Цени на горивата во Македонија (поскапување и поевтинување)

  • Креатор на темата Креатор на темата deXterche
  • Време на започнување Време на започнување
Лично сум мерел, со полн резервоар од лукоил поминувам 70 километри повеќе отколку со полн резервоар на макпетрол. Нека си ги набијат тие ултра горива во газот!

А ова копиљињава отомански во општина тетово аир да не видат. Три години Лукоил бара дозвола да отвори бензинска станица во Тетово а овие си ги бранат веќе постоечките емка, макпетрол, студјеса, шпреса и други. А ние возиме неквалитетен бензин по цени од прва класа!:tapp:
 
Веќе неколку дена по ред цената на нафтата на берзите паѓа, конкретно северноморскиот бренд на нафта е во пад. Денеска е на најниска вредност од 118,7(беше 126) долари по барел а курсот на доларот е речиси идентичен со оној по кој беа формирани цените на нафтените деривати пред недела дена.
Ако се задржи ваквиот тренд би требало да има намалување на цените во малопродажбата!
 
A со грчки бензин наточен во грција ќе поминеш 140-150 км,а е поефтин од нашиот

Горивата на макпетрол беа ама сега се уште поголемо срање
грчкиот бензин точен на бензинска е поевтин од нашиот? ај прво провери па после пишувај ТЕ МОЛАМ... не за џабе пограничните премини се полни со грци на кои ептен им се исплати да дојдат до гевгелија да наполнат резервоар и да си се вратат дома...
 
Лично сум мерел, со полн резервоар од лукоил поминувам 70 километри повеќе отколку со полн резервоар на макпетрол. Нека си ги набијат тие ултра горива во газот!

А ова копиљињава отомански во општина тетово аир да не видат. Три години Лукоил бара дозвола да отвори бензинска станица во Тетово а овие си ги бранат веќе постоечките емка, макпетрол, студјеса, шпреса и други. А ние возиме неквалитетен бензин по цени од прва класа!:tapp:

За некој месец ќе има Лукоил и у Тетово.
 
Чекај, ќе се ребрендира петрол у лук оил, или само горива ќе користи од русиве? Ако е второто пак нема да им идам!

Знам дека Петрол се реновира комплетно, мењаат пумпи и останато. Мислам дека ќе се ребрендира само менаџментот ќе им остане истиот.
 
Знам дека Петрол се реновира комплетно, мењаат пумпи и останато. Мислам дека ќе се ребрендира само менаџментот ќе им остане истиот.

Исти курац, тие газдите по скржавци ги нема на веков. Подобро ќе беше да купеа некоја стара бензиска у град отколку кај петрол компани да инвестираат!
 
Исти курац, тие газдите по скржавци ги нема на веков. Подобро ќе беше да купеа некоја стара бензиска у град отколку кај петрол компани да инвестираат!

Не знам зашто би биле исти курац коа ќе работат како Лукоил. Инаку сосема логично е да ја земат таа бензиска, имаат една на Тетово-Скопје, сега еве им од обратна страна.
Патем, те излажав за менаџментот, променет е, сега остана едниот од партнерите :)
 
Ај ко сме веќе тргнале со пофалби за квалитет на гориво, еве и од мене уште една за Лукоил.Поради исти причини како претходните форумџии.А особено на подолг пат е посебно корисно.
 
Утре би требало цените на бензините да се намалат за 3-4 денари.
 
Утре би требало цените на бензините да се намалат за 3-4 денари.

Би требало ако се гледа цената на барелот и доларот во измининатите 2 недели.
Ама ако ја погледнеш дупката во буџетот тогаш личи дека ќе останат исти или евентуално намалување од 1-2 денари.
 
Би требало ако се гледа цената на барелот и доларот во измининатите 2 недели.
Ама ако ја погледнеш дупката во буџетот тогаш личи дека ќе останат исти или евентуално намалување од 1-2 денари.
Можеш ли да ми дадеш некој линк кај што можам да ја споредам берзата последниве 2-3 недели, во одност долар/барел?
Колку што разбрав цената на барелот е падната за 10 долари, па мислам дека со тоа треба цената да се намали МИНИМУМ 4 денари али да, има голема улога и тоа што го спомна ти. Ај ако не е тешко побараш и постирај ја тука, да споредиме
 
http://oilprice.com/commodity-price-charts?1&page=chart&sym=CBM12

Од овде може да се види дека во последните 2 недели брентот паднал од 125 на 119 долари, тоа се 4-5% намалување. Знаејќи дека половина од цената зависи од берзите а половина идат за буџетот значи би требало да имаме 2-2.5% намалување кај нас (тоа би биле 2 денари од 90).

http://www.x-rates.com/d/USD/EUR/graph30.html

Од друга страна вредноста на еврото е падната во однос на доларот што повлекува поскапување од околу 1%. Тоа би значело околу 1 денар на 90.

Сумарно би требало да се намалат во просек за 1 денар ( -2 заради цената на нафтата + 1 заради односот евро/долар)

Ови пресметки земи ги со резерва, бидејќи регулаторна бројките ги вади онака како што и' одговара на државата, а не на потрошувачите.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom