Расколот и е и не е сериозен проблем.
Сериозен е, затоа што полека се губи единството во вероисповеста, на ниво од православна Црква, а на нејзино место доаѓа патриотизмот, што вистински, што лажен...Да не праам муабет за ширењето на протестантизмот и сличните „..изми„ на сметка на правослаивето. Така, наместо „...една, света, соборна и апостолска....„, Црквата стана не само помесна, туку и исполитизирана заедница од поединци. Тековно, верата се сведе на просто и механичко исполнување адети и обичаи, кои сами по себе, не се одраз на верувањето на духот, туку на ритуалот на телото.
Проблемот не е сериозен, затоа што се‘ додека во МПЦ-ОА се валидни Светите Тајни и молитвите, око не ми трепиња дали некој ја признава МПЦ. Така, проблемот со непризнавањето не останува само наш, туку станува проблем и на сите помесни православни Цркви, кои, глумејќи „дипломатизам„, се „вадат од небрано„, оправдувајќи го своето непризнавање на МПЦ со овосветно-исполитизриани проблеми, а не со канонски пречки за нашето непризнавање.
Решение за проблемот секако дека има, тоа најдобро го знаат упатените и продуховените во верата. Тековно, целиов Свет, вклучувјаќи ги и помесните Црви, се наоѓа во тежок хаос, на кој не му се гледа крајот, а историските искуства не‘ учат дека, од тој хаос, најчесто се раѓаат најопасните тоталитарни владетели на Земјава.
Најавуваниот нов вселенски Собор, се чини дека нема ни да се случи, а ако се случи, ќе биде нецелосен, и поради меѓусебното непризнавање на помесните Цркви, но и поради веројатното отсуство на римскиот преставник.
Но, овде ништо не е ново: Св. Ап. Павле веќе ни‘ најави дека во последните времиња, љубовта кај многумина ќе олади....Секако, Павле мислеше на љубовта во а не вон Црквата.