Ако некако хронолошки ги подредиме случувањата последниве 4 месеци од оваа година, тоа би изгледало некако вака:
- Вевчански карневал - после 14 дена им текнува на сограѓаниве дека биле навредени од карневалот, па следуваа протести, палење црква, протестирање во Брисел од албанската дијаспора за ‘‘македонското угнетување‘‘ пишување писма и плачење и жалење за навредите до сите меѓународни институции
- Серија тепачки во автобуси, демонстрирање сила во хорда,
И кога конечно помисливме дека ситуацијата малку од малку се смирила, 3 денови пред најголемиот христијански празник се случува убиство на 5 невини животи кои по некоја си ‘‘ненамерна грешка‘‘ низ светов се прикажани како Албанци.
Заклучок: последниве 4 месеци Македонија се движи во работ на жилет.
Сакам да верувам дека македонските институции се свесни за состојбата во која ‘‘некој‘‘ упорно и упорно не турка, сакам да верувам дека ќе најдат сили да го разрешат ова 5 кратно убиство, институциите на системот конечно мора да профункционираат, сторителите МОРА да бидат пронајдени и најстрого осудени.
Никогаш несмеат да се заборават масакрите во Вејце, Карпалак, Челопек, Љуботенски бачила и последниов масакр на 5 невини животи, премногу македонска крв е пролеано за да се заборави.