Филм којшто негативно ве изненадил

Член од
19 март 2011
Мислења
1.432
Поени од реакции
2.543
Оваа е прва тема што ја отворам на форумов. Разгледуваав во оваа категорија тука и не најдов слична ваква тема. Доколку сум грешка, модераторите нека ја избришат слободно темава.
Насловот на темата сакав да го ставам Одвратни филмови и сл, но ај да не биде толку нападно, ставив поблаг наслов. Значи тука можете да пишувате за филмови, коишто сте ги гледале прв и последен пат, кои ви се тотално одвратни и нон-сенсе од аспект на тематика, сценарио, режија, глума итн...И кратко образложете зошто сметате така...
Темава нека биде обратна од онаа за предлог за добар филм...
Ќе започнам со следниов филм, кој вчера го гледав на Сител... :facepalm:



Ова е една изветиперена, чукната, бизарна и одвратна приказна за еден 50-годишен, грд и пореметен маж, кој смета дека е жена заробена во машко тело...Типов е оженет и има две големи деца и прекрасна сопруга...
Закажува операција за промена на полот, а меѓувремено прима женски хормони и почнуваат да му растат гради и да добива женски атрибути...Почнува да се облекува како жена, да става женски накит, женски парфеми и да се шминка со тоа што изгледа како стара и грда распуштеница...
Дознаваат сите -најпрво жена му, па децата, па свештеникот во баптистичката црква, колегите негови од работи и на крај сите...И сеа демек како ќе го прифатат...
Со оваа гнаса од филм ќе треба на гледачот да му се сервира дека ваквата појава е нормална и дека да прифатиме ваков лик и да продолжиме нормално да живееме со него...
И на крај краева демек љубовта не исчезнува дури и ако сексот веќе го нема...Точно до негде...Пример со старите брачни парови, или парови кадешто еден од партнерите е болен физиолошки нешто и сл...Но сигурно не е земено предвид вакво нешто... :facepalm:
Филмов не препорачувам да го гледа никој зашто залудно ќе изгуби цели 110 мин...:mad:
 

О|ивер シ

Анти.
Член од
14 октомври 2011
Мислења
1.569
Поени од реакции
3.018
Има многу, ама сега не ми текнуваат затоа што сум ги исклучил по 30 минути гледање ...
Од последниве што ги имам гледано ..
The Courier и Angry Drive .
Не ви ги препорачувам да ги гледате, џабе губење време .
 
S

Sheldon Cooper

Гостин
The 24th day.

Филмов ме разочара. Накратко да објаснам што се дешаваше:
Двајца момчиња се запознаваат у геј бар и одат кај едниот дома. Едниот почнува да го прашува другиов чудни прашања од типот „со колкумина си спиел?“, „дали секогаш си заштитен?“, „дали си се тестирал за ХИВ?“ итн итн. Нормално првиов одрекува и во еден момент здогледува една играчка жаба што му изгледа познато а потоа се присеќа дека веќе бил еднаш во тој стан. Потоа се дешава пресврт, едниов го врзува другиот за стол, му зима крв и му вика дека ако испадне дека е ХИВ позитивен ќе го убие. Другиов е цврсто убеден дека нема шанси да е он ХИВ позитивен. Цел филм е некако мрачен, покажуваат и ретроспекција од минатото т.е испаѓа дека врзаниот тип имал незаштитен однос со другиов пред 5 години а на тој му било првпат. Потоа открил дека е ХИВ позитивен па ја заразил жена му (бил женет) па жена му во шок направила сообраќајка и починала и сега го обвинува типот за тоа. Врзаниов тип има неколку неуспешни обиди да избега но залудно. А, да. Прозорите во станот се заковани со дрво и неможе да се излезе низ нив. На крајот од филмот доаѓа ХИВ позитивниов со резултатот во рака, го одврзува дечкото и му вика „слободен си оди си“. Тој таков самоуверен му вика „нели ти реков хехе“ и после тој му вика „ХИВ позитивен си“. И овој нешо се витка од плачење ова она а филмот завршува како тој другиот ги вади закованите дрва од прозорците - најверојатно со мисла да се фрли али нормално никогаш нема да дознаеме!! :mad:
Ако случајно сакате филмови без хепи енд гледајте го...од 2004 година е
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.665
Поени од реакции
34.114
Ај малце објективност де, минус експлицитноста, шо му фалеше на Српски филм?
Камера, приказна, глума.. имаше се'. Филмот е добар, тебе кога не ти држи стомак незнам зошто си го пуштил на прво место..
 
K

kalimer0

Гостин
Donnie Darko (2001)
Не успеав да се внесам во филмот со тој глупиот зајак :confused: дури и ме фати дремка па не го догледав до крај...
Многу го фалеле на форумов а и оцената на IMDb му е висока. Најверојатно до мене е проблемот, како и да е ме изненади негативно.
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Ај малце објективност де, минус експлицитноста, шо му фалеше на Српски филм?
Камера, приказна, глума.. имаше се'. Филмот е добар, тебе кога не ти држи стомак незнам зошто си го пуштил на прво место..
Не е тоа демек филмот не е ок т.е и имам јако срце и стомак
ама како и да е веќе не го гледам :)
 

energichen

EOTL
Член од
19 септември 2007
Мислења
519
Поени од реакции
75
The New World - филмов траеше 3 саати, јас го гледав 3 дена
Dragonball Evolution - ја упропастија цела франшиза со филмов, тотално промашување
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
The Prestige. :facepalm:
А што одличен си беше филмот пред да се избаци Никола факинг Тесла и целата приказна да се сјебе тотално.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Donnie Darko (2001)
Не успеав да се внесам во филмот со тој глупиот зајак :confused: дури и ме фати дремка па не го догледав до крај...
Многу го фалеле на форумов а и оцената на IMDb му е висока. Најверојатно до мене е проблемот, како и да е ме изненади негативно.
Пробај изгледај ја подолгата верзија со бонус сцени :)
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Пробај изгледај ја подолгата верзија со бонус сцени :)
Не ја гледам повторно таа бљувотина од филм, па уште со бонус сцени.
Еден другар ме напна максимално со тој филм, никогаш повеќе не го прашувам да ми препорача филм.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Не ја гледам повторно таа бљувотина од филм, па уште со бонус сцени.
Еден другар ме напна максимално со тој филм, никогаш повеќе не го прашувам да ми препорача филм.
Може затоа што ти набил високи очекувања со тоа што те напнал :)
 
S

Sagan

Гостин
Негативно изненадени на: филмови со травестити, транссексуалци, гејчиња... интересно...
Donnie Darko (2001)
Не успеав да се внесам во филмот со тој глупиот зајак :confused: дури и ме фати дремка па не го догледав до крај...
Многу го фалеле на форумов а и оцената на IMDb му е висока. Најверојатно до мене е проблемот, како и да е ме изненади негативно.
Забеган е филмот. Има цело окултистичко движење иницирано од него :tapp: Еве објаснување.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
што имате време за филмови гледање,
а времето е пари
а кажувате џабе сте го гледале филмот
ви отишло џабе времето - парите
свртете на книга
 
Член од
23 декември 2011
Мислења
980
Поени од реакции
1.365
Irreversible, не можев oд дома да искочам без да почуствувам мачнина во стомакот. Репулсивен филм.
--- надополнето: 22 април 2012 во 20:39 ---
Негативно изненадени на: филмови со травестити, транссексуалци, гејчиња... интересно...
.
ХАХ! Ме изнасмеа. :LOL:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom