Ваша поезија!

JimmyHoFFa

NAVIGATOR
Член од
8 септември 2010
Мислења
1.196
Поени од реакции
482
Посветена на брат ми...

Пролетта дојде во нашиот крај,
ветерот дува бучи,
а Игорче во соба учи
учи, учи, учи и главата му бучи,
никако да свати дека не треба да не мати,
да го згрее столот
и да не биде глуп како волот.

All Rights Reserved...
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Пат кон никаде

Се за што знаеш
се што ти се случило
се било на едно место
на местото на кое јас не можам
да бидам на твое место
како што ти не можеш
да бидеш на мое место
и тоа место е нерв на доказот
доказот на евидентноста
дека ништо така автентично
и непосредно
не остава трага вон тебе
како што сеќавањето тоа го прави
во тебе
континуитет и идентитет
животен пат исцртан од Судбината
последица на улоги доделени
од лукавството на природата
која нема жал оти нема свест
а оној кој го поднесува товарот
тој ги чувствува сите неправди
иако самиот не ги создава
тоа место е пат кон никаде!
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
My cock is a gigantic...
No. I can't do this.
I could never understand
people's desperate attempts
to be funny by
using shock value,
politically incorrect statements,
nudity, racism
and foul language.
It is the lowest form of comedy
that only the most basic, most animalistic
parts of our inner self can relate to.
To stoop to such a degree would be
a travesty to my integrity.
To publish this...this
intellectual turd, accidental brainfart,
ignorant attempt at comedic poetry
in any language,
for anyone to see,
would be the final insult,
the last nail in the coffin,
of my personhood.
 
L

Ligeia

Гостин
La morte mi trovera vivo

Концизноста не трпи остри клинови,
како што душата не трпи мозаик од безвредни
ноти раскршени на празна адмирација и лакримални столетија.
Немаме воздух за да ги изживееме
тие манипулативни,проклети столетија...
Дел од него испарува во љубов а дел од него се буди
во конфузија и се претвора во прирачник од правила за
тоа како треба да се постои и дише како човек.
Но како да бидам човек меѓу вкрстени гени и обесправени животни,
како да љубам кога емоциите се преклукани со невистини
и се што ми останува е само моментот кога се сомневам
во своето постоење и ја проколнувам својата ментална положба.
Зарем сите освен нас сонуваат легнати врз материјализмот?

Како да се отворам себе си и да го поместам престолот
на демонот кој секогаш мудро ги препознава оние
налик на него во оние кои се налик на мене?
Потоа се тешам низ солзи и го истурам својот бес
жестоко врз парче хартија или вешто го кријам
под наметката на сопственото достоинство
со надеж дека ќе ме повлече нова еволуција
во судбината на жената.

Земјата не може да се збогати,
како што не може да се збогати вистината а
со секој нов ден само сведочам на моментите кога
супериорноста во раѓањето на жената е само пејоративна појава.
Со искрен скептицизам се бунтува мојата мудрост,
кога amor vincit omnia,носталгично и божествено
тогаш зошто сеуште тонеме во мракот на суетноста?
Ја затворам лузната со нова кошула и додавам трпение
на женственоста.
Концизноста не трпи мисловна изомерија.
 

Cheross

COOL BOY
Член од
27 август 2011
Мислења
548
Поени од реакции
381
La morte mi trovera vivo

Концизноста не трпи остри клинови,
како што душата не трпи мозаик од безвредни
ноти раскршен на празна адмирација и лакримални столетија.
Немаме воздух за да ги изживееме
тие манипулативни,проклети столетија...
Дел од него испарува во љубов а дел од него се буди
во конфузија и се претвора во прирачник од правила за
тоа како треба да се постои и дише како човек.
Но како да бидам човек меѓу вкрстени гени и обесправени животни,
како да љубам кога емоциите се преклукани со невистини
и се што ми останува е само моментот кога се сомневам
во своето постоење и ја проколнувам својата ментална положба.
Зарем сите освен нас сонуваат легнати врз материјализмот?

Како да се отворам себе си и да го поместам престолот
на демонот кој секогаш мудро ги препознава оние
налик на него во оние кои се налик на мене?
Потоа се тешам низ солзи и го истурам својот бес
жестоко врз парче хартија или вешто го кријам
под наметката на сопственото достоинство
со надеж дека ќе ме повлече нова еволуција
во судбината на жената.

Земјата не може да се збогати,
како што не може да се збогати вистината а
со секој нов ден само сведочам на моментите кога
супериорноста во раѓањето на жената е само пејоративна појава.
Со искрен скептицизам се бунтува мојата мудрост,
кога amor vincit omnia,носталгично и божествено
тогаш зошто сеуште тонеме во мракот на суетноста?
Ја затворам лузната со нова кошула и додавам трпение
на женственоста.
Концизноста не трпи мисловна изомерија.
Oу ме бендиса многу.
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.320
Папагалчето


Папагалчето имаше
самодоверба самоувереност
храброст и смелост
но тоа не го спречи
да се соочи со разочарување
кога мачорот ловец
го уби
колку беше жалосно
кога видов дека ништо не значи
немањето страв
пред искуството кое следеше
и кое го доживеа пред да замине
од овој свет
а така сакаше да седи на затворениот прозорец
и да го гледа и доживува светот
Јас се надевам дека сега тоа папагалче
живее во рајските шуми на Оној свет.
 
Член од
3 март 2009
Мислења
601
Поени од реакции
178
Откривање

Го внесува клучот
во клучалката на мојот тил
и бесшумно
им дава наредба
на атомите
од кои е составена кожава
да ја напуштат
мојата суштина.
Се што остана
беше просторот
околу оваа душа,
ова срце
што бесконечно чука.

извор
 
Член од
22 ноември 2011
Мислења
17
Поени од реакции
57
Постоење

Станав од стариот тросед,
дрско ја запалив цигарата
и погледнав низ прозорецот.
Таму НЕ постоење.
Рефлексијата на моето лице-
гадост.
Трчав низ мислите
свесна за темниците и сенките,
патишта полни солзи и соништа
измешани со миризба на оние
кои се влечеа по безживотниот пат.
Блудници и грешници.
Влагата во собата ми ги одзема чувствата,
не мразам, ниту сакам.
Само немо гледам парчиња месо,
растрчани низ улиците
демек си ја средуваат судбината.
А јас...
Јас душа изгребана,
разнишана во непријатностите на постоењето.
Пловам во погрешна насока,
ама тука сум....
Ќе се исправам..
 

Joshua_Tree

Samo na minuvanje...
Член од
21 март 2010
Мислења
1.402
Поени од реакции
4.775
И водата е ДА за калта


Секогаш има избор,нели
секогаш уште една желба за среќа
Распната како Исус без крв и крст
секогаш има една друга таква иста

Жалбено смешни се сите мечти,копнежи,страсти
нема други,нема ни налик на нив слични
Или единствени,или едноставни
себично наши да пливаме или да не потонеме

И водата е ДА за калта,за камењата
се е убаво ладно,темно и незнаено
На крајот секогаш има една соба
и една изгубена рожба

Жртвено ли е нашето невидено и небидено?
целиот свет е гола жена...викнав!
Свету мој,би те боел да имам време
онаа убавата со бела кожа

...утре сотри ме!
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Талог

Неволно и невешто
се обидуваме да издржиме
до талогот на кафето.

Ги следиме со поглед
гостите што доаѓаат
и споредуваме колку
се радуваат што се заедно.

Прашувам баналности за твоите,
а ти лаконски одговараш
или откако ќе се откачиш
од впечатокот настрана
ме погледнуваш бледо:
„Молам?“

Се двоумам дали
да го повторам прашањето.

Го сменив телефонот, велам.
„Да?“ - ти засветка окото.
Сакаш играчки.
„И бројот?“ - искра надеж во гласот.
Да, одговарам станувајки.

Ќе ти се јавам.
Следниот пат јас честам кафе.
Се свртувам и го оставам талогот зад себе.
 
D

Deleted member 55587

Гостин
Обоена реалност на изнемоштен ум.
Насликана темна небесна лавина
прободена од ѕвездена смелост.
Опоен бран од океан на свежи ружи,
заплискува,допира сништа.
Негде во далечината звук на галоп.
Совршена фигура на рајско суштество
стои онаму каде небото и земјата се бакнуваат.
И одеднаш...реалноста се губи.
 
Член од
16 февруари 2007
Мислења
2.779
Поени од реакции
8.235
My cock is a gigantic...
No. I can't do this.
I could never understand
people's desperate attempts
to be funny by
using shock value,
politically incorrect statements,
nudity, racism
and foul language.
It is the lowest form of comedy
that only the most basic, most animalistic
parts of our inner self can relate to.
To stoop to such a degree would be
a travesty to my integrity.
To publish this...this
intellectual turd, accidental brainfart,
ignorant attempt at comedic poetry
in any language,
for anyone to see,
would be the final insult,
the last nail in the coffin,
of my personhood.
Bipolar Penis Poetry​
1. - Implying that it is the First Poem​
There's no greater sensation,​
or vaginal appreciation,​
as is the resulting flatulation,​
of my cock-insertation​
2.- Implying that it is the Second Poem​
Oh, whigle and wobbady woo,​
in happy doodally-doo,​
while rubbing the gizzaly goo​
as my penis enters You.​
3.- Implying that it is the Third Poem​
For he's a jolly good phallus,​
For he's a jolly good phallus.​
For he's a jolly good phalluuuuuuuuuuus....​
Which nobody can deny!​
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
My cock is a gigantic...
No. I can't do this.
I could never understand
people's desperate attempts
to be funny by
using shock value,
politically incorrect statements,
nudity, racism
and foul language.
It is the lowest form of comedy
that only the most basic, most animalistic
parts of our inner self can relate to.
To stoop to such a degree would be
a travesty to my integrity.
To publish this...this
intellectual turd, accidental brainfart,
ignorant attempt at comedic poetry
in any language,
for anyone to see,
would be the final insult,
the last nail in the coffin,
of my personhood.
If your cock is half as good as your English, oh yes, it IS gigantic.
 
L

Ligeia

Гостин
A bird and a fish may fall in love,but they will never be together

Ме исцрпуваш.
Но те љубам.
Ти си мојот светлосен ореол,
ти си мојот култ кон изопачената неизвесност
и луда логика.
Дозволи ми да те обожувам како мое совршенство,
низ сите ѕидови
во мојата душа ќе оддекнува името твое
како животна сила.
Ги вреднувам твоите младешки чувства,
делуваат на моето его како испиена чаша абсинт и
толку страствено ми ја вжештуваат крвта во вените.
Со скриен мир ги прифаќам своите гревови
а ти ми ги простуваш со љубов на смртник.
Како би можела да бидам гневна на твојата чистота?
Јас,која сум премногу добредојдена во прегратките на Хадес.

Досадно ми е.
Сонував за поголема бесмртност.
Чуден облик завземаат емоциите...
Did my heart loved till now?
Заспан е мојот свет во ноншалантно суеверие,
тој исконски,
нејасен и брутален протокол.
Јасно ми е.
Xалуцинирам задоволство
само кога се внесувам во староста и
ја следам твојата радост.
Знам,пишував од страст,
а сега пишувам од совест.
Сочувствувам со блиските,
испиени души се и тие во телесни фигури од крв и месо,
кобиме сите заедно над осаменоста,
но се што добиваме
се само клонирани денови и кревка внатрешност.
Стоевме на искритикувана платформа и
гледавме кон спознанието.
Ист душман делиме.
Спознанието е љубовта која не присилува да молчиме.
Ме исцрпуваш.
Но...те љубам.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom