Колкави плати земаат вработените во маркетите за техничка роба - Нептун?

  • Креатор на темата Креатор на темата Turrican
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
7 март 2009
Мислења
1.228
Поени од реакции
902
Колкава плата земаат продавачите во Нептун-маркетите за техничка роба? Баш ме интересира,бидејќи ме викнаа на интервју и не знам дали да одам(бидејќи веќе работам нешто друго) и поради тоа што работат и во сабота,што мене ми паѓа ептен тешко,да кажам и дека работното место е за во помал град,не за Скопје.Однапред благодарам на искрените одговори!
 
Моментално бараат продавач и над 200 евра не им е платата
 
Колкава плата земаат продавачите во Нептун-маркетите за техничка роба? Баш ме интересира,бидејќи ме викнаа на интервју и не знам дали да одам(бидејќи веќе работам нешто друго) и поради тоа што работат и во сабота,што мене ми паѓа ептен тешко,да кажам и дека работното место е за во помал град,не за Скопје.Однапред благодарам на искрените одговори!
14 000 почетна,за понатака не знам.Информација од прва рака:)
 
јас имам слушано од луѓе што работеле таму дека им е нешто над 200 евра. е сега колу е точен муабетот незнам
 
Прво распрашај се како стојат со условите(продолжено работно време,работа во недела,празници и сл.)...оти на оваа мамка со платата паѓаат сите....ама затоа после паѓаат и од премореност.:)
 
По 2 години можеш да очекуваш 15000 но тоа е врвот

инаку за сите што барате работа....еден совет
кога правите споредба меѓу различни понуди не треба да правите споредба на висината на плата туку според износот за 1 час работа

на пример. Фирма А ви нуди 13000 фирма Б 15000. На прв поглед фирмата Б е подобра, но доколку во фирмата А работите по 8 часа од понеделник до петок, а во фирмата Б од понеделник до сабота тогаш математиката е следна
Плата / работни часови

А=13000 /( 22 дена*8часа)=73,86 денари/час
Б=15000 /( 26 дена*8часа)=72,11 денари/час
 
инаку за сите што барате работа....еден совет
кога правите споредба меѓу различни понуди не треба да правите споредба на висината на плата туку според износот за 1 час работа
Да,ова е вистинскиот совет и точка од која сите треба да тргнат пред да прифатат било каква работа,секако да ја земат во предвид и тежината на работното место и локацијата на која ќе работат,бидејќи не е исто да работиш на компјутер во некоја канцеларија со полуотворен прозорец од кој те дува свежо ветре и да внесуваш податоци во табели притоа пијуцкајќи кафе или чај,или да работиш некоја градежна работа како црнец на плус 50 како во најдобрите денови од робовладетелското општество:).

Еве јас моментално земам 9000,АМА работам само од понеделник до петок и тоа од 8 до 14:00,си имам прекрасна канцеларија со биро,кожена фотеља и компјутер и во 14:15 јас веќе сум дома и што е најважно,не сум воопшто изморен за да продолжам со друга работа со која си го надополнувам семејниот буџет.И да,никој не ми стои врз глава а и работата ми е тотална боза(внесувам само податоци во Word-табели кои потоа ги принтам).
Е сега,ако ме примат во Нептун,ќе земам еве да речеме 12.000,АМА ќе работам од понеделник до сабота,ќе бидам под постојан надзор,одговорноста ќе биде поголема,и кога се ќе ставиш на кантар,испаѓа дека за тие дополнителни 3000 ден. не се исплаќа да се замарам ида одам воопшто на интервју кај нив.

Уште да се јавеше некој кој веќе работи во Нептун и да ме разубедеше со тврдење дека зема 15-16.000,е тоа веќе ќе беше подруга приказна,само да го каже и градот во кој работи,бидејќи мислам дека не само во Нептун,туку и низ др.фирми платите се поголеми во Скопје,поздрав;)
 
Еве има масовен оглас за 30-ина луѓе низ цела Македонија? Да се пријавувам? Глем бараат и албански јазик, нема ваљда за Прилеп да бараат албански. Англиски знам :D
 
Да не одиш на интервјуто за продавач .
Во зимата приметив дека продавачите им се залепени до греалиците и никако да се поместат од нив поради ниските температури.Ова е за во Прилеп за другите градови незнам.Работата е со стоење нема седиш на компјутер освен ако не ја станиш цурата која е заиграна на facebook ;)
Ако одиш на интервјуто ....давале некои тестови .... малтретираат со прашања ....едно од тие прашања е ова: каде се гледаш послем 10 години :cenzura: :tapp:
ептен дооооооолго било интервјуто за работа како продавач :facepalm:
 
За работа во фирма што продава бела техника, во случајов нептун, треба да исполнуваш неколку услови од раѓање:

-Да имаш талент за комуникативност, окезен од 6-ка до 6-ка, и со ќеиф ги пречекуваш сите муштерии без разлика што нема да направат промет ниту 1 денар и те фаќа нерва што немаш процент. Мораш со сите да си комуникативен,насмеан весел и позитивен

-Да имаш талент за лажење. Колку шкарт производи се продадени само? КОлку истите ги враќаме по 2 месеци користење? Колку од стартот не чинат? Белата техника последно што излегува знае да биди многу зафркната, без разлика на цената. Секогаш се наоѓа неколку маани или дефекти па ги продаваат кај нас во македонија.

-Да имаш челични нерви. И покрај досадните и ретардирани прашања што ќе ги добиваш од секој тиквар што немал друга работа, па додека чека жена му да пазари штикли, му текнало да прашува за КОНФЈУКТЕРИ, и да те труја, што можи со него да се прави, кој е појак, или мемориските картички “Колку песни собираат“, ти мораш да истрпиш и да им ги одговараш истите прашања, стоејќи од нозе. Седнувањето може да ти биди единствено кога нема ниеден муштерија, без разлика на страшните болки во нозете, секогаш ќе имаш еден шеф што ќе ти вика, не стој оди гледаш има муштерии, иако истите тие ти рекле дека сакаат само да разгледаат, и дека не им е потребна твојата помош.

Нема голема плата, и да има, верувај неисплатлива е за сето тоа стоење на нозе. Сум работел како келнер али неиздржливи се локалите со турбо работа, или пак овие бела-техника маркетите. Премногу досадни фаци знаат да дојдат и да трујаат со секаков вид безвезални прашања, од типот “Зошто е ова“, “Колку мегавати је компјутеро“ , “Кој е компјутер е за фејсбук“,“Кое дивиди чита секакви цд-а“ и други Х прашања, на кои мора да си спремен да даваш одговори и да им држиш мини курсови по ИТ.

Ако работиш во тоа што го спомна горе, канцеларија и не си имал психички и физички умор, тогаш ти си луд ако откажиш. 9.000 се непроценливи со стоењето на нозе во такви продавници.
 
Инаку "професионалциве" интервјуто го прават во Скопје близу до обиколницата, така да тој што ќе оди од оддалечените градови патот сам ќе си го плати бидејќи нема јавен превоз до кај нив. 2000 денари ќе си ги бапнеш за гориво и патарини а ризикуваш да не добиеш работа. Интервјуто им трае до 2-3 часа.
Зимоска мене ми се јавија за интервју и од таму ги добив податоциве, не отидов на интервју поради снегот а и тој што ми се јав ви целореме ми повторуваше колку знам албански, ко да у косово е продавницата!
 
Значи уопште да не аплицирам :)
 
За плата гледам горе доле сте одговориле. И можам да заклучам дека се движи од 12000 до 14000денари. Мене ме интересира колку е работното време, сабота, недела дали се работи, и колку е процент од продаден производ.
 
Ќе рикнат Нептун и АМС кај да е не нови продавачи да бараат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom