Мит: Само одреден „вид“ на жени се силувани...
Мит: Жените ги иницираат мажите на силување.
Мит: Жените си го бараат со нивното облекување и нивното однесување.
Кој дел не ви е јасен?
Жените не треба да се облекуваат така ако не сакаат да се силувани. Извинете вие пенис сте или луѓе? Па кои сте вие да ми диктирате како да се облекувам? Што е до мене ја би диктирала вие од трактор да не станете цел живот, па никој не ме прашува.
Магде ми збори за интелектуално излегување и облекување. Каков апсурд е тоа.
На моја одговоронст сум излегувала, тоа во див запад. Да беше на моја одговорност со пиштол ќе се шетав (ако не знаете и тоа е симбол за пенис), ама не можам. Зошто постојат правила и прописи.
Вака звучи ко сите мажи да силувале бар еднаш у животот...
Облеката има врска и тоа голема. Секој има право да се облече како сака, но не смее да има никакви илузии околу пораката што ја праќа со тоа. Истото важи за на работа, за дома, за диско-сегде. Коа девојка ќе се облече (да не речам ќе се соблече), тоа најчесто праќа порака дека е спремна за порелаксирано дружење. Провокативната облека искомбинирана со провокативно држење, двосмислени муабети и асоцијации, кај секој нормален маж притиска црвено копче. Сите го знаеме тоа добро, искусни или неискусни (неискусните не знаат али осечат, нали), и сите на обострано задоволство, сакаме од време на време да потпритиснеме нечие копче-не е тоа нешто ново! Треба да се знае дека секој нормален маж нормално ќе изреагира ако на крајот сепак се испостави дека тој нема да добие ништо, но што правиме со оние малку попримитивни примероци кои се неписмени за некои знаци-на пример, оние кои не знаат што значи 'НЕ'? Или пак едноставно не прифаќаат 'НЕ'? Далеку од тоа сум да тврдам дека некој маж има право да силува девојка само затоа што се возбудил од нејзината блескава појава...само викам дека девојките треба да се попретпазливи за свое добро-бидејќи не може секогаш да се смета на правото што ни е гарантирано со закон слободно да правиме што сакаме (хе, хе, во рамки на законот), не секогаш може да се ослониме на туѓата проценка што е добро за нас и на туѓото разбирање што значи забава и добар провод...Мислам дека секој ќе се сложи дека на крајот, кога лошто ќе се случи, не е битно кој прв почнал-она што е битно е крајниот резултат а тоа е живот скршен на парчиња.
Но, исто така не мислам дека само облека може да влијае некој да ја пречекори границата на дозволеното -
кај некој што си има проблем со главата може да влијае и: збор, поглед, специфично движење со раката, ногата и главата, бојата на карминот, висината на штиклата, должината на косата-па дури и тоа како некој нејзин прамен ти паѓа на лицето...ама тука више се работи за некаков дефект, кој е застапен (за среќа) кај мал дел од машката популација, а кој мал процент, некогаш, случајно, може да ни се испречи на патот...
Исто така, на крај се досетив дека постои група на машка стока која е васпитана така, да мисли дека жените се создадени само за секс а анатомијата им е прилагодена за брзо движење со папучи низ домот, телото има облик тамам да и даде пристоен облик на престилката и дека имаме глава само за на неа убаво да стои долга коса...за таквите не постои силување, уште помалце силување во брак, ама затоа постои држава со закони. Е сеа, друг проблем е што некои лујџе (женски де) не можат да разликуваат човек од животиња...
