Велес

М

Мартин`

Гостин
Мирен собир во Велес во чест на загинатите Македонци. Понеделник во 13:30 часот
Пред гимназија Кочо Рацин - Велес, се собираме во 13:30 за да запалиме свеќа и да оддадеме почит кон жртвите на масакарот во Радишани.


Кој може нека дојде утре!
 
M

Moon Child

Гостин
Сега коментирав на фб на настанот, а ќе искоментирам и овде, затоа што е срамота! Стиснале дека ќе присуствуваат само 103 луѓе :facepalm: Да идеше Паткар да пее на базент ќе се пријавеа 500. Велешкиот народ попрво ќе дреме по кафичите и лезетски ќе пие кафе, отколку да оддаде почит на деца кои трагично загинале. Истото беше и летото на протестите против полициската бруталност, кои доживејаа невидено фијаско во овој град. Со ваква паразитска Омладина овој град немора да се секира за својата иднина, и онака за некое време само пензионери ќе живеат овде. :facepalm: А и се кладам, рака во оган ставам дека само 30 луѓе максимум ќе има утре.:facepalm:
 
M

Moon Child

Гостин
Ајде да ја наредиме некако, да собереме шо имаме на некоја рандом локација, пример кај Кочо споменикот и да одбереме време и датум. После тоа ќе се снајдеме како да им ги однесеме работите. Децата учат во Васил Главинов, можеме таму да прашаме како може да се однесе донираното.
 
G

Gray Foxx

Гостин
Ајде да ја наредиме некако, да собереме шо имаме на некоја рандом локација, пример кај Кочо споменикот и да одбереме време и датум. После тоа ќе се снајдеме како да им ги однесеме работите. Децата учат во Васил Главинов, можеме таму да прашаме како може да се однесе донираното.
Абе се убаво, али да видам дома шо иам. Пошто моите стари XL блузи не веруам дека ќе им бидат точни. А само облека ли да донираме? Нешо пари во плико?
 
M

Moon Child

Гостин
Абе се убаво, али да видам дома шо иам. Пошто моите стари XL блузи не веруам дека ќе им бидат точни. А само облека ли да донираме? Нешо пари во плико?
Читав може и училишен прибор да се донира, тетратки, боици... Било шо. Па и пари ако може зошто да не. Јас ќе видам шо имам дома, ама тешко оти имам сестра и немам машки алишта дома, ќе прашам од братучед ми и плус ќе тркнам да земам некои тетратки и слични работи.
Да се собереме повеќе луѓе од форумов ако има одзив и да биде тоа кај Кочо споменикот. Може и да се направи некој ивент на фб, па ако види некој да дојде да донесе што има :)
 

Terebellum Sagittarii

Несопирлива
Член од
25 јули 2007
Мислења
1.194
Поени од реакции
578
Директорката на основното училиште Васил Главинов, во кое учат четворицата браќа од велешкото село С`лп, ги отфрли изјавите на нивниот татко дека институциите не се грижат за нив. Таа вели дека за децата прават се што е во нивна надлежност, да ги згрижат додека се на настава и да ги добијат сите потребни услови како и останатите деца. Оброкот што го добивале на училиште, вели таа, децата го одбивале, со образложение дека не им се допаѓала и дека не им стасувала. На нивните родители им било понудено децата да бидат сместени во интернат, но тие одбиле. Градоначалникот им понудил да живета во градот под кирија, но и тоа го одбиле.
„Правиме се што можеме. Овие деца секокаш се на прво место. Е сега не ја бендисуваат храната, нивните родители одбија и да бидат сместени децата во интернат и да живеат под кирија. Тоа веќе е нивен проблем. Ни рекоа дека деца биле, па ќе скршеле нешто, па после ќе требале да плаќаат и слични други причини", рече Љиљана Николовска Коцева, директорка на ООУ Васил Главинов.
Директорката вели дека децата покажуваат слаби резултати на училиште, но и тоа го толерирале знаеејќи во какви услови жиеват тие. Апелираше до сите добронамерни луѓе да им помогнат на Филип, Спасе, Игор и Никола.



http://www.lisica.mk/statija/20675
 
М

Мартин`

Гостин
Таткото кажал дека веќе повеќе фирми, луѓе се јавиле дека ќе им помогнат парично/материјално. Плус еве и ново ..
http://kirilica.com.mk/vest.asp?id=69487

2500 карти минимум по 100 денари ете 250.000 денари ..
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.890
Поени од реакции
906
Шо беше тоа експлозијата денеска таму кај што се истураше отпадот од Топилница, пукна нешто многу јако и бел дим се крена во воздух?
 

intro

★ ★ ★★ ★
Член од
6 јануари 2011
Мислења
1.360
Поени од реакции
1.060
се срушило НЛО :свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom