Митови за силувањето (Rape myths)

  • Креатор на темата Sheldon Cooper
  • Време на започнување
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.756
Поени од реакции
8.785
:facepalm: Колку само вистина има во историјата...никогаш нема да сфатам како само може некој да ги зима работите здраво за готово така пишувало и тоа е точно...жените владееле абе ајде...сигурно...исто како што сега владеат и ќе владеат во иднина...колку сакате може да се лажеме...барем тоа е лесно али еднаквоста се создава вештачки а таквата еднаквоста никогаш нема да постои во реалноста...можеби само во книгите од основно ;) а да и жените не се облекуваат поради мажите..чекај ова не го учевме по историја...се збунив сега..o_O
Не се ни труди.
Сигурно си попаметен и поначитан од историчарите кои имаат знаење што ти можеш само да го сонуваш.
Ајде оди спиј. Касно е.
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Не се ни труди.
Сигурно си попаметен и поначитан од историчарите кои имаат знаење што ти можеш само да го сонуваш.
Ајде оди спиј. Касно е.
Вака било и во матријахартот жените и викале на мажите "ајде оди спиј " и овие одма у кревет :pos: а и војната помеѓу троја и грција била поради "Елена" а исто и НАТО шири "демократија" низ светот колку само сум неначитан а и вести не гледам комплетно отсечен од реалноста со погрешни и неосновани мислења те молам просветлиме о ти "едуцирана мајко" :cuc:
 
Член од
10 јануари 2011
Мислења
1.658
Поени од реакции
3.322
Мислам дека жените провоцираат и сами си го бараат едноставно тоа е во нивната природа сакаат да бидат победени
 
leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
Мислам дека жените провоцираат и сами си го бараат едноставно тоа е во нивната природа сакаат да бидат победени
Со други зборови сакаат да бидат силувани?
 
Член од
21 април 2012
Мислења
144
Поени од реакции
58
Мислам дека жените провоцираат и сами си го бараат едноставно тоа е во нивната природа сакаат да бидат победени

Bas bi sakala na nekoj peder(i toa fizicki pojak od tebe) da mu se dopagjas. Pa da go upotrebi tvojot argument otkako ke zavrsite rabota.
 
Член од
26 декември 2011
Мислења
450
Поени од реакции
278
Ако сакам и сред бел ден ке се шетам гола на улица, а тебе тоа ако ти смета можеш слободно да ме пријавиш, па дали ке ме испратат во лудница или ке ме казнат за нарушување на ред и мир сеедно. Ако се возбудиш можеш слободно да ме посакуваш, да фантазираш да мастурбираш, ама несмееш без моја дозвола да ме допреш бре!
Убаво кажа пума, каде е границата? Дали ако пред својот дечко или маж се шетам гола во мојот сопствен дом, него тоа му дава за право да ме малтретира ако јас несакам.
јас да би видел така ќе те исплукам а не па курот да го валкам на тебе.Слободно ќе кажеме дека силувањето на соруга или девојка е мит.Ваквото размислување кај девојки е јасен показател дека нешто не штима во нивните глај..почнуваќи од тоа не си доволно паметна да си одбериш партнер,друго јалов експеримент на задоволување на сопственото его дека со облеката ќе бидеш посакувана.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Не ми е јасно, како изборот на дискотека и облека, влијае на процентуалноста и веројатноста една девојка да биде силувана? Има некој прирачник, со пропишани стандарни и критериуми каде се изложени анализи за тоа, колкава е веројатноста да бидеш силувана?
2 сантиметри под раздељакот на градите е во ред и непровокативно,1 ипол сантим над колено исто е прифатливо? Од каде со глупиве класификации за тоа што е провокативно или не? Секој си има различен степен за провокативност во својата глава, па нели и за вкусови не се дискутираше?
Голем дел од девојките се облакаат така како што се облакаат затоа што се чувствуваат убаво во своја кожа, секси и сакаат да го покажат тоа на ваков или онаков начин. Не значи дека и даваат отворена покана, за насилен интеркорс, каде што нејзиното НЕ, значи - те молам, продожи, прави го тоа што го правиш и покрај фактот што плачам и да, намерно се облеков вака, затоа што сакав да бидам силувана!

Друга работа, ако сте однеле една мома дома, која после 237864786 база, рекла НЕ, значи дека она сака, ама и е страв? Епа НЕ!
Друга глупа класификација, има моми, кои стигаат и до интеркорс со дечкото пошто САКААТ! А ако сте налетале на мома која не знае што сака или се предомсилила на среде, не значи дека сите девојки -"сакат да општат, а нејќе да им влезе".

Трета глупа класификација, if we like it rough демек сакаме да бидеме потајно силувани? Не сакаат сите насилен секс, а оние кои сакаат, не сакаат да бидат силувани верујте.
Страшно, навистина страшно...
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.939
Поени од реакции
12.525

Пошто се најдов во третава класификација должен сум да одговорам. Значи тоа е само теорија која ја имам понекаде сретнувано и со која се сложувам. Е сега само се обидував (према таа теорија) да го лоцирам моментот (заболувањето, застранувањето) каде тој теоретски нагон ја преминува границата, цензурата и почнува да делува во свесното и без контрола уништувајќи животи.
 
Красулка

Replay & Undo
Член од
3 јануари 2009
Мислења
1.508
Поени од реакции
1.157
Пошто се најдов во третава класификација должен сум да одговорам. Значи тоа е само теорија која ја имам понекаде сретнувано и со која се сложувам. Е сега само се обидував (према таа теорија) да го лоцирам моментот (заболувањето, застранувањето) каде тој теоретски нагон ја преминува границата, цензурата и почнува да делува во свесното и без контрола уништувајќи животи.

Нели свеста е она која не разликува и одделува од животните. Точно е дека сите имаме животински нагони, ама учиме и да ги контролираме до одредена мерка. Претензиите на една особа или група не можеш да ги генерализираш и препишеш на цел женски род. А за границата за која тука станува збор, е казнива со закон. А последиците жртвата ги осеќа до крај на животот.
 
831

רַב אושר של חוכמה
Член од
8 ноември 2009
Мислења
6.939
Поени од реакции
12.525
Нели свеста е она која не разликува и одделува од животните. Точно е дека сите имаме животински нагони, ама учиме и да ги контролираме до одредена мерка. Претензиите на една особа или група не можеш да ги генерализираш и препишеш на цел женски род. А за границата за која тука станува збор, е казнива со закон. А последиците жртвата ги осеќа до крај на животот.
Можеби и може да се препишат на цел машко/женски род (има одредени колективни несвесни нагони, тенденции кои важат за сите, бар јас во тоа верувам, мое мислење) само не можам да докажам. А и ме мрзи да тупам денеска повторно, оти вчера другите дури пиеја јас цела вечер си барав одговор во глава. Поздрав :)
 
Член од
23 мај 2009
Мислења
958
Поени од реакции
727
Мит: Само одреден „вид“ на жени се силувани...

Мит: Жените ги иницираат мажите на силување.

Мит: Жените си го бараат со нивното облекување и нивното однесување.

Кој дел не ви е јасен?
Жените не треба да се облекуваат така ако не сакаат да се силувани. Извинете вие пенис сте или луѓе? Па кои сте вие да ми диктирате како да се облекувам? Што е до мене ја би диктирала вие од трактор да не станете цел живот, па никој не ме прашува.
Магде ми збори за интелектуално излегување и облекување. Каков апсурд е тоа.
На моја одговоронст сум излегувала, тоа во див запад. Да беше на моја одговорност со пиштол ќе се шетав (ако не знаете и тоа е симбол за пенис), ама не можам. Зошто постојат правила и прописи.

Вака звучи ко сите мажи да силувале бар еднаш у животот...:)

Облеката има врска и тоа голема. Секој има право да се облече како сака, но не смее да има никакви илузии околу пораката што ја праќа со тоа. Истото важи за на работа, за дома, за диско-сегде. Коа девојка ќе се облече (да не речам ќе се соблече), тоа најчесто праќа порака дека е спремна за порелаксирано дружење. Провокативната облека искомбинирана со провокативно држење, двосмислени муабети и асоцијации, кај секој нормален маж притиска црвено копче. Сите го знаеме тоа добро, искусни или неискусни (неискусните не знаат али осечат, нали), и сите на обострано задоволство, сакаме од време на време да потпритиснеме нечие копче-не е тоа нешто ново! Треба да се знае дека секој нормален маж нормално ќе изреагира ако на крајот сепак се испостави дека тој нема да добие ништо, но што правиме со оние малку попримитивни примероци кои се неписмени за некои знаци-на пример, оние кои не знаат што значи 'НЕ'? Или пак едноставно не прифаќаат 'НЕ'? Далеку од тоа сум да тврдам дека некој маж има право да силува девојка само затоа што се возбудил од нејзината блескава појава...само викам дека девојките треба да се попретпазливи за свое добро-бидејќи не може секогаш да се смета на правото што ни е гарантирано со закон слободно да правиме што сакаме (хе, хе, во рамки на законот), не секогаш може да се ослониме на туѓата проценка што е добро за нас и на туѓото разбирање што значи забава и добар провод...Мислам дека секој ќе се сложи дека на крајот, кога лошто ќе се случи, не е битно кој прв почнал-она што е битно е крајниот резултат а тоа е живот скршен на парчиња.

Но, исто така не мислам дека само облека може да влијае некој да ја пречекори границата на дозволеното - кај некој што си има проблем со главата може да влијае и: збор, поглед, специфично движење со раката, ногата и главата, бојата на карминот, висината на штиклата, должината на косата-па дури и тоа како некој нејзин прамен ти паѓа на лицето...ама тука више се работи за некаков дефект, кој е застапен (за среќа) кај мал дел од машката популација, а кој мал процент, некогаш, случајно, може да ни се испречи на патот...

Исто така, на крај се досетив дека постои група на машка стока која е васпитана така, да мисли дека жените се создадени само за секс а анатомијата им е прилагодена за брзо движење со папучи низ домот, телото има облик тамам да и даде пристоен облик на престилката и дека имаме глава само за на неа убаво да стои долга коса...за таквите не постои силување, уште помалце силување во брак, ама затоа постои држава со закони. Е сеа, друг проблем е што некои лујџе (женски де) не можат да разликуваат човек од животиња...:pipi:
 
Член од
17 јануари 2009
Мислења
2.814
Поени од реакции
4.666
Да бе а уште поубаво би било и ти малку со своја глава да мислиш а помалку да веруваш на тоа што читаш.....било матријархарт како не било :vozbud:
Е имало матријархат и не било баш убаво да си маж во него. За чудо тогаш не им било многу јасно како се прават деца (од верувања дека жените ги оплодува ветрот, или јадењето грав во кој биле душите на мртвите - колку и да звучи глупо сето ова, до верувањето дека жената е единствениот продолжувач на видот со ексклузивни права). Сексот бил потреба и забава. Поинтелигентните и поинформираните не живееле доволно долго. И тогаш имало перење мозок, во што религијата бил главен фактор а врховните божества од женски пол-Големата Мајка. Мажите како ловци не секогаш имале успех, жените кои имале религиски оправдуван монопол во земјоделството биле доста поуспешни. Проблемот со силата на посилниот пол бил решаван релативно лесно. Уште додека е дете едната нога ќе му биде осакатена.
Ова траело отприлика до индоевропските миграции и доаѓањето на воинствените, патријархални народи од север, каде што војната, грабежот и некои други активности му давале предност на мажот.
И во подоцнежниот период имало остатоци од матријархалното општество: по војната поразениот бил должен да даде заложник, некој важен (за да почне со војна пак). Се сметало дека како заложник синот на кралот не е доволно добар (може и да не му е син) и пожелен за заложништо бил синот на сестрата на кралот (таа е секако негова сестра или барем полусестра и нејзиното дете, независно од тоа кој му е татко, е секако нејзино дете и оттаму секако е во крвна врска со кралот).
 
PIRATIC

diplomiran klozetar
Член од
26 јануари 2012
Мислења
7.854
Поени од реакции
6.497
Мажите имаат поголема физичка сила/моќ, но факт е дека женскиот пол психички се понадарени, а со самото тоа и покомплицирани се како личности ............. многу полесно е да окарактеризираш каков карактер и каков тип на човек е еден маж, а многу потешко е да окарактеризираш каков карактер и каков тип на човек е една жена ............. всушност жените ни самите не знаат што точно бараат, а денеска повеќето жени се феминистки(барем во мојава потесна и поширока околина) и исто така сметам дека на некој начин денеска и жените вршат силување врз мажите, но не на физичка база, туку повеќе на психичка база, всушност сето тоа се испомешани појмови и силувања и проституирања и.т.н. у смисол одат заедно дечко и девојка(така да ги наречам) и јасно се гледа дека женската иде со него само заради личен интерес и ќар, додека пак машкото глупаво мисли дека таа го сака и трча по неа и се и угодува, така да вакви случаи познавам многу и се прашувам па зарем ова не е психичко силување на женското врз машкото, па и на некој начин модерна софистицирана проституција, бидејќи иако се дечко/девојка таа иде со него поради интерес и ќар, а тој е занесен од нејзиниот физички изглед и за се и трча по газот, а плус си мисли и дека таа него навистина го сака ............ навистина испомешани поими, ама мислам дека машките повеќе го кркаат, отколку женските, на некој начин денеска се случува психичко силување врз мажите, но тоа е веќе во доменот на модерната Психологија !
 
Член од
27 септември 2011
Мислења
240
Поени од реакции
337

Не се согласувам, затоа што кога некој маж слепо трча по жена, тоа го прави доброволно, жената не го тера со сила.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom