MIKI1
Поставувач на неодговорени прашања.
- Член од
- 10 јануари 2008
- Мислења
- 20.396
- Поени од реакции
- 3.398
Родот човечки е т.н. „одблесок Божји„. Како што Бог Е разумен и слободно волен, така Он не‘ створил и нас, како разумни и слободно волни. Доколку би било поинаку, т.е. доколку ние би биле живи автомати, се‘ би било однапред познато па дури и досадно.Не ја гледам логиката. Ако бог сака да луѓето се однесуваат во склоп на неговата Воља зошто и дал тогаш слободна воља сами да си бираат. Нели е порационално и логично се да Бог прави сам. Не дека би се заморил нели семоќен е. Искрено дури и се сомневам дека постои слободна воља...Секој човек е резултат на генетиката и околината 2 работи кој го прават каков што е а врз нив нема влијание.
На пример, во механички уредените системи, настаните се одвиваат по однапред познат редослед, каде сите настани само механички се (само)преповторуваат до бесконечност или барем додека системот има своја внатрешна енергија.
Кај живите битија, таа механичка повторливост, раѓа досада и монотонија.
--- надополнето: 18 април 2012 во 10:24 ---
Да, секој рационален одговор, кој се сведува на просто механичко толкување на некој настан или феномен, а притоа дадениот одговор не дава „нешто повеќе„; како на пример, смислата или целта од настанот или феноменот, за мене е промашен и незадоволителен одговор.Ти ствараат (раѓаат) тебе сомнежи. Ти реков исклучи го малку „писмото“ кога ги гледаш одговорите. Да не зборуваме за алхемијата (нека биде.... нели) на Јахве колку и какви сомнежи раѓа
--- надополнето: 18 април 2012 во 10:29 ---
Да, Бог допушта и несреќни околности, за кои (околности) најчесто самите сме си виновни, не барајќи исполнување на волјата Божја, туку барајќи го она кое го сметам(е) за ептен паметно или корисно, следејќи го свој ум. Со упаѓањето во несреќна околност, Бог го допушта злото, а воедно, ни‘ дава до знаење дека сме ограничени и беспомошни и конечно-смртни, наспроти врежаната претстава за наводната човекова сила и способност да ги планира и предвидува настаните и околностите.Каузалноста не е само прост збир од исклучиво материјално-енергетски-механички настан. Апсолутно е вклучен изборот на таквиот след на настани од страна на самата единка, или што би се рекло изборот е тој што го креира сиот тој прост збир.
Повторно во зависност од речникот изборот = слободната воља дадена од Бога, кој како милува.
Би рекол дека тука нема дилема околу ова прашање, се е јасно и кристално чисто, само напишано на различен "јазик".
Би те пршал околу среќната околност уште нешто.
Велиш Бог знае понекогаш да умеша прсти за да ја привлече единката кон него.
Дали вмешува прсти и во несреќната околност?