Тоа што и Јуда бил присутен на Тајната вечера (т.е. востановувањето на Светата причест), е показател дека Христос дојде да не‘ спаси сите. Тука спаѓаат и неправедните, попут Јуда.
А Јуда е „лоциран„ крај неговиот бог, богот на самољубието, среброљубието и славољубието, според она кое отец Николај Турк го има видено.
Како е познато, местото од Јуда е пополнето со Матиј митникот, после изведената ждрепка.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:47 ---
ПС
Ова остана неодговорено:
Во наведениот стих, јасно е дека не се работи за „Царството Небесно„ во кое навистина ќе нема место за неправедните, туку се работи за „Неговото царство„, кое може да биде земно царство.
Читано контекстуално, се работи за одвојувањето на праведните од неправедните, на Судот Христов, при Неговото второ пришествие. Царството Небесно ќе настане после Судот, а под „Царство Небесно„ не се подразбира Рајот, туку состојбата од душите од праведниците во Рајот-непрекината радост и веселба, ради близината Христова.