Македонија - внатрешни случувања (генерална дискусија)

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.089
Поени од реакции
1.257
Датум: 22.04.2012, 12:26

Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа


Според првичните информации, крстовите на околу 30 гроба биле извадени, скршени и донесени во дворот на црквата Свети Никола, јави Канал 5.
Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Засега непознати сторители ги извадиле надгробните крстови од околу 30 гроба, ги искршиле и ги пренеле во дворот на црквата Свети Никола. Полицијата врши увид.

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=BE2FC66601E3EC4BB33D9925ABCFE99C
Плус

ИВЗ со предупредувачко писмо до Владата


петок, 20 април 2012, 21:32



Во дописот се бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради



Исламската верска заедница испрати предупредувачко писмо до Владата во кое бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради.

Во текстот, потпишан од Реисот Сулејман ефенди Реџепи не се согласува повторно да се изгради, како што вели „милитантниот споменик на српскиот окупатор“ на локацијата на поранешната Бурмали Џамија.

„Со овој наш писмен допис сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за
меѓуетничките и меѓу кофесионалните односи.

Се надеваме дека разумот ќе надвладее и ќе ја прекинете оваа ѓаволска игра.“- се вели во дел од писмото на Реисот до Владата, министерството за транспорт, Градот Скопје и општина Центар.

Писмото на ИВЗ е реакција откако министерот за транспорт Јанакиевски потврди дека се издадени сите дозволи потребни за обнова на објектот.

Инвеститор е грчкиот бизнисмен Кондоминас кој пред една година ја купи парцелата и за Офицерски и соседната за Хотел на плоштадот. Со купувањето на земјиштето тој презеде обврска по изградбата на објектите, дел од Офицерски да го врати на државата за во него да биде сместена градската куќа и матичната служба.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4979

:гомце::гомце::tapp:

До кога бре со овие закани и уцени?
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
31.115
Поени од реакции
75.018
Кое лциемерие и ароганција човече.
Не прават слепи и глупави. Така по дома да се лажете, да ви ебам религиозните фанатици.
Освесетесе бе мортуси, не е веќе 5-ти век алоооооо!
 
Член од
8 декември 2010
Мислења
511
Поени од реакции
131
Верувам дека исто така клетите каури ги зачистија гробиштата од крстови и ги трупнаа у двор на црквата?
Исто самите си ја запалија црквата во Мала Речица, а богами и сите цркви кои беа сквернавени и опљачкани, веројатно каурите сами си го направиле тоа...:tapp:
Па дури ни вие не верувате самите во тоа.

Веројатно, според вас, и ние самите си ги убивме децата на Велики Петок....

Невидена ароганција е кога џелатот ја обвинува жртвата, на која штотуку и ја исекол главата, дека сама си го направила тоа.



Инаку, имаше изјави од свештеникот кој дошол на лице место, а исти беа и изјавите на пожарникарите, дека потпалувачите всушност и ја спречуваа пожарната да гаси.
ne me interesira za mala recica mene me interesira za kaj mene doma ja bev celo vreme koga crkvata se gasnese nikoj ne gi sprecuvase samo ti kazuvam deka bea izvikuvani paroli drugo nisto a ti misli so sakas tvoe pravo
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.542
Поени од реакции
85.084
ne me interesira za mala recica mene me interesira za kaj mene doma ja bev celo vreme koga crkvata se gasnese nikoj ne gi sprecuvase samo ti kazuvam deka bea izvikuvani paroli drugo nisto a ti misli so sakas tvoe pravo
Ти беше дома и точно знаеш дека пожарникарите лажат, кога велат дека групи ја попречуваа и скршнуваа пожарната за да не стигне до црквата.
--- надополнето: 22 април 2012 во 17:56 ---
Кое лциемерие и ароганција човече.
Не прават слепи и глупави. Така по дома да се лажете, да ви ебам религиозните фанатици.
Освесетесе бе мортуси, не е веќе 5-ти век алоооооо!
Грешка си.
Ние треба да се освестиме. Да не се залажуваме со кој си имаме работа.
Ќе продолжат да палат цркви и да сквернават гробишта, да тепаат деца... А се кладам дека ќе има и повторно масакр.
Нема да се смират се додека каурите не ги снема.
Тоа е факт и сите настани, кои ни ги приредија од почетоков на годината тоа го покажуваат.
--- надополнето: 22 април 2012 во 17:58 ---
Плус
До кога бре со овие закани и уцени?
Дур Скопје не го направат како Ријад - цркви нема, а ако случајно те фатат дека се молиш дома, ти влегуваат и те апсат.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Плус

ИВЗ со предупредувачко писмо до Владата


петок, 20 април 2012, 21:32



Во дописот се бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради



Исламската верска заедница испрати предупредувачко писмо до Владата во кое бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради.

Во текстот, потпишан од Реисот Сулејман ефенди Реџепи не се согласува повторно да се изгради, како што вели „милитантниот споменик на српскиот окупатор“ на локацијата на поранешната Бурмали Џамија.

„Со овој наш писмен допис сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за
меѓуетничките и меѓу кофесионалните односи.

Се надеваме дека разумот ќе надвладее и ќе ја прекинете оваа ѓаволска игра.“- се вели во дел од писмото на Реисот до Владата, министерството за транспорт, Градот Скопје и општина Центар.

Писмото на ИВЗ е реакција откако министерот за транспорт Јанакиевски потврди дека се издадени сите дозволи потребни за обнова на објектот.

Инвеститор е грчкиот бизнисмен Кондоминас кој пред една година ја купи парцелата и за Офицерски и соседната за Хотел на плоштадот. Со купувањето на земјиштето тој презеде обврска по изградбата на објектите, дел од Офицерски да го врати на државата за во него да биде сместена градската куќа и матичната служба.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4979

:гомце::гомце::tapp:

До кога бре со овие закани и уцени?


tokmu ovoj nastan moze da se povrze so poslednite obidi za skvernavenje na sveti objekti kaj pravoslavieto !!!
 
Член од
15 април 2012
Мислења
341
Поени од реакции
642
Ти беше дома и точно знаеш дека пожарникарите лажат, кога велат дека групи ја попречуваа и скршнуваа пожарната за да не стигне до црквата.
--- надополнето: 22 април 2012 во 17:56 ---

Грешка си.
Ние треба да се освестиме. Да не се залажуваме со кој си имаме работа.
Ќе продолжат да палат цркви и да сквернават гробишта, да тепаат деца... А се кладам дека ќе има и повторно масакр.
Нема да се смират се додека каурите не ги снема.
Тоа е факт и сите настани, кои ни ги приредија од почетоков на годината тоа го покажуваат.
--- надополнето: 22 април 2012 во 17:58 ---

Дур Скопје не го направат како Ријад - цркви нема, а ако случајно те фатат дека се молиш дома, ти влегуваат и те апсат.
А ти си нацрта ли срценце на образ?
Џабе, гледаш дека само тие што ги разбираме работите и пореално гледаме, само ние коментираме и како другиве веќе да заборавија.. тоа е. Како и со тепачките, како и со масакрите (па уште глупачи викаат „еј 2001? па тоа е ПРЕД 11 години, па што има врска што масакрирале/силувал цивили, што има везе, поминало..„)
По таа „логика„, се поминува.. децава ги убија? еј па што има везе, пред 10 дена беше, помина веќе, нема што да правиме..џабе. И тоа најкурвинската пропаганда „добро е, не се масакрирани„.. како демек ОК е, ги убија, ама најважно е што не се масакрирани. Абе ЛУДА ДРЖАВА, ЛУД НАРОД..

А кога видов колку ЛАЈК стиснале на тоа со срценцата..сфаќам дека живееме тука во Македонија, со поданички, мизерен народ.. не може ништо да се направи..
Ме убива што го кажувам ова, ама тоа е вистината.
На волку настани, факти, податоци да се прават пак луди, ама она СТВАРНО луди, т.е. ментално заболени, попрво би верувале дека срби биле убијците, а после тоа и дека ЦИА режирала се тука.. сите албанци од ЦИА се регрутирани..
и си веруваат во тоа еј, знаеш ли дека стварно си веруваат? Нема опоравување овој народ, барем не сега, не во 2012..
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.542
Поени од реакции
85.084
Ова со пљачкањето цркви вчера во Тетово и Кичево, плус вадењето на крстовите од гробиштата во Лабуништа (и нивно фрлање во дворот на црквата), се пораки до каурите, официјално изнесени во заканите од ИВЗ.
Ако се потврди и шпекулацијата за муџахединскиот карактер на велигденската честитка од Радишани, тогаш, во контекст на палењата и сквернавењата на црквите во зап. Македонија, на почетоков од годината, ќе ја имаме комплетната слика за за џихадот во Македонија.



Вандализам на православните гробишта во Лабуништа - искршени триесетина крстови

Нов вандализам во струшко Лабуништа. Овој пат непознати вандали искршиле 30-тина крстови од православните гробишта.

Вандалите ноќеска од гробовите ги извадиле дрвените крстови и ги однеле пред црквата „Свети Никола“.

Таму еден по еден сите ги искршиле. За грозоморниот чин до попладнето незнаеше надлежниот Митрополит дебарско-кичевски Тимотеј. Рече дека никој не го известил за уништувањето на обележјата. Ништо не знае ниту премиерот Груевски.

"...тко шта зна, нитко ништа не зна, крхко је знање..."




Сакам да го прашам no.one, кој е од херојското Лабуништа, дали некој ги виде каурите кои сами си ги искршиле крстовите на сопствените гробишта?
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Плус

ИВЗ со предупредувачко писмо до Владата


петок, 20 април 2012, 21:32



Во дописот се бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради



Исламската верска заедница испрати предупредувачко писмо до Владата во кое бара Офицерскиот дом на плоштадот да не се гради.

Во текстот, потпишан од Реисот Сулејман ефенди Реџепи не се согласува повторно да се изгради, како што вели „милитантниот споменик на српскиот окупатор“ на локацијата на поранешната Бурмали Џамија.

„Со овој наш писмен допис сериозно ве предупредуваме доколку постои било каква градба врз темелите на Бурмали Џамија, последиците од Вашиот нечовечки однос ќе ги сносите Вие кои донесувате таква одлука во време кое е мошне чуствително за
меѓуетничките и меѓу кофесионалните односи.

Се надеваме дека разумот ќе надвладее и ќе ја прекинете оваа ѓаволска игра.“- се вели во дел од писмото на Реисот до Владата, министерството за транспорт, Градот Скопје и општина Центар.

Писмото на ИВЗ е реакција откако министерот за транспорт Јанакиевски потврди дека се издадени сите дозволи потребни за обнова на објектот.

Инвеститор е грчкиот бизнисмен Кондоминас кој пред една година ја купи парцелата и за Офицерски и соседната за Хотел на плоштадот. Со купувањето на земјиштето тој презеде обврска по изградбата на објектите, дел од Офицерски да го врати на државата за во него да биде сместена градската куќа и матичната служба.

http://www.novamakedonija.com.mk/DetalNewsInstant.asp?vestInstant=4979

:гомце::гомце::tapp:

До кога бре со овие закани и уцени?
ИВЗ да ми го љуљне.. Како ја градеа Араста Џамија во Чаршија?
Според закон некој од 19ХХ според кој ЗА ОБЈЕКТИ УРНАТИ ОД ЗЕМЈОТРЕСОТ НЕ ТРЕБА ДА СЕ БАРА ДОЗВОЛА ЗА НИВНА ПОВТОРНА ИЗГРАДБА ТУКУ МОЖАТ ОДМА ДА ГРАДАТ..
Патем еве ги гнидиве потурчени..
Осквернавени христијанските гробишта во Лабуништа

(Обновено во 14:30)Осквернавени се христијанските гробишта во струшкото село Лабуништа. Утрото питропот во црквата Свети Никола наишол на расфрлани и демолирани дрвени крстови, кандила и надгробни слики од околните гробишта.

Материјалната штета е минимална, но овој вандалски и морбиден чин ги повредува чувствата на христијаните, истакна старешината на црквата - отец Ристо Наумоски.



– Ова е духовно нарушување на нештата. Имаме емоционална и душевна болка затоа што светото некој да ти го руши не е добро, вели отец Наумоски.



Христијанските гробишта во село Лабуништа се во рамки на црквата Свети Никола, која пред неколку месеци беше на удар на вандалите. Утрово беа искршени дрвените крстови на сите гробови.



Во Лабуништа состојбата е стабилна, треба да се казни ваквото однесување на поединци, кои сакаат да го разнишаат вековниот соживот - порачаа од црковниот одбор.



- Советот до моите православни верници е да останат мирни, трпеливи, да не наседнуваат на провокации зошто господ Исус Христос е силата, порача Наумоски.



Полицијата денеска изврши увид на лице место. Земени се материјали и се трага по вандалите. Ова е втор инцидент во црквата Свети Никола годинава. Таа беше опожарена кога беа протестите на муслиманското население против Вевчанскиот карневал.



Соња Рилковска


Српскиот окупатор, среќа Турците беа тука па дуовно непросветлија и ни ги прочистија нашите грешни души..









Еве најдов:
Иако од самоволното уривање на остатоците на старата џамија поминаа повеќе недели, Управата за заштита на културно наследство и Општина Чаир не презедоа никакви мерки за да се спречи бесправната градба. ИВЗ се повика на Законот според кој за објектите што се уништени од природни непогоди или војни, верските заедници не се должни дури ни формално да обезбедат градежна дозвола. Оваа верска заедница го обвини Шехаби дека „повеќе се грижел за цркви, отколку џамии“. (Б.Ѓ.)
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Обновено: Осквернавени крстови од православните гробишта во Лабуништа

Триесетина дрвени крстови од православните гробишта во Лабуништа се искршени изминатата ноќ.​

Како што информираат од СВР Охрид, непознати сторители ноќеска ги извадиле дрвените крстови од триесетина гробни места, ги донеле пред црквата „Св. Никола“ и таму ги искршиле.


Полицијата изврши увид на местото на настанот и трага по сторителите на овој вандалски чин.

Отец Ристо Наумоски, старешина во црквата Св. Никола, изјави дека утрово добил дојава од свештенослужителите за немилиот настан, кој, како што рече заслужува секаква осуда.
-Сликата беше непријатна, можам да кажам морбидна. Дрвените крстови од гробовите беа расфрлани наоколу, а дел најдовме и надвор од црквата. Која е позадината и намерата, ќе покаже времето, но треба да ги оставиме надлежните институции да го расветлат случајот, рече отец Наумоски.
Тој истакна дека материјалната штета не е голема, но причинета е духовна болка на православните верници, затоа што се работи за свето место. Отец Наумоски подвлече дека соживотот во Лабуништа е добар и затоа институциите треба што поскоро да ги најдат сторителите на овој вандалски чин.
- Господ Исус Христос е љубов и љубовта треба да ја негуваме, почитуваме и да ја искажуваме сите, ни Мухамед не рекол да се осквернави нешто, да се пали, треба да имаме соживот сите. Ги советувам моите православни верници да останат мирни и да не наседнуваат на провокации, рече отец Наумоски.
Кој не сака соживот во Лабуништа?​
На почетокот на годинава црквата „Св. Никола“ исто така беше мета на вандали кои ги опожарија помошните простории од објектот, но благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица од Струга и присебноста на дел од локалните жители црквата беше спасена.
 
Член од
14 август 2006
Мислења
45.542
Поени од реакции
85.084
Кој не сака соживот во Лабуништа?​
На почетокот на годинава црквата „Св. Никола“ исто така беше мета на вандали кои ги опожарија помошните простории од објектот, но благодарение на брзата интервенција на противпожарната единица од Струга и присебноста на дел од локалните жители црквата беше спасена.
Станува збор за 2 (две) фамилии од Лабуништа, кои помагаа во гаснењето. Со презиме се знаат кои се.
Другите... знаеме што правеа (скандираа - Смрт за Кури, како што и кажа лабуништанецон горе).
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.619
Поени од реакции
2.140
Доста се фалите и си ги мерите бре, кога ќе дојде војната, пушката во раце и преку Вардар. Ако само 10 % од партиски вработените од оваа влада се фатат за оружје нема од што да се плашиме. Ама по се изгледа, како Гадафи, ќе треба платеници од надвор да носиме овдека, оти 90 % од сите овдешни "патриоти", силни на зборови, членови и потрчковци, на нели, најпатриотската партија во МК добро ќе ги искористат своите бугарски пасоши и ќе фатат магла од овде уште во првата недела од војната...

Ова му е повеќе од јасно на нашиот премиер. Одржувањето на меѓуетничкиот мир е поважно за владата сега, оти реално, Македонија во моментов не може да си дозволи војна. За тоа нема доволно ниту финансии, ниту пак морал кај македонската страна. Секој евентуален воен конфликт во моментов ќе заврши не со победа, туку со анархија, беззаконие и сл, едноставно колапс на институциите, па дури може и на државата...

Ова не мора да значи дека албанците ќе победат, туку цела тензија што е собрана кај Македонците ( 20 години сиромаштија, невработеност, разни фрустрации околу идентитетот и сл. ) ќе излезе на површина и ќе се случи нешто слично на граѓанска војна, како во арапските земји.

Поради тоа, сега најважно на оваа владеечка гарнитура и е да се зачува мирот и внатре во коалицијата, а и во цела држава. Поради ова верувам дека овие пет убиства ќе се проголтаат и ќе се стават под тепих. Веќе се случува тоа, на телевизиите си е се по старо, весниците пишуваат која звезда од естрадата колку милилитри силикон ставила во градите и сл. :tapp:

Едноставно никој нема да биде осуден за убиствата, барем не некој од оние вистинските.

Ги жалам само семејствата на убиените...
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.177
Поени од реакции
4.133
Луѓе ако некој провоцира меѓурелигиски и меѓуетнички конфликт во Мк,тоа значи дека внатре во земјава има основа за такво нешто.Каков соживот,каква меѓуетничка хармонија.Прашајте ги Македонците како им е во доминантно албанските средини(посебно Тетово и Чаир).
Проблемот со нас Македонците е што сакаме да бидеме јагниња во средина опкружена со волци и хиени.
Само оваа состојба не е од вчера.Ова се собира децении наназад.Од османлиско време преку војните на 20-век па се до "братството и единството на Маршалот".
Луѓе аман ,Скопје на пописот во 53-та има 3000 Албанци.Денес преку 100 000.Па нема наталитет на светов кој може да направи толкава бројка.Се е тоа од Косово доселени и тие се најголем проблем денеска.Ако се надодадат и Вахабитите во денешно време ,многу е заебана работава.
 

Tемјан

the Kingslayer
Член од
19 мај 2011
Мислења
691
Поени од реакции
1.141
Поради тоа, сега најважно на оваа владеечка гарнитура и е да се зачува мирот и внатре во коалицијата, а и во цела држава. Поради ова верувам дека овие пет убиства ќе се проголтаат и ќе се стават под тепих. Веќе се случува тоа, на телевизиите си е се по старо, весниците пишуваат која звезда од естрадата колку милилитри силикон ставила во градите и сл. :tapp:
Едноставно никој нема да биде осуден за убиствата, барем не некој од оние вистинските.
Ги жалам само семејствата на убиените...
Политичкиот врв на ВМРО+СДСМ секојдневно им вика на својата раскрекана младина да се смират, да не пишуваат статуси на ФБ и по форуми, да седат мирни, а од друга страна се повеќе се зголемува притисокот од светската јавност и кај нашиве терористички настроени шиптaри. Да не се бугариве и србиве веке ке заборавевме дека се случило убиство. Сега гледам на ТВ. Бугарија ја советува Македонија да направи територијална поделба за сите да бидат задоволни и да се смират страстите кај шиптaрите. Сите нешто не советуваат, сите со лицемерие и со иронија, а највеќе со заебанција зборуваат за нас. Партииве како што се ВМРО+СДСМ дојдоа до тој степен, народот да си ја замрази државава поради нив.
Еден земјотрес од 10 рихтера и 24 часа да ја тресе државава, сите да не снема... И после да дојдат Руси да се населат тука.
 
S

Shellshock nam67

Гостин
Убиството кај Смиљковци е голема трагедија за нашата земја, но сепак тоа е акција каква што многу тешко може да се открие и да се спречи. Такви настани се случувале и во многу поорганизирани земји, па затоа не можеме да зборуваме за некаков пропуст на безбедносните служби, согласни се повеќето професори од областа на безбедноста


Зошто се случи? Можеше ли да се спречи? Што ќе биде отсега? Ова се главните прашања што јавноста си ги поставува по грозоморното петкратно убиство кај Смиљковско Езерце. Почнува веќе десеттиот ден откако целата земја беше шокирана од крвавиот настан. Во меѓувреме, единствено што е сигурно е дека овој настан стана безбедносно прашање, сите зборуваат за тензии, за атмосфера на страв и за кревок мир. Поради тоа, одговорите на најчесто поставуваните прашања ги побаравме од неколку безбедносни експерти, професори од оваа област, кои се обидоа да ги образложат причините, поводот, но и последиците од масакрот.

ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈАТА - ОСНОВНА ЦЕЛ

Експертите се согласни дека главната цел на извршителите на убиството е дестабилизацијата на Република Македонија. Ако го заклучиме тоа, она што треба отсега да се утврди е кому и зошто му е потребна таа нестабилна состојба во нашата земја.
- Целта е исклучиво дестабилизација на државава, односно да не продолжи подобрувањето на меѓуетничките односи во неа преку економскиот напредок. Можеме да видиме што се случува сега - целиот државен врв и воопшто сѐ во општеството е насочено кон овој случај, наместо кон политиките за економски, политички и друг развој - вели професорот Стојан Кузев.
Поранешниот разузнавач Злате Димовски, сега исто така универзитетски професор, сепак е порезервиран. Нагласува дека на случајот треба уште многу да се работи, имајќи предвид дека не се знаат мотивите за убиството, не се познати профилите на убијците, па дури и на жртвите, сѐ уште се работи на собирање докази итн. Според тоа, тој не е ниту сигурен дека станува збор за терористички напад.
- Не можам да тврдам дека ова убиство е напад што има одредена цел, да пренесе порака. Но мислам дека не е терористички чин. Напротив, сите индикации упатуваат во сосема друг правец. Ниту една терористичка организација, ако беше таков чин, досега не ја презеде одговорноста за овој случај. Ако беше дело на некоја новоформирана групација, таа ќе сакаше преку јавноста да се етаблира, а тоа во нашиот случај не беше сторено - појаснува Димовски.


Не е важно дали настанот е политички мотивиран или не, туку дека е насочен кон дестабилизација на земјата, дециден е професорот Стојан Славески.
- Тоа може да го направи само оној кому не му одговара стабилна Македонија. Иста ситуација беше и со атентатот на претседателот Киро Глигоров. Според сѐ што досега се знае како информација што се случило во Смиљковци, сметам дека целта не е тесно политичко дестабилизирање на Македонија. Веројатно станува збор за пошироки размери - вели Славески.
Универзитетската професорка Фросина Ременски, пак, порачува граѓаните да не се водат од разните шпекулации околу мотивите за убиството, кои ги пренесуваат многу медиуми.
- Мислам дека е премногу наивно да се размислува дали убиството било извршено на верски празник за да биде испратена некаква директна порака до пошироките маси. Колку што знам, убијците не се ниту христијани ниту муслимани, бидејќи ниеден верник не може да изврши такво злосторство врз недолжни деца. Тоа може да биде дело само на неверник и безбожник - истакнува таа.

НЕВОЗМОЖНО ДА СЕ ПРЕДВИДИ

Меѓу другите прашања што се отворија беше и тоа дали македонските безбедносни служби затаија, дали не си ја завршија работата, што доведе до таков масакр. Експертите се поделени по ова прашање, но повеќето нагласуваат дека не е можно сѐ да се спречи.
- Криминалистичката аналитика покажала дека интервенции од помал обем, особено оние зад кои стојат професионални структури, тешко може да се спречат. Терористите на располагање имаат толку многу техники и тактики што е едноставно невозможно сѐ да се предвиди. Практиката покажува дека и многу посилни и поорганизирани држави се соочуваат со терористички напади како овој. Ова е голема трагедија, но како акција има мал обем и затоа е тешко да се спречи - вели професорот Кузев.
За Славески, ако зад убиството во Смиљковци стои организирана сила и ако таа е раководена од странска држава, тогаш може да кажеме дека службите затаиле.
- Но за да се потврди ваквата теза пред сѐ мора да се расчисти кој стои зад нападот, кои се убијците, за кои цели го направиле тоа. Ако се утврди дека убиството е терористички чин, тогаш македонските безбедносни служби ќе треба да кажат што точно се случило - истакна тој.
Ниедна држава не може да влезе во главите на луѓето, ниту да им вметне забрана да извршат криминални чинови, вклучувајќи ги и тие од најтежок вид, нагласува Злате Димовски.
- Со оглед на тоа како и каде се случи чинот, никој не можеше да го превенира. Вакви трагедии, дури и од поголеми размери, се случуваат на поголеми и помоќни држави од нас. Таков беше на пример добро познатиот случај со Андерс Брејвик. Кој можеше да претпостави дека во одреден момент без никаква провокација некоја индивидуа како него ќе убие толку невини луѓе - објаснува професорот Димовски.

САМО ТРЕЗВЕНО

За разлика од Димовски, професорката Ременски нема дилеми за терористичката димензија. Според неа, сакале ние да признаеме или не, убиството ги предизвика сите елементи на терористички чин.
- Убијците предизвикаа страв и паника кај населението, недоверба во институциите и меѓуетничка нетолеранција. Тоа можеше да се види на понеделничките протести на навивачките групи, кои извикуваа грди пароли насочени кон другите етникуми - објаснува професорката.
Таа смета дека со убиството се удри во темелите на Македонија, во добрите меѓуетнички односи и толеранција. Токму затоа ова е директна атака на системот, кој треба да биде силен за да се одбрани од овој напад.
Професорката порачува дека во иднина ќе мора да се работи на подобрување на овие и онака кревки темели, за да се анулира растревожената состојба на нашето општество.
Според сите информации што ни се достапни досега, убиец или убијци би можеле да бидат сите што се наоѓале во земјава, вели Димовски.
- Многу е логично дури и да се претпостави дека тие можеби по убиството заминале надвор од границите, па според тоа би било неблагодарно да се обвинува дека потенцијалните сторители се од една или од друга националност. Сепак, судејќи според изјавите што ги даваат политичарите, ништо посебно нема да се смени во иднина на планот на безбедноста. Зголеменото присуство на полицијата ќе го гледаме насекаде сѐ до моментот кога оваа ситуација ќе стивне и кога ќе се реши случајот - додава тој.
По убиството во Смиљковци веројатно ќе има затегнување на меѓуетничките односи, но тие нема да бидат од толкави размери за да бидеме премногу загрижени, смета професорот Славески.
- Не треба да се плашиме дека сега ќе се случи којзнае што или дека меѓуетничките односи ќе ескалираат. Никој не би требало да му дава таков контекст на случајот. Секако дека тоа што се случи е значајно, но сепак не верувам дека ќе има којзнае каков пресврт во секојдневието. Во безбедносна смисла, убиството во Смиљковци е од помала димензија - истакнува Славески.
Дополнителен проблем во овој случај, вели Кузев, е што дојде по други настани што ги разнишаа меѓуетничките односи, но тој нагласува дека ова може да ја промени земјава само ако сите ние го дозволиме тоа.
- Не може да донесе никакви промени на подобро, тоа е сигурно. Негативни импликации може да има, бидејќи колку и да се трудиме да им дадеме на убијците име и презиме, тие сепак ќе имаат некаква етничка или друга припадност, и тоа ќе создаде недоверба меѓу луѓето. Секако, тука се и стравот и несигурноста, кои завладеаја. Ако ова е последен настан од ваков тип, таа ќе исчезне, но на него му претходеа тепачките во автобуси и други случаи. Затоа, ако сето ова не заврши, и таа психоза ќе потрае - објасни тој.
--- надополнето: 22 април 2012 во 19:27 ---
Првиот пат, на 192, случајот не бил пријавен како убиство. Околу 22.15 се јавил човек што на полицајците им рекол дека видел луѓе како лежат во близината на езерото, дека можеби се пијани и им треба помош. Петнаесетина минути подоцна бил регистриран вториот телефонски повик


Најмалку три лица пукале во петтемина кај Железарско Езеро и сѐ завршило многу брзо, за 5-10 минути. Пронајдени се и траги во темноцрвениот „опел омега“ што бил оставен во близината на местото на настанот, кои во моментот се анализираат и истражуваат, информираат од Министерството за внатрешни работи. Тие, велат, можеле да ги одведат до злосторниците. За помошта, пак, што била понудена од странски разузнавачки служби, брифираат дека, и покрај многуте најави, од никого не добиле ништо конкретно, туку дека засега сѐ било само декларативно, на зборови.
Истражителите досега креирале неколку сценарија за можните траси по кои се движеле убијците пред и по направеното злосторство и прегледувале снимки од неколку безбедносни камери, но во интерес на истрагата не откриваат детали.
По извршената реконструкција и собраните докази утврдено е дека убиството се случило околу 20 часот, во четвртокот, на 12 април. Првиот пат, на 192, случајот не бил пријавен како убиство. Околу 22.15 часот во Дежурниот оперативен центар (ДОЦ) се јавил човек што на полицајците им рекол дека видел луѓе како лежат во близината на езерото и дека полицијата можеби треба да провери за што станува збор. Им рекол дека можеби се пијани и им треба помош.
Петнаесетина минути подоцна бил регистриран вториот телефонски повик. Тројца рибари налетале на телата на момчињата и веднаш се јавиле на 192 и ги информирале во ДОЦ дека станува збор за убиство.
Претпоставките се дека Цветко, Филип, Александар и Кире се подготвувале да си заминат дома, бидејќи нивните тела не биле најдени до водата, а и автомобилот бил свртен кон патот што води за Радишани и подготвен за тргнување. Оваа теза, според МВР, е најприфатлива затоа што и трските за риболов и другата опрема што тие ја носеле со себе биле најдени до четворицата застрелани тинејџери.
И автомобилот на петтиот убиен, на Борче Стефковски од Црешево, кој бил на стотина метри подалеку од момчињата, бил со отворен багажник, што наведувало на фактот дека најверојатно и тој поради темницата се подготвувал за да си замине оттаму.
- Полицијата ја знае целата историја на „опелот омега“, но и на „мерцедесот“ од кој биле украдени регистарските таблички и закачени на него и понатаму интензивно работи на расчистување на петкратното убиство што се случи кај Смиљковци. Во континуитет излегуваат нови докази од јавувањата на граѓани и снимки од камери, но тие мора сериозно да се анализираат, а за некои од анализите е потребно повеќе време - посочуваат од Министерството за внатрешни работи
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom