Well денеска си направив целодневна ескурзија (фудбал и ракомет)
Изгубив 8 часа, ама вредеше за ракометот
Вардар-Тинекс Пролет 30-22 (16-15)!
Иако тепавме со 8 гола разлика сепак Тинекс Пролет имаше нерешено се до 45-тата минута
Влегов некаде во 20-тата минута, и гледам само 14-13 за Вардар
Во тој момент бевме со скоро целосно Македонски состав на теренот, и мора да признаам дека тешко одеше во нападот.
Играа Чаневски, Маркоски, Јовчевски, Кукоски, Ојлески, Симовиќ и Карачиќ.
На полувреме се замина со 16-15.
Второто полувреме долго време не можевме да го скршиме противни8кот.
Мисовски човече
Не пресече со 7 одбрани во првите 10-тина минути.
Само 2 гола имавме дадено во овие минути, а Тинекс на два пати имаше шанса за водство но ниту еднаш не поведе.
Во меѓувреме се правеа замени, влегоа Столе, Додер, Петриќ и Милиќ.
Милиќ го затвори голот.
И двајцата голмани растураа.
Тинекс се мачеше во нападот, ама џаве кога Мисовски му фати контра на Ојлески, неколку шута на лазаров, и пенал на Лазаров.
Ојлески и Јовчевски ја изиграа целата утакмица, во сосема солиден ритам.
Собол и Марковиќ беа на трибините.
И тогаш Додер со два гола и Стоилов го отворија противникот.
Во наредна акција конечно Мисовски му одбрани удар на Додер и му вика НЕ ПИЈАМ НАФТА ЕБАТЕ
Во последните 15 м,инути кога влегоа споменатите играчи го скршивме отпорот.
Столе ги отвори.
Ужива во играта, се радува како мало дете, а имаше и неколку атрактивни моменти.
Се полнеше мрежата на Мисовски, а и Милиќ погоди пречка.
Најмубавиот момент беше акција во три потега која ја крена цела сала на нозе.
Милиќ фрли контра за Столе, овој низ нозе опродолжи до Ојлески кој со пут со ефе од затворен агол,м погоди низ нозете на Мисовски
До крајот лесно го присдоведовме мечот за лесна победа од 8 разлика.
Темелковски уште еднаш се покажа како тврд орев
Инаку судиите имаа неколку грешки на сметка на вардар по што непотребно се електиризираше атмосферата меѓу Додер и Вујо и неколку типови од гостинскиот табор кои единствени седеа во ложата
Мечот за жал го проследија само 150 гледачи.
Вардар имаше каква-таква поддршка од 30-40 членови на Комбат 87.
На крајот и трофејот од СЕХА лигата, по барање на дечките од Комбат помина низ рацете на гледачите
Заслужија денес полна сала, за да им се оддаде почит, ама за жал никој не ни знаеше за ракометот, а и искрено само јас од автобусот продолжив на ракомет
За крај да ги поздравам оние што ми дадоа етикета ТВ навивач
Што мислат дека е есно да се следи фудбал паралелно со ракомет/кошарка во ситуација кога стадионите и салата се на оддалеченост од 10-тина км од дома
Ако со 80% изгледани фудбалски мечеви (дома, гости и куп, притоа пропуштеното е заради забраната за гостување и немањето сопствен превоз, заради мечот Мак-Русија за бронза, и факс обврски), со 4 меча ракомет, 4 кошарка на Вардар и само еден пропуштен меч на мојата третолигашка екипа на домашен (и тоа тој денес дека ми се поклопуваше со Вардар
плус 3 на гостински, спаѓам во ТВ навивачи, ондак претпоставивам стадионите и салите се фул на секој првенствен меч