cYb3rc0re
~ место за реклама
- Член од
- 3 мај 2005
- Мислења
- 914
- Поени од реакции
- 170
Волонтеризам, за едни работа без пари, за други собирање референци, за трети учење, за четврти добра забава...
Тие што највеќе беа привлечени од првите две од горенаведените, појма немаат што е тоа волонтер.
Кај нас волонтерството е сфатено најчесто како работење без пари. Но идеата на волонтерството е најмалку тоа.
Волонтер е човек кој на доброволна база работи нешто што го сака, без парична надокнада за работното време, а тука не спаѓаат патни трошоци или исхрана, сместување итн.
Јас бев волонтер 6 години во невладина. Но мал дел од тој период не беше волонтирање од погореопишаниот тип, него беше и некој вид приморано волонтирање. Секако дека другиот дел беше вистинско волонтирање, патував често со покритие на сите трошоци, единствено не на изгубеното време. Значи, единствен трошок ми беше џепарацот. Некогаш поретко, имаше и по некој хонорар.
Требаше да бидам ЕВС волонтер (европски волонтерски сервис) и да одам португалија на 6 месеци (платено сместување, храна, патни трошоци и плус месечен хонорар од 190 евра) ама поради нашата ни земја и визниот режим, ја немав таа среќа (виза) иако ја платив 12.000 денари (покриени трошоци). Од тој проект, кој беше и размена на волонтери, во мојата организација волонтираше французинка (која им направи многу кеиф на локалните младинци).
Значењето на волонтеризмот е во надоградбата, изложеноста на други култури, помагањето на општеството, помагање на хендикепираните и тн. вредни нешта.
Ако некој има прашања околу ова, слободно нека праша.