Не ми е јасно, како изборот на дискотека и облека, влијае на процентуалноста и веројатноста една девојка да биде силувана? Има некој прирачник, со пропишани стандарни и критериуми каде се изложени анализи за тоа, колкава е веројатноста да бидеш силувана?
2 сантиметри под раздељакот на градите е во ред и непровокативно,1 ипол сантим над колено исто е прифатливо? Од каде со глупиве класификации за тоа што е провокативно или не? Секој си има различен степен за провокативност во својата глава, па нели и за вкусови не се дискутираше?
Голем дел од девојките се облакаат така како што се облакаат затоа што се чувствуваат убаво во своја кожа, секси и сакаат да го покажат тоа на ваков или онаков начин. Не значи дека и даваат отворена покана, за насилен интеркорс, каде што нејзиното НЕ, значи - те молам, продожи, прави го тоа што го правиш и покрај фактот што плачам и да, намерно се облеков вака, затоа што сакав да бидам силувана!
Друга работа, ако сте однеле една мома дома, која после 237864786 база, рекла НЕ, значи дека она сака, ама и е страв? Епа НЕ!
Друга глупа класификација, има моми, кои стигаат и до интеркорс со дечкото пошто САКААТ! А ако сте налетале на мома која не знае што сака или се предомсилила на среде, не значи дека сите девојки -"сакат да општат, а нејќе да им влезе".
Трета глупа класификација, if we like it rough демек сакаме да бидеме потајно силувани? Не сакаат сите насилен секс, а оние кои сакаат, не сакаат да бидат силувани верујте.
Страшно, навистина страшно...