Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.
С

Само Човек

Гостин
Ај сега кажи што имаше математика ама биди искрен.

Вакво сваќање за математиката имаат само луге кои не ја разбираат и секогаш тврдат дека до неа е проблемот т.е. не била доволно дефинирана.
Иначе за се во науката се зима нешто кое што се вика референтна точка која е докажана.
идев на натпревари и на ПМФ студирам за твоја информација
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
„Догма„ е неменлива црковна вистина, која е соборно прифатена, потврдена и докажана. Зад точноста од догмите, стои Духот на Вистината.

Да не постоеја догматите, Црквата, гледана низ текот од времето, ќе беше заедница од ликови, кои веруваат во „она„ кое духот (од овој Свет) ќе го донесе и однесе...
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
Е ај, биди првиот мангуп на форумов, кој „логично„ ќе објасни зашто е потребно „двојно вртење„ за опишување на „еден круг„.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:08 ---
Ако мислиш на честичката Басон спин 2 се мисли на две ротации околу својата оска и една ротација околу протонот и тоа тоа е карактеристично само за еден тип на Басон.
Мада у право си чудно е.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:33 ---
идев на натпревари и на ПМФ студирам за твоја информација
ПМФ е широк поим.
А на натпревари и јас имам одено а имаат одено и соученици кои и не ја сакаа нешто посебно математиката.
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Сепак е туѓо знаење кое ти ни можеш да го провериш а ниту ти паѓа на памет да го провериш. Од каде знаеш дека толку и толку железо треба да ставиш за да држи зградата на пр 10 степени по рихтер? Ти се срушила зграда досега (не дај боже :P) ?
Нема(м) потреба да го испитувам и предокажувам она кое некој, кој е квалификуван, го докажал. Родот човечки може да се потпре и на акумулирани знаења, мислам на знаења од и за овој Свет.

Според нашите прописи, објектите треба да издржат 9-ти степен од земјотрес, мерено по Меркалиевата (микро-сеизмичка) скала. Дури и тоа е дискутабилно...
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Но вие сте, кои издежавте со Мене во Моите напасти, и Јас ви ветувам, како што Ми вети Мојот Отец, царство, за да јадете и пиете на трпезата Моја во царството Мое, и да седнете на престоли и да им судите на дванаесетте Израилеви колена
Лука 22: 28-30

Ова Исус му го вели и ветува на своите дванаесет апостоли меѓу кои е и Јуда. Дали Јуда и покрај предавството сега седи на престолот во царството небесно заедно со Исус?

ПС
Ова остана неодговорено:

Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе го соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела
Матеј 13: 41

Како влегле соблазни и оние што вршат незаконие во неговото царство?
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Нема(м) потреба да го испитувам и предокажувам она кое некој, кој е квалификуван, го докажал.
Така ли? Добро.
Родот човечки може да се потпре и на акумулирани знаења, мислам на знаења од и за овој Свет.
Аха..... така и си мислев дека ќе речеш
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Тоа што и Јуда бил присутен на Тајната вечера (т.е. востановувањето на Светата причест), е показател дека Христос дојде да не‘ спаси сите. Тука спаѓаат и неправедните, попут Јуда.

А Јуда е „лоциран„ крај неговиот бог, богот на самољубието, среброљубието и славољубието, според она кое отец Николај Турк го има видено.

Како е познато, местото од Јуда е пополнето со Матиј митникот, после изведената ждрепка.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:47 ---
ПС
Ова остана неодговорено:

Во наведениот стих, јасно е дека не се работи за „Царството Небесно„ во кое навистина ќе нема место за неправедните, туку се работи за „Неговото царство„, кое може да биде земно царство.

Читано контекстуално, се работи за одвојувањето на праведните од неправедните, на Судот Христов, при Неговото второ пришествие. Царството Небесно ќе настане после Судот, а под „Царство Небесно„ не се подразбира Рајот, туку состојбата од душите од праведниците во Рајот-непрекината радост и веселба, ради близината Христова.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Тоа што и Јуда бил присутен на Тајната вечера (т.е. востановувањето на Светата причест), е показател дека Христос дојде да не‘ спаси сите. Тука спаѓаат и неправедните, попут Јуда.

А Јуда е „лоциран„ крај неговиот бог, богот на самољубието, среброљубието и славољубието, според она кое отец Николај Турк го има видено.

Како е познато, местото од Јуда е пополнето со Матиј митникот, после изведената ждрепка.
Разрешен од должност и Исус го повлекува ветувањето дадено на Јуда?
 

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Разрешен од должност и Исус го повлекува ветувањето дадено на Јуда?
Јуда сам го отфрли. Избра да го предаде (читај: продаде) Христос за 30 сребреника.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Јуда сам го отфрли. Избра да го предаде (читај: продаде) Христос за 30 сребреника.
Исус не го знаел тоа кога на сите апостоли собрани им ветил престоли и места во царствотонебеско како судии
 

Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949
Јуда сам го отфрли. Избра да го предаде (читај: продаде) Христос за 30 сребреника.
Но нели Исус токму за тоа и дошол? На кој начин Јуда имал избор, кога планот постоел дури и пред Јуда да постои?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Исус не го знаел тоа кога на сите апостоли собрани им ветил престоли и места во царствотонебеско како судии
Секако дека Христос знае(л) се‘, вклучувајќи го и Јудиното предавство, за кое Христос веќе им најавил на Апостолите. Види во Матеј, 17.22.

Но, Јуда не бил пречка за да се исполни она, кое Синот Божји го примил од Отецот: да дојде на Земјава и да пострада за спасение на Светов.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
А Јас тебе ти велам: ти си Петар и на тој камен ќе ја изградам црквата Своја, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат
Лука 16: 18

Но Он се заврте и му рече на Петра “Бегај од Мене сотоно! Ти си Ми соблазан, оти мислиш не за она, што е божјо, а за она, што е човечко“
Лука 16: 23

Исус прво мислел дека Петар е доволно верен за да биди темел на црквата па покасно му се обраќа на истиот тој Петар како сотона и саблазен
Што е Петар?
--- надополнето: 17 април 2012 во 14:59 ---
Секако дека Христос знае(л) се‘, вклучувајќи го и Јудиното предавство, за кое Христос веќе им најавил на Апостолите. Види во Матеј, 17.22.
.
А кои биле точно 12 Апостоли кои Исус ги избира од своите ученици. Пошто евангелијата не се согласуваат негде има еден апостол на друго место наместо тој има друг.. Има ли дефинитивен точен список на првите 12 апостоли избрани од Исуса?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Види во Матеј, глава 10. Тие се првиот ред Апостоли, 12 на број.

Вториот ред Апостили се 70, а двајца од Нив, Лука и Клеопа, со оние кои одеа со Христа кон селото Емаус.

Третиот ред Апостоли, се 500 или повеќе од тоа.
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Види во Матеј, глава 10. Тие се првиот ред Апостоли, 12 на број.

Вториот ред Апостили се 40, а двајца од Нив, Лука и Клеопа, со оние кои одеа со Христа кон селото Емаус.

Третиот ред Апостоли, се 500 или повеќе од тоа.
Тие 12 на број не се совпаѓаат со 12 кај Лука и во делата. Еден е исфрлен а уфрлен друг
Кој е најточниот список?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom