со кои ќе се наложи да граѓаните кои се исклучиле или во иднина ќе се исклучат од системот за греење на АД Топлификација, или други системи за далечинско греење, да плаќаат 50% или друг износ, според некакви, словенечки, германски или бугарски „ модели “, на АД Топлификацијаили на било кој друг, бидејќи со такви одредби ќе се повредат моите основни човекови права што ги имам како човек и граѓанин и кои ми се гарантирани со Уставот на Република Македонија,Eвропска конвенција за заштита на правата на човекот и основните слободи и Меѓународниот пакт за граѓански и политички права.
2. Во случај да РКЕ, сепак сака да, во подзаконските акти, внесе одредби со ваква содржина, предлагам да го тоа стори веднаш, а не дури во септември 2012., како што изјави Председателот на РКЕ Г – дин Димитар Петров, за да можам благовремено, пред почетокот на грејната сезона, да покренам постапка, пред домашните и меѓународните институции, за заштита на моите основни човекови права и слободи што ги имам како човек и граѓанин.
АД Топлификација со наметнување екстемно високи цени, некакво „ мерење “, „ методологии “, чудни и неразбирливи формули по кои се врши пресметката, бедна услуга, лош однос кон потрошувачите, сама се доведе во ситуација да повеќе од четвртина од потрошувачите се исклучени. Ако РКЕ сака да ја спаси АД Топлификација од пропаста, треба да и препорача драстично да ги намали цените, подобри квалитетот на услугата и односот кон потрошувачите, а не со газење на правата на човекот и други закони, со примена на гола сила, да се бара спас за состојбата во која се наоѓа.
Ве молам, во рокот предвиден со член 9 од Законот да одговорите на овој мој предлог.
Во Скопје, 23. 04. 2012. Потпис на предлагачот,