По веќе 6 години играње на менаџериве, имам неколку "непишани" закони, што барем мене, ми се случуваат често:
- Втората сезона ти е најтешка и мораш да губиш некој натпревар - иако играш со Реал Мадрид а противник ти е Кастиља.
- Даваш 3 гола од 3 шанси на полувреме каде што не примаш гол - завршува 3-3 на крај.
- Ти исклучуваат со црвен картон играч од нападот - огромна дупка во одбраната.
- Нападот е најдобра одбрана, во FM е буквално. Браниш резултат со одбрамбена филозофија - другите прават 10 шанси во 5 минути. Правиш напаѓачка формација - времето од 20 минути минува без ниту една шанса.
- Колку и да нудиш висока плата на некој играч, играчите често одат во друг клуб за многу помала плата, без никакво логично објаснување.
- Клубовите нуди пари за играчи и по 70 милиони евра. Го превземаш тој клуб одма и имаш буџет од 5 милиони.
- Иако имаш најдобра академија и најдобар recruitment у свет, сепак четири третолигашки клубови имаат по еден Меси во младинскиот клуб а ти имаш еден Бонера.
- Освојуваш 3 сезони по ред триплете и со тоа стануваш легенда во клубот. Дебитант прави 2 асистенции во првиот натпревар - станува омилена личност.
А сега за интересните ситуации.
- Бразил, Франција и Холандија имаат најдобри регени но Белгија и Швајцарија играат во финалето на СП 2018.
- Меѓуетничките односи во Македонија се одлични, каде што меѓуетничките бракови се секојдневие а сите знаат Бугарски и Српски.
- Милано Куманово е македонскиот Манчестер Сити, според буџетот.
- По 6 сезони, најдобриот младински играч потекнува од земја за која прв пат слушаш дека се игра фудбал, дури и на мали голчиња.
- Синдромот наречен "Најсмотаниот е голман", кој владее по маалските терени, по неколку години се префрлува на светските терени и ги снемува добрите голмани.