Масакрот кај Смиљковско езеро | Осудените пуштени да се бранат од слобода

makedonec_bt

Проф. по улични науки
Член од
15 април 2012
Мислења
146
Поени од реакции
102
Tii coveci so se u mvr znaat si ga podobro rabotata od nas site , ama dali smeet da kazat. Ako imaah nekoj informacii odma bi gi kazal da se pomogne i na mene me interesire nogo zalno kee nekoj makedonec da go napravil tava ama nii ne ni razmisluvame na tava , tava mi bese zboro.
scenarijata se gledaat ako si makedonec dali bi go napravil togash i poradi koja pricina a ako si albanec zoshto togash i poradi koja pricina albancite se nabliskite muslimani vo sosedstvoto zatoa jas imam takvo mislenje a isto taka mozno e da se ekstremisit od bosna ne bi me cudelo
 

аллександар

Вечно ненаспан
Член од
5 мај 2006
Мислења
7.381
Поени од реакции
2.522
ај вака. моја кратка анализа околу убиството и општо шпекулациите кои се појавија деновиве.


познавајки го местото каде што е извршено убиството можам да кажам дека е идеално за вакво грозоморен чин. во неколку постови наведов дека во близина на железарското езерце се све ниви! мислам дека на 100тина метра карши автопатот има некои си 2 3 куќи но прашање е и дали некој живее таму или се само напштени објекти (да не тропам глупости навистина незнам). - обиколницата односно автопатот не е толку прометен за да има некаков случаен минувач и да го забележал тоа. - и да имало таму се вози брзо така да и да поминао некое возило чисто се сомневам дека нешто е видено.

друго - има многу израснати трски околу и во езерцето па ништо чудно децата да биле клекнати и апсолутно да неможеле ни да ги видат „случајните“ минувачи кои се движеле по авттопатот.

могу е битно дали децата и жителот од смилковци воопшто ги извадиле трските бидејки отишле на риболов или пак целата опрема им седела во кола - зашто е битно ова. ако се потврди дека децата воопшто не ги ни извадиле трските тоа укажува дека се мета која претходно или била следена или пак биле чекани на самото место или пак во краен случај убијците веќе биле таму и чекале било кој да дојде за да направат такво нешто. доколку пак биле извадени трските тоа укажува дека сторителите се отпосле дојдени односно прво забележале лесна мета која не им претставува никаква опасност или закана за да извршат такво убиство.

петото лице кое е застрелано на неколку метра од нив 99% е сведок на случајот. - зашто? прва работа - убиен е во близина на своето возило ( фиат уно ) - оддалечен е од децата на стотина метра. е сега. ако се ориентираме според исказите на тие „стотина метри“ и сликите и снимките кои ги гледаме деновиве на интернет и телевизија тогаш ситуацијата е следнава: децата ловеле или од страна на езерото или од друот крај на езерото а тој од смилковци е во близина на автопатот односно споредниот пат. за да бидам попрецизен еве слика



црвените точки ги означуваат местата каде што ловеле децата ( или едната или другата бидејки не сум сигурен каде точно ловеле ) зелената точка е местото каде што е убиен жителот од смилковци ( според снимките и сликите кои деновиве се објавија на интернет и на телевизија )

понатака. - како што веќе спомнав бидејки во близина се само ниви и 2 3 куќи убијците можат да заминат во секој правец. најблиску им е бутел исто како и радишани љуботен и слично. арачиново им е малце подалеку но ако се со кола се стига брзо преку обиколница исто така ако одат по споредните патишта можат да стигнат до смилковци раштак љуботенски пат бродец и тн....

што се однесува до информацијата за пронајденото возило. тие викаат дека е пронајдено во радиус од 10тина километра од прилика - 10тина километра од ова место е одалечено љуботен (што немора да значи дека е таму најдено). - се поставува прашањето зашто би го оставиле возилото доколку биле професионалци како што ги нарекуваат - можеби од тоа место каде што го оставиле возилото ги пречекало друго возило па ги однело до сосема трета непозната дестинација, можеби е оставено намерно за истрагата да се однесе во погрешен правец значи неможе да се знае. - кажуваат дека возилото е донесено од странсво - ако е легално донесено односно преку граничен премни за тоа возило МОРА да има податоци во мвр дали од царина дали на граница при евиденција не навлагам едноставно некаде МОРА да има трага од тоа возило барем некоја камера ке го фатела некаде на пример на бензиска, на патарина и така натака во краен случај по серискиот број на шасија може трагата да се следи од неговото производство во фабрика па се до послдно лице кое го поседувало возилото без разлика што е од странство донесено. - регистрацијата на возилото е лажна која претхоно била на некој си мерцедес одјавен пред 7 години - податоци за регистрацијата и соопственикот на тој мерцедес има во мвр и тоа е неспорно - кога ке се дојде до овие информации човекот чии таблици биле искористени ( во случајов злоупотребени ) МОРА да знае нешто - што направил со регистрациите зашто не ги вратил назад во полиција и тн и тн и тн.

бидејки од мвр потврдија дека возилото било на местото на настанот тогаш кој и да се возел со тоа возило МОРА да има оставено траги, влакно од коса, траги од крв доколку останале на алиштата на убијвите, отпечатоци од нив и слично - во најмала рака отпечатоци СИГУРНО има на возилото.

незнам дали има сеуште полиција кај желзарско и дали воопшто можам да припарам до таму да направам неколку фотографии за подетално да ви ја доловам сликата од местото на извршување на злосторот - не сакам да си правам проблеми со полиција - бидејки ни новинарскиве куќи немаат сеуште слики претпоставувам дека местото е сеуште надгледувано од полиција и сигурно не дозволуваат пристап до него.

едит:

верувам дека мвр има многу повеќе информации отколку што изнесуваат (читај неизнесуваат) во јавност - верувајте некои информации навистина несмеат да бидат изнесени пред јавноста затоа што со тоа им се дава предност на убијците односно знаат колку им се блиску до трагата така да со оглед на ова - муабетите „од сигурни извори“ и не се баш некоја релевантна и точна информација. сега за сега све се темели врз основа на претпоставки и шпекулации
 
M

Moon Child

Гостин
Член од
29 ноември 2008
Мислења
192
Поени од реакции
22
И мене ... Мислам дека некој што нема врска со ова ќе го јаде на крај, радио големиот притисок врз владата и МВР.
Сами изјавуваат дека се блиску до идинтитетот, а со тоа ако за брзо време не ги откријат сторителите притисокот ќе биде уште поголем....
A zasto ve machi toa deka nekoj drug ke go jade a ne vinovni-kot- cite?
dali imalo takvi sluchaji kade nevin bil zatvoren ,osuden namesto vinovnikot?
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.611
Eве јас ке ви кажам нешто ново што дознав ... си биле децава на риба што си биле , тука блиску до нив уште едно дете си ловело ... у меѓувреме доаѓаат некои типови и почнуваат да се рчкаат со децава ... го фатило страв овој што ловел блиску до нив и си отишол , е сеа највероватно тој е тој сведокот !
Daj kazi neso poise .. Od kaj ti e informacijava ako ne e tajna .. koe e deteto drugoto itn itn ???
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.498
Аха, редит е најверодостоен извор и на него па сите му веруваат. Деца не се замарајте бе..
 

Channar

гастроентерохепатолог
Член од
3 јуни 2011
Мислења
199
Поени од реакции
255
Како што мислев и овој пат истото, што би рекле горниве: „Свако чудо за три дана“
 

Дивајн

блаблабла
Член од
3 април 2005
Мислења
15.748
Поени од реакции
1.855
Цел свет е игра, секој е пиун секаде, не го менува фактот дека сите животи се во опасност, тука и СЕГА, во 2012 година, ДОМА. Само заради тоа што си Македонец (ако си).
А ако мислиш дека НЕ Е ТАКА, ќе те прошетаме малку низ Гостивар, Тетово и Струга, ете дечкото пишуваше пред 2-3 страници, кажа како стојат работите..


Биди искрен, ако е возможно да бидеш, и кажи дали ако имаше дадено жртва твојата фамилија вака, истово ќе го збореше?
Лесни за манипулација.. цц, немате ли срам бе?
Абе тука се гледа кој пишува од што стварно, стварно го боли срце за дечкиве, а кој не,
немате ли грам срам бе..
Значи, нема никакви шанси да прочитам што се` сте изнапишале од завчера, но и со прескокнување, гледам дека не сте мрднале од мртвата точка и сеуште не сте успеале да ги најдете убијците. А толку пишани постови... ах:(
Многу луѓе сакав да цитирам, но од пуста мака, се решив само за еден. Таму кај што можам без лаги и фантазии да вратам.
И велиш Струга а? Која црна Струга сега ти присмета па тебе и како успеа да ја врзеш со убиствата? Дојди да те прошетам во Струга, па да видам кој ќе ти направи проблем. Ќе те прошетам и во 14 и во 03h. Ќе те прошетам и по чаршија, а и по секој сокак што ќе посакаш. Ќе седнеме на кафе и кај нашите и кај нивните. Ќе јадеме и кај нашите и кај нивните. Ќе те оставам да преспиеш и кај нашите и кај нивните. И што ќе биде од твојов муабет кога ќе преживееш и жив ќе се вратиш пред компјутерот? Ќе ми признаеш дека си тресел глупости без врска? До кога ќе читам вакви работи од луѓе кои своите ставови ги градат според вестите или интернет просторите каде секој како сака го прикажува својот живот. Преку глава ми е од луѓе кои не живеат тука да се плашат од градов и од луѓето во него, па уште и без да знаат како изгледа да се живее тука, да шират секакви ла*на муабети за нас. Глупости на кило и без крај!!!:facepalm:
Е сега, на кратко, тоа што ќе ми текне за останатите работи кои ми присметаа на темава.
Се жалите нешто со протестите... па јас не знам со кој памет? Прво, со кој памет правите протести, вие децата, кои појма немате зошто протестирате? Сите знаеме дека телевизиите лажат, ама не лажат снимките кај што се гледаат нападни појави, некои со прикриени лица, кои си го бараат убаво да си го добијат? Кај сто пати сте замолени од мустаклијана да не правите нереди за да не ангажира полиција и за вас, кај па вие паметните токму сега најдовте да и одите контра на тоа барање. Се знае кога е право време за протести. Тогаш кога ќе заврши истрагата, кога ќе се кажат (ако се кажат) убијците, па ако не сте/сме задоволни од изречената казна, може да излеземе цела држава да протестираме. Сега, апсолутно нема логика!
Па и полицијата ви била крива. Не сте дознале досега дека полицајците работаат како што им се кажува? Не сте дознале дека најчесто се осеќаат омаловажувани, затоа што смеат да реагираат само во најкрајни лоши испади и притоа повторно да внимаваат како? Не сте дознале дека често јадат суспензии ако реагираат спротивно на нареденото? И всушност, почитувате вие полицајци и тоа што го претставуваат тие, за да имате лице да зборите против нив? А и сето тоа на страна, ако сте западнале во раце на понервозни полицајци, мислите дека не е во ред што не ве пуштиле на Битпазар да се испотепате или испоубиете? Ах бре, барем да знаев кај испопаѓал паметот од луѓево, па да појдев да го потсоберам и да им го вратам.:(
Во секој случај огромна грешка беа детските групи. И било кој друг да бил, никој нема право да демолира нешто што сам не го купил и платил, никој нема право од така што му текнало да се групира и да бара друга група за тепање и нема право да се буни ако бил спречен да го направи истото! Секој неоснован револт се искажува дома... земете кршете инвентар по вашите домови, па може така ќе сте посмирени и тука и на улица. Тука не мислам на убиствата, затоа што ем не сте лично засегнати ем не знаете кој е виновникот за да имате кон кого да сте изреволтирани и во случај да ве погодила таа трагедија.
Како и да е, мене лично уште ми е чудно зошто се така уплашени и нејасни лицата на луѓето кои треба да го решат овој громорозен настан. Не ми дава надеж дека се` е во ред збунетата и стресена фаца на Гордана. Затоа често се мислам дека ова е нешто ван нашите можности за сфаќање и којзнае со што ќе се прикрие. Само се надевам дека со што и да се одлучат да прикријат, да не биде тоа нешто што ќе ја оцрни државава. Ако имаат мозок луѓето кои ни ја водат и чуваат, сега е време да го искористат, ама сите по ред!
 
H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Напредок во истрагата за петкратното убиство

СРЕДА, 18 АПРИЛ 2012 09:56


Истрагата за петкратното убиство кај Смилковското Езеро напредува полицијата располага со сериозни информации, кои треба да водат кон дирекно решавање на случајот.
Информациите, и од терен, и од граѓаните, се квалитетни, и ја носат истрагата во добра насока, рече министерката Јанкулоска, вчера и додаде дека не се отфрла и размислувањето, дека убиствата се класичен чин на тероризам .

Полицијата доби информации и за автомобилот `опел омега`кој, кога и од која странска држава го донел во земјава. Сепак Јанкулоска не сака да коментира дали извршителите оставиле биолошки траги во возилото за кое полицијата тврди дека има докази дека го користеле убијците.

Според полицијата злоделото е извршено од страна на професионалци, но нема информација за останати инволвирани во случајот кој евентулано му помагале на убијците кога бегале.
http://sky.mk/makedonija/20399-Напредок-во-истрагата-за-петкратното-убиство.html
Како што напоменав и јас професионалци..
 
Член од
17 август 2011
Мислења
10.260
Поени од реакции
18.215
што напредок има 5 дена освен колата ништо ново не видовме..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom