......
nevski, Петар,
мир Вам!
Со Вашиве несогласици, оставате можност за критики кон Црквата од страна на неверните од форумов, а и шире...Не дека нема причини за критика, но тоа нека биде во самата Црква.
Расколот во Македонија за жал е маргинална тема, важно е максимално да го промовираме, предочиме на Народот.
Се работи за Единство на Црквата, проблемот не е од Етичка природа, туку од Онтолошка,секоја критика е добредојдена макар и од неверните.
.
И јас не морам да се согласам со никого, но она кое ми е познато, а би рекол, она на кое сум очевидец, верните од Македонија се причестуваат барем во српската и грчката Црква. За можност за причестување во другите Цркви, не знам.
Можно е да се причестиме, но тоа е инцидентно, инкогнито, индивидуално... не е тоа решение, сепак МПЦ е надвор од Црквата, тоа е суштинскиот проблем.
Лично, не гледам причина за невалидност на Светите Тајни во МПЦ, оти тоа Тајните не се „ствар„ на политичко договарање и есапење или барање на нечија „дозвола„ за валидност на Тајните во рамките од МПЦ.
--- надополнето: 20 април 2012 во 09:14 ---
МПЦ како жив организам, дел од Телото Христово, зависи да биде во Единство, Литургиски, Евхаристиски со Истото, така да без разлика што Св. Тајни се валидни, надвор од Христа умираме. Сети се на параболата со Чокотот и Лозата.
Намерата ми беше да ги спојам цитатите од nevski и Петар и да ги коментирам истовремено...
Види погоре...
--- надополнето: 20 април 2012 во 09:26 ---
liberij,
не можам а да не коментирам....
Тоа што некои и нечии црковни храмови биле ептен полни, само по себе е
чиста површност. Да беа грците толку побожни, како што ние имаме претстава за нив и како грчки народ и Црква, немаше да го „папаат„ со нивната тековна криза! А бруката со грчката криза не падна од небо, туку беше медиумски објавена дубара меѓу грчката држава и Црква! Да беа грчката Црква и верните во неа јако побожни, немаше да бидат
народ кој ја лаже и ја краде ЕУ!
Толку од грците!
А русите пак, кои се колнат во православието, имаат тековен статистички податок дека „дури„ 2% правоверни руси постат!
Толку и од русите!
Да не праам муабет, што гледано историски, Македонија, како народ и држава, нема никаква корист од Русија, за разлика од нашите соседи (Србија, Грција...), кои се колнат во Русија!