Многу промашен натпревар од страна на Пеп. Не знам што бараа Тиаго и Тељо на терен. Изгледа мислеше да го посрамоти Мурињо и да го победи со деца ? Епа му се одби во глава. Не верувам дека Барса е толку уморна да во еден од најважните натпревари во сезоната не може да си допушти на терен да испаднат најсилните 11. Пеп се правеше важен и мислеше дека ќе биде лесно со Реал како и секогаш.
Цел тим на Барса некако беше тромав и мртов, таква и беше атмосверата после она со Челзи, така таква и остана, барем за нив. Меси речиси невидлив, Роналдо одличен. Она што сакам да го нагласам е нападот на Барса низ цела сезона, поточно од кога се повреди Виља. Тие немаат прав шпиц, имаат многу ситни полушпицови, али ни еден не може да игра класичен шпиц. Најголемата грешка на Барса во последните 5 години е продажбата на Ето, таков генијалец во тимот никогаш повеќе нема да имаат. Денеска играа со три шпица кои константно се извлекуваа на крило а средината остануваше празна. Највеќе ме фасцинира кога ќе го видам Фабрегас на местото каде некогаш беше Ето.
Али да се вратиме на денешниот натпревар.. Тој пропуст и не резултира со неуспех против малите екипи, али против посилните екипи остава голем впечаток на немоќ и безидејност во нападот. Денеска не направија ништо, имаа една сјајна шанса, и една полушанса. Фалеше и Пике, поготово во скоковите. Валдес
али за него знаевме и пред тоа..
Баш ме интересира како ќе изгледа Барса против Челзи кој ќе игра многу слично како Реал вечерва, а ќе бидат сигурно и подобри на контри, а и резултатот им оди во прилог. Еден спринт на Дидие и довидување.
Реал не блескаше, повторно фалеше малку повеќе посед на топка, али и тој мал посед на топка го искористија. Роналдо одигра одлично и баш ми е неизмерно драго што токму тој го реши натпреварот. Никој не заслужи поголеми честитки од него. Трчаше, се бореше, беше многу опасен, и најважно, даде гол. Транзицијата беше лоша, фалеа квалитетни контри, минатата сезона во тој сегмент бевме посилни, али оваа сезона е друга приказна. Али затоа одбраната беше совршена. Две одбранбени линии, концентрација на ниво, мал кикс при голот, али тоа се простува. Посебно би го пофалил Арбелоа од кој очекував лоша партија, али ме демантираше, и докажа што значи кога го имаш искуството во себе.
Натпреварот беше коректен освен оние мали препирки што се вообичаени за секој натпревар. Еден од подобрите Ел Класика во последно време.