Какви 300 милиони, денари или евра. Не верувам. Да имаше армијата 300 милиони ако мислиш на евра, сеа немаше да носат регрутите и офицерите искинати униформи и да немаат барем 3 пара комплет униформи, да штедат на муниција и проектили за време на вежба и храна за војската, секој на пушките ќе имаше електронски нишан, итн. Оние америчките woodland униформи што ги носат офицерите и генералите се донација од депоата на резервите на Америчката и Турската војска, нешто купено од Миле Драгич од Србија, хамерите и џиповите, се америчка и турска донација, тенковите исто донација од Грција итн. Малце информирај се. Буџетот на АРМ е едвај 10 милиони евра, како што ми имааткажано. Полицијата има неколку пати поголем буџет од армијата, затоа има нови возила (набрзо и нови службени коли), службени и борбени униформи ( со дигитална шара), најмодерни пиштоли и остало најмодерно оружје и воена опрема за специјалните полициски единици, дигитални токи воки (дигитален ТЕТРА систем за кој само тој чини неколку милиони евра), најмодерна опрема за прислушкување и пратење, за безбедносните служби итн.