Во право си, најдобра превентива е да не излегуваш од дома. Е сеа и тука има некои цаки, на пример ти може да излезеш на тераса на цигара, а некој тоа може да го сфати како покана за секс, па да ти провали и да те присили на секс. Али пази, ова не е силување, пошо во неговиот извртен ум, ти си го испровоцирала. Затоа најпаметно е да седиш по дома со појас за невиност. А ако евентуално излегуваш од дома , треба да бидеш покриена од глава до пети, само очите смеат да ти се гледаат. Секоја друга облека, може да значи покана за секс. Сепак, дури и во бурка, мора да внимаваш на твоето однесување. Со мажи не смееш да комуницираш, некои од нив може да го сфатат тоа како провокација.