Математиката и тоа како можеш да ја одвоиш од природата. Прашај како!
Еве го прашањето: како?
--- надополнето: 19 април 2012 во 08:42 ---
Не е точно. Некој може да биде и атеист, а некој може воопшто и да нема став по ова прашање. Такви се, на пример, идиотите. За крај, имаш и професионални (природни и патолошки) скептици, кои по дефиниција се спротивни на верници. ...или можеби ќе кажеш дека и скепсата е верување во неверување?!?
То шо некој себе си се смета за атеист, тоа по автоматизам, не го исклучува и Божјото постоење, како што вербата дека атомот бил неделив, не значи дека атомот и остана неделив. Субјективизмот и личните „укуси„ не се предмет за расправија.
И конечно, Твоето повикување на исклучоци е бескорисно: правилата си имаат исклучоци, а исклучоците не градат нови/свои правила, туку само ги потврдуваат постојните (правила). Така, идиотите, кои се „симнати од умот„, се несоодветни и нерелевантни за било каква споредба, оти и ионака се „надвор „од реалноста...
--- надополнето: 19 април 2012 во 08:49 ---
Тоа и Е проблемот со твојата перцепција во случајов. Математиката, Мики1, не постои! !
Јааааа...
Питагорејците, на пример, тврдеа дека „..нештата се
броеви со
геометриски лик...„.
Кант, на пример, сметал нешто слично на претходно напишаното: дека човековиот ум, во интеракција со „надворешната „природа, гради свој начин на разбирање на тој надворешен Свет, разбирајќи го Светот во неговата геометриско-аритметичка уреденост.
Според Аристотел пак, душата, во својата предестинација во светот од идеите, можела да ги гледа геометриските фигури/тела.
Тоа одлично го знаеле старите мајстори (архитекти, сликари, скулптори...) кои обилно ја користеа и аритметиката и геометријата во своите дела.
И сега, како ќе речеш дека математиката не постои?
--- надополнето: 19 април 2012 во 08:57 ---
Хм....што мислиш дали следнава поставеност на работиве не е бинарна:
Добро и зло, Ангели и Демони. Пекол и рај. Грешник и верник.....?
Сметам дека механичкото применување на тазе компонирани категории, како што е „бинарноста„ примента во духовноста, е несоодветно.
„Добро и зло„, тоа се категории на духот а не на физичкиот Свет. Ангелите и демоните, како духовни битија, не подлежат на физичките закони од овој Свет. Пеколот и Рајот (барем за сега...) се состојби на душите од покојните, а не „опипливи„ нешта.
„Грешник и верник„, и тие се духовни а не програмерско-електронски категории...
--- надополнето: 19 април 2012 во 09:05 ---
Времето како физичка величина постои само од причина што ние имаме потреба од тоа за да ги лоцираме и опишиме настаните а не како физичка реалност.
Така му доваѓа...
Нели, Х. Минковски ја има додадено временската координата „t„ на веќе познатиот просторен координатен систем, за да посочи дека еден настан, се случува на таа и таа просторна, но и таа и таа временска координата.