Осаменоста

  • Креатор на темата Креатор на темата Katerina :)
  • Време на започнување Време на започнување
Вака дали се плашите да сте осамени јас мислев дека нема да дојде тој ден но ете како што гледам се оди натаму...веќе имам 18 години и досега само еднаш сум имала дечко веќе ја изгубив вербата во љубовта и се мислам дали јас веќе некогаш ке имам дечко пошто поминаа 3 години јас сум сама незнам веќе што да правам .....се сум потажна и потажна ништо неможе да ме развесели

Готова си ти поминал животот...
Сериозно, 18 години? Цел живот е пред тебе! Сеа претпоставувам ќе упишуваш факс, ете ти огромен број на нови луѓе и другарства/заљубувања.
 
Батали таа работа, ако имаш пријатели не ти треба дечко/женско.
 
Абе,секс работници има..тоа ли е проблем ? :D
Финтава е некој да те сака..:D
hahaha seks rabotnici skupi se...vaka ti e za bez pari....sea da te saka....ima vreme i za toa... :D valjda posle redoven seks ke te zasaka :D :D
 
Вербата во љубовта е во самиот себе.Тоа што ти ги отвара вентилите се само твоите чувства кој не дозволуваат ти како личност да видиш тоа што самата гледаш и очекуваш другите да видат истото од тебе.Осаменоста одреден период може да биде добар дел од животот.Тогаш можеш лично да се видиш кој си.Каде си згрешил,каде може да се поправи тоа и каде ќе водат идните планови и остварливите цели.Ако го совладаш тоа си се совладал самиот себе.Ти си господар на својата судбина и капитен на својата душа :)
 
Вака дали се плашите да сте осамени јас мислев дека нема да дојде тој ден но ете како што гледам се оди натаму...веќе имам 18 години и досега само еднаш сум имала дечко веќе ја изгубив вербата во љубовта и се мислам дали јас веќе некогаш ке имам дечко пошто поминаа 3 години јас сум сама незнам веќе што да правам .....се сум потажна и потажна ништо неможе да ме развесели
Веќе имала 18 години ххахахах е баш си и голема,a дури и се секираш и си осамена оти долго време немаш дечко.Јао бре девојче немој да се секираш за дечко тоа ти е само главоболка.Уживај си додека можеш сама.
Имаш време ама баш да си поуживаш во животот.Не мораш да имаш дечко па да ти е убаво,верувај.;)
 
Кате ако ти помагне ова нешто, еве ќе ти кажам дека и кај мене е исто. Моите најдобри другарки си фатија дечковци од исто друштво, а јас немам. Значи ќе излажам ако кажам дека не сум се чувствувала глупаво во почетокот и не ми доаѓале мисли дека јас никогаш нема да фатам дечко. Ама... верувај дека дечкото не е решението за осаменоста. Јас еве на пример имам повеќе бенефиции од тоа. Еден ден ќе излезам со другарките и нивните дечковци, одеме на кафе или во кафич, си праиме муабет, слушнеш нови рамислувања. Тие во петок и сабота седат сами кај некој дома, а јас си одам во диско со другарки од клас или од населба и се забавувам. Значи, ми се зголеми кругот на пријатели. А ако сакаш да одиш со некое машко само за една вечер, тоа е веќе лесно, зашто ретко кое машко ќе одбие девојче. Па така и ќе видеш кој како карактер има, дали ти одговара некој таков покрај тебе или не. Е сега за сериозна врска и љубов, тоа нема некој што ќе ти каже дека е лесно да се најде. Но немој да брзаш да се врзуваш уште сега, имаш толку многу работи да проживееш. И воопшто не се замарај ако другите постојано те прашуваат зошто уште немаш дечко (зашто мене тој дел ми е најиритирачки).
Само излегувањето и дружењето можат да ти ги отргнат тие мисли од главата. А и ќе се изненадиш како срамежливоста сама по себе ќе ја снема. Дружи се, немој да седиш дома, и колку и да звучи нарцисоидно не можеш да кажеш не се чувствуваш секси кога ќе облечеш убав фустан, високи потпетици, црвен кармин... Сакај се себеси!!!
 
Нечини да си скроз осамен/а.
Осамен човек не претставува човек кој загубил дечко/девојка.
Осамен човек е оној кој нема семејство, оној кој ги загубил сите пари на коцкање и својот дом, алкохоличарите кои најчесто завршуваат сами, луѓето кои немаат ниту 1 пријател во животот итн.
Ако имаш барем еден пријател/ка кој ќе те викне за кафе, и ако имаш семејство со кое се гледаш секојдневно и безусловно те сака - тогаш си многу богат, а не осамен човек :)

Твојата ситуација ја дефинирам како очај за да се фати дечко.
Што се однесува на тоа, не се секирај, сите сме поминале низ такви периоди, вистинската љубов ќе дојде кога тогаш.
Потребно е време. :)
 
Знам дека немам доволна самодоверба сакам да ја стекнам но незнам што ми се случува би сакала да се подобри ситуацијава да ме примеќаат но не верувам дека би успело такво нешто и неможам сега некој што ми се свиѓа да одам и да му речам е кај си бе ми се свиѓаш а со него ни здраво не си велам
Имаш 18 години, ја тогаш не се замарав за такви работи. :) Се шалам, убаво ти кажаа во неколку поста дека понекогаш е подобро да си сам отколку со било кој. А осамена ќе бидеш се додека посакуваш и патиш да не бидеш осамена. :) Кога ќе го надминеш тоа, нема да бидеш осамена. А за да го надминеш тоа треба да надминеш и еден куп други работи, како тоа со самодовербата (обично за анксиозност станува збор). Кога ќе престане да ти биде непријатно да имаш тотално нормална комуникација со непознати луѓе и ќе можеш да си кажеш што ти лежи на срце без да се стегаш пред нив е тогаш може да се каже дека си добила самодоверба.:) Почетниот лек е зголемена социјализација, а ако твоите другарки те одјебуваат за дечковци, ич не ти требаат такви другарки. :)
 
sekoj e osamen onolku kolku samiot ke si odredi,,,ili vo najmala raka onolku kolku zasluzhil,,,,no na krajot sekoj e sekogash so samiot sebe
 
А шо мислите дали коа ке идам на факс ќе се променат нештата можеби ќе запознаам нови другари но се разбира никој нема да сака повеќе од тоа
 
А шо мислите дали коа ке идам на факс ќе се променат нештата можеби ќе запознаам нови другари но се разбира никој нема да сака повеќе од тоа
hahaha :) nemoj da si tolku sigurna deka nikoj nema da saka poise od toa...i bidi strpliva....so tek na vreme i decko ke si najdes.... :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom