За работа во фирма што продава бела техника, во случајов нептун, треба да исполнуваш неколку услови од раѓање:
-Да имаш талент за комуникативност, окезен од 6-ка до 6-ка, и со ќеиф ги пречекуваш сите муштерии без разлика што нема да направат промет ниту 1 денар и те фаќа нерва што немаш процент. Мораш со сите да си комуникативен,насмеан весел и позитивен
-Да имаш талент за лажење. Колку шкарт производи се продадени само? КОлку истите ги враќаме по 2 месеци користење? Колку од стартот не чинат? Белата техника последно што излегува знае да биди многу зафркната, без разлика на цената. Секогаш се наоѓа неколку маани или дефекти па ги продаваат кај нас во македонија.
-Да имаш челични нерви. И покрај досадните и ретардирани прашања што ќе ги добиваш од секој тиквар што немал друга работа, па додека чека жена му да пазари штикли, му текнало да прашува за КОНФЈУКТЕРИ, и да те труја, што можи со него да се прави, кој е појак, или мемориските картички “Колку песни собираат“, ти мораш да истрпиш и да им ги одговараш истите прашања, стоејќи од нозе. Седнувањето може да ти биди единствено кога нема ниеден муштерија, без разлика на страшните болки во нозете, секогаш ќе имаш еден шеф што ќе ти вика, не стој оди гледаш има муштерии, иако истите тие ти рекле дека сакаат само да разгледаат, и дека не им е потребна твојата помош.
Нема голема плата, и да има, верувај неисплатлива е за сето тоа стоење на нозе. Сум работел како келнер али неиздржливи се локалите со турбо работа, или пак овие бела-техника маркетите. Премногу досадни фаци знаат да дојдат и да трујаат со секаков вид безвезални прашања, од типот “Зошто е ова“, “Колку мегавати је компјутеро“ , “Кој е компјутер е за фејсбук“,“Кое дивиди чита секакви цд-а“ и други Х прашања, на кои мора да си спремен да даваш одговори и да им држиш мини курсови по ИТ.
Ако работиш во тоа што го спомна горе, канцеларија и не си имал психички и физички умор, тогаш ти си луд ако откажиш. 9.000 се непроценливи со стоењето на нозе во такви продавници.