Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување
M

Mario Gómez

Гостин
Бобане дај кажи ја тактиката за до финале,како ќе им пристапиме....:D

А за реметот не сумњам,веројатно спремен ти е....:pos:
Еве ја тактиката, му ја пратив и на Јуп.

А за реметот, имам у нотепад пишано реферати.
 
Uli Hoeneß

Präsident
Член од
6 август 2010
Мислења
14.340
Поени од реакции
26.275

Chains

империја
Член од
15 август 2006
Мислења
761
Поени од реакции
678
Да пишам нешто во тема каде што сум на иста страна со Боби:) ( В А Р Д А Р ! )

Најголемиот меч во сезоната е пред момците. Сакам да верувам дека бледото издание против Мајнц било последица на штедењето на силите за Реал. Мора да се пристапи со максимум залагање, и беспоштедно да влеземе во мечот.

Нашиот напад мора да ја изигра најдобрата партија оваа сезона. Ако погледнеме во поставеноста, Рибери мора да го константно да го притиска Арбелоа,нема изговори, мора секој пат да го претрчува,бидејки знаеме дека Рибс оди скроз до корнер и центрира. Робен ќе има потешка задача ако се реши Мурињо да почне со Коентрао кој верувам е подобар дефанзивно. Марсело да биде стартер би било подобро зошто остава доста простор позади. Но Робс мора да биде во beast mode а не да се заебава како со BVB.

Мораме да пробаме да ја успориме играта,и верувам дека ќе успееме бидејќи играме таква игра со многу посед. Бидејќи овој Реал е можеби најдобрата контра машина моментално.Не смееме да им оставаме простор за брзи продори со две-три додавања. Швајни мора да изигра топ утакмица со паметни проигрувања во простор кон Рибс/Робс. Јас би го играл Крос пред Милер, заради токму таквите проигрувања. Милер може да влезе како џокер во второто.

Исто многу е важно да постигнеме први гол, знаејќи ги нашиве дека тешко се враќаат од негатива. Со ран гол може да диктираме темпо. Мора да се биде ефикасен бидејќи предната линија на Реал е убиствена.

Ќе гледам да стигнам на собиранката,секако ако се организира:)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Добро интервју на Ули: http://www.tz-online.de/sport/fc-bayern/hoeness-sky90-hans-joachim-watzke-erzaehlt-maerchen-2278307.html

Ќе издвојам тоа дека очекува кадарот квантитативно и квалитативно да се засили во очи на сезона по ЕП.

Вика и дека имаме сериозен проблем со медиумите - од една страна се притиска за поголем кадар со добри играчи од друга страна ако некој не игра одма по медиуми се јаде говна за тоа како „ѕвездата на Баерн е само на клупа“.

Неколку коментари и за Дортмунд... Вреди да се транслејтува...
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.189

Не знам дали му требаше ова на Ули. Сабајлево Вацке го пофали Хенес во една емисија дека Баерн е светлосни години пред Дортмунд и дека тоа е голема заслуга посебни и за Ули. Исто така Вацке тогаш кажа дека Баерн е број 1 клуб во Германија и не станува збор за никаков пресврт со Дортмунд. Вечерта па Ули многу глупо возврати. Знам дека поќепати годинава се дешавало Хенес да лупнет нешто пред важни утакмици ама мислам дека на погрешна адресе. Еве ќе издвојам некој изјави од Ули и ќе ги коментирам.

Прво викат дека Вацке кажува приказни дека за плати дава Дортмунд 45м Евра. Ке кажам само дека Дортмунд е Акционерско друштво и секоја година треба строго да објави каде одат парите значи секој може да види колку пари дава Дортмунд за плати. Исто така вика дека Дортмунд ако сака да биде успешен во Европа ќе мора да вложува поќе пари за плати. Тоа е точно и Дортмунд веќе почнува да дава поќе пари поради успехот и поголемите приходи но сепак плати од 10м како во Баерн никојпат нема да има во Дортмунд.

После тоа викат дека Дортмунд нема светски играчи за разлика од Баерн туку само има погладни играчи. Ја не ја разбирам оваа изјава. Дортмунд има играчи кој можат да се мерат со тие од Баерн, го покажаа. Да, Баерн има истакнати светски играчи како Рибери и Робен ама тие се веќе постари и докажани. Дортмунд има играчи како Геце, Кагава, Хумелс кој се на добар пат да станат светски играчи. И со самата изјава Хенес потврдува, дека Баерн покрај подобрите играчи 2 години по ред е зад Дортмунд.
Исто така дава пример за Гундоган дека демек во Баерн досега ќе бил одпишан а во Дортмунд не играше досега па заигра и демек му давале поќе време за развој. Поред мене малку контрадикторна е изјавата. Хенес значи признава дека млади таленти немаат големи шанси да се развиваат во Баерн ако не покажат добри утакмици од старт. Па секој играч подфрла на моменти, треба и малку поддршка од клубот како на пример кај Гундоган во Дортмунд.

После вика дека во Минхен има поќе притисок од медиумите. Да, и тоа е точно ама тоа не треба да биде оправдувајне пошто секој голем клуб има медиусмки притисок, на пример во Шпанија е уште поголем.

После пак дава контрадикторна изјава вика дека Дортмунд игра супер година но за да им даде почит прво треба и во Европа да покажат нешто. Плус викат дека имаа среќа против Баерн. Во ред, может имаа среќа ама и Баерн можеше првото полувреме 3 да прими значи не е опрадувајне.

После за акциите од Дортмунд вика дека ќе ги продава неговите пошто после победата на Баерн не се покачиле туку паднале, демек тоа било лош знак. ЈА би рекол дека акциите на Дортмунд од пред 2 години до денес постигна огромен раст и дека малите падови не треба да значат ништо. Очекувам со успехот на Дортмунд и во иднина да расте вредноста на акциите плус Вацке најави дека за првпат годинава ќе има дивиденда.

На крај барем вика дека пак би му помогнел на Дортмунд да испадне пак финансиска криза.

Пак ќе кажам дека Ули сака да земе притисок од тимот ама некој изјави против Дортмунд не му требеа пошто, како што реков, сабајлево Вацке го пофали Баерн и Ули и од Дортмунд ретко се слушаат истрели према Баерн.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Ај ќе ти цитирам една реченица што важи за Ули. :)
Can't teach an old dog new tricks.
игорче а за акциите на Дортмунд шо се фалиш толку да не се тргуваат у Франкфурт... да не влагаат и у DAX индексот.:icon_lol:

Bitch (dortmund) please (world class!) pfffff
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Прво викат дека Вацке кажува приказни дека за плати дава Дортмунд 45м Евра. Ке кажам само дека Дортмунд е Акционерско друштво и секоја година треба строго да објави каде одат парите значи секој може да види колку пари дава Дортмунд за плати. Исто така вика дека Дортмунд ако сака да биде успешен во Европа ќе мора да вложува поќе пари за плати. Тоа е точно и Дортмунд веќе почнува да дава поќе пари поради успехот и поголемите приходи но сепак плати од 10м како во Баерн никојпат нема да има во Дортмунд.
Поентат е во вотриот дел од тоа што си го пишал - прикаски се дека со 45 милиони за годишни плати ќе може Дортмунд да продолжи понатаму да се развива. Ќе скокнат апетитите, ќе скокнат акциите (акциите на играчите - на Борусија тешко :icon_lol:), па тогаш ќе видиме.

Сега успеавте да продолжите со Геце - тоа е одлично и за германскиот фудбал ама врти-сучи Дортмунд нема да може да понуди конкурентни плати кога ќе се вмешаат „големите“.

После тоа викат дека Дортмунд нема светски играчи за разлика од Баерн туку само има погладни играчи. Ја не ја разбирам оваа изјава. Дортмунд има играчи кој можат да се мерат со тие од Баерн, го покажаа. Да, Баерн има истакнати светски играчи како Рибери и Робен ама тие се веќе постари и докажани. Дортмунд има играчи како Геце, Кагава, Хумелс кој се на добар пат да станат светски играчи. И со самата изјава Хенес потврдува, дека Баерн покрај подобрите играчи 2 години по ред е зад Дортмунд.
Дортмунд и нема светска класа играчи „по име“. Ама затоа фудбал е тимски спорт и Борусија две години по ред е подобар тим од Баерн во БуЛи.

Исто така дава пример за Гундоган дека демек во Баерн досега ќе бил одпишан а во Дортмунд не играше досега па заигра и демек му давале поќе време за развој. Поред мене малку контрадикторна е изјавата. Хенес значи признава дека млади таленти немаат големи шанси да се развиваат во Баерн ако не покажат добри утакмици од старт. Па секој играч подфрла на моменти, треба и малку поддршка од клубот како на пример кај Гундоган во Дортмунд.

После вика дека во Минхен има поќе притисок од медиумите. Да, и тоа е точно ама тоа не треба да биде оправдувајне пошто секој голем клуб има медиусмки притисок, на пример во Шпанија е уште поголем.
Нема тука „демек“ ќе бил отпишан Игорче. Ова ти е поврзано со притисокот и медиумската околина во Баерн. Еден Робен имаше проблеми со тоа а не па некој нов Гундоган или некој сличен. Ако не запалиш од прва како засилување - бај бај.

Јбг тоа е Баерн, нема место и време Клоп да си експериментира и да гради во еден проект 2 години пред да дојдат резултатите. Мора многу побрзо да почнат да се вклопуваат коцките - ако не тогаш ќе летаат глави на тренери и играчи.

После пак дава контрадикторна изјава вика дека Дортмунд игра супер година но за да им даде почит прво треба и во Европа да покажат нешто. Плус викат дека имаа среќа против Баерн. Во ред, может имаа среќа ама и Баерн можеше првото полувреме 3 да прими значи не е опрадувајне.
Што е тука контрадикторно?

Вика дека ќе ви пружи рака кога и во Европа ќе направите нешто а не две сезони по ред да го лапате во прва рунда. Посебно оваа сезона во таа смешна група четврти да завршите...

За среќа против Баерн признавам не му требаше тоа, заслужено си изгубивме и крај на муабетот.
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Во право е Хенес моментално ДОртмунд нема world class играчи али има повеќе кој се на пат да станат тоа Геце,Ројс,Кагава,Левандовски,Хумелс.... но доколку почне Дортмунд да игра во ЛШ исто како и во БЛ ако продолжат вака со овој стил у БЛ да играат ѕверски а во ЛШ пак да испагаат тогаш ниеден од овие играчи се нема докажано надвор од БЛ види го само Хумелс ѕвер е во бундес али оваа година во ЛШ какви почетнички грешки правеше со 50% од головите беа на негов грб не за џабе и агентот на Левандовски изјави дека во Полска и секаде само Баерн се спомиња никој не го спомиња Дортмунд тоа е ради тоа што Дортмунд интернационално нема никаков успех. Е сеа ако почнат другава сезона Дортмунд да помине група и да игра таму 1/8 ,1/4 финале е тогаш е веќе друга прикаска
--- надополнето: 16 април 2012 во 13:54 ---
и во право си Баварец во баерн нема време за чекање исто така во интервјуто имаше прашање демек дали се каеш што не го донесовте Клоп место Клинсман и Хенес изјави дека малце се каел али дека и на почетокот Клоп му требаше време да почне во Дортмунд да го прикажува ова што го прикажува сеа дека во Баерн не се знаело дали ќе имал време да ги покаже своите квалитети можеше исто да му се деси ко Клинсман ако првата сезона имавме проблеми одма да го оптуштат, исто така Хенес во блиско минато го прашал Клоп дали можеби во иднина да бидеш тренер на Баерн и овој рекол да али сеа пред 2016 тоа малце тешко Вацке изјави нема никаква шанса да го пуштат пред истек на договор Клоп и како да го пуштат 70% од ова што е Дортмунд моментално е ради Клоп
 
Staufer

Драган Богдановски
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.533
Поени од реакции
22.189
Да, све е тоа во ред што го пишувате само едно морам да коментирам. Баерн со Клинсман баш покажа дека сака да спроведе модерен фудбал. Клинсман во тоа време беше славен за тоа што воведе нови методи. И Клоп тогаш веќе покажа со тим како Мајнц добри резултати не не беше уште име како Клинсман. Тука се напрај грешка ама тоа е не е Хенес крив за тоа. Ко видоа дека Клинсман и не е баш најнај го зедоа вГал. Добар потег поред мене и покажа резултати но забега малце ама и со Хенес со скараа и ништо од тоа. Со Хајнкес мислам дека донесоа докажан тренер за да се стабилизира тимот, тоа и му успеа но со Хајнкес не знам дали ќе може целиот потенцијал да се извади од тимој кој несомнено постој. Ја мислам дека влето, најкасно следното лето Хајнкес нема да биде поќе селектор и пак ќе бараат тренер ете како Клоп на пример.

Иначе за Клоп да ве подсетам дека првата години во последното коло со стариот тим што го наследи стана несреќно 6ти, потоа 5ти и сега 2 пати по ред шампион. Да, Клоп имаше време но сепак од старт даде резултати и со тек на време си оформи тим за свој концепт и тоа со многу малце пари. Читав дека последните години Дортмунд има дефицит од вкупно 5м Евра за трансфери а Баерн близу 100м. Баерн лани за плати вкупно давал 160м Евра а Дортмунд 57м Евра (официјални бројки сосе премии). Значи Дортмунд со помалку пари дава поќе резултати, ОСВЕН во Европа за тоа е во право Хенес. Иначе тоа најмногу му пречеше на Хенес поред изјавите, дека Дортмунд на секоје вика дека со помалку пари од Баерн ваѓа поќе. Јасно дека Хенес се нервира за тоа ама тоа е вистината.

Иначе да дадам мала критика. Не знам дали е потребно на пола тим да им се даде плата од 10м Евра годишно? Лам, Швајни, Рибери, Робен, сега и Гомез...тука се парите.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Тоа е тренд кој неможеш да го заприш, да даваш големи плати на играчите. Кажи ми ти како Баерн ќе ги задржи Швајни, Робен, Рибери, Лам и Гомез од нападот на Реал Мадрид, Барса и Манчестер, каде секој играч нормално сака да игра. Мора да им понудат астрономски плати за да ги задржат, тие играчи се јадрото на тимот. Проблемот на Баерн шо не спречува да сме само на врвот се лошата трансфер политика. Многу утнати трансфери и други ситници. Да не ги спомнувам утките у тој сегмент. И секако што се задоволуваат со добри 11 играчи и нејќат да вложуваат у клупа. Баерн сите ѕвезди ги задржаа и без оглед на тоа што имаше многу заинтересирани клубови. Успеавме да го задржиме Рибери кога Реал даваа над 60 милиони, и како ни враќа Рибс, СТРАШНА сезона! Додека иако се трудите вие да ги задржете играчите, само питање на време е кога ќе си одат. :)
 
Подполно си во право и со тоа што се утнаа трансферите. Ја на друго мислев, односно Баерн има пари и не мари да даде милион поќе или помалку за плата и тука гледам мал проблем. Со тоа се дује буџетот за плати. Замисли Баерн троши 160м за плати и тоа со мал кадер. Да дојдат уште 2-3 одма ќе крене уште плус. Ај за Рибери тогаш и ете за Робен оправдано се платине ама за Швајни, Лам па и Гомез сега не се потребни 9м Евра, во Реал тие сигурно не би зеле толку пари. Ама не само тие, Тимошчук зема сигурно доста голема плата, вБајтен највероватно исто па се збира тоа, тоа ми беше муабетот. За разлика од тоа Дортмунд се ценка колку може, ете и тие почна да даваат поќе пари на пример за Геце ама тоа 2 максимумот, кој бара поќе може да бара друг клуб пошто нема Дортмунд толку пари. Треба тука да се најде рамнотежа некоја.
А дека не е све до платата се виде кај Ројс, Баерн дупло му нудеше, значи има и други фактори. Гомез, Лам и Швајни иако редовно ги бараат во други клубови се доста поврзани со Баерн и не им е све до платата, тоа ми е муабетот.
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Иначе за Клоп да ве подсетам дека првата години во последното коло со стариот тим што го наследи стана несреќно 6ти, потоа 5ти и сега 2 пати по ред шампион. Да, Клоп имаше време но сепак од старт даде резултати и со тек на време си оформи тим за свој концепт и тоа со многу малце пари. Читав дека последните години Дортмунд има дефицит од вкупно 5м Евра за трансфери а Баерн близу 100м. Баерн лани за плати вкупно давал 160м Евра а Дортмунд 57м Евра (официјални бројки сосе премии). Значи Дортмунд со помалку пари дава поќе резултати, ОСВЕН во Европа за тоа е во право Хенес. Иначе тоа најмногу му пречеше на Хенес поред изјавите, дека Дортмунд на секоје вика дека со помалку пари од Баерн ваѓа поќе. Јасно дека Хенес се нервира за тоа ама тоа е вистината.

Иначе да дадам мала критика. Не знам дали е потребно на пола тим да им се даде плата од 10м Евра годишно? Лам, Швајни, Рибери, Робен, сега и Гомез...тука се парите.
Ете де - Клинсман не го доби времето кое Клоп го имаше. Клинсман сакаше да воведе сосема нови методи на работа, анализи, тренери од Америка, вуду свештеници и што уште не. Ули му даде одврзани раце ама кога за 6 месеци не се видоа резултати и кога од Барса бевме понижени со 4:0 одма летна Клинси.

Ако сакаме да бидеме фер до крај тогаш од кај знаеме што ќе беше ако Клинси останеше и после таа лоша сезона? Можеби ќе му запалеше проектот кој знае. Лично не верувам дека ќе успееше ама поентата е дека Клоп можеше да си дозволи 6то и 5то место со Дортмунд - и не само тоа - дури и „голем успех“ се сметаа тие две сезони додека во Баерн дури и титулата се смета „само“ како „исполнување на целта“.

И нема лутиш - во ред е тоа што во Баерн одма мора да дојдат резултатите и во Европа и во БуЛи ама лошото е што ниеден тренер во последниве 4-5 години не располагаше со кадар доволен да „игра на три свадби“ ко што Германциве викаат за БуЛи, ДФБ Куп и ЛШ. Едни беа сами криви (вГаал имаше одврзани раце и што напраи? - Го шитна Лусио а го зема Брафхајд, исто и Клинси - што очекуваш кога во 1/4 финале ЛШ со Барса влагаш со Лел и Брено во одбрана? Вуду куклите не помагаат ебате волот... Биди среќен што си изел само 4 парчиња на Ноу Камп), кај други мислам управата е повеќе крива (конкретно сезонава - зимава МОРАШЕ да се интервенира со 1-2 играчи за длабочна во кадар, посебно кога се виде дека и вБајтен а не Нерлингер да се подјебава со пола фанови со ебана фејсбук апликација... „Село гори баба се чешла“ муабет).

А за платите убаво пишал Боби. Ако сакаш конкурентна екипа за Европа немаш друг избор. Баерн не се вклучи во трансфер лудилиот и не исплаќање 100 милионски суми за трансфери и за тоа што Баерн е еден финансиски најздравите клубови во свет денес мора да и се заблагодариме на управата. Ама од зголемување на платите немаше бегање. Нема теорија еден Рибс, Робен, Швајни, Лам или Гомез без тие 10 милиони годинишно да ги држиш. Плус во Германија многу поголеми персонални даноци од Шпанија и Италија...

Ако сака и Дортмунд да направи нешто во Европа тој смешен буџет од 45 милиони ќе мора да се зголеми бар на 100че - тоа му беше муабетот на Хенес од интервјуто. ТВ права, спонзорства, мрчендајзинг... мислете му ја зш од некаде ќе ви требаат плус пари...
 
Член од
22 август 2009
Мислења
2.387
Поени од реакции
1.036
Нарамно Хенес сакаше да каже следниве години дека Дортмунд нема шанси да давачки од само 45 милиони цело време ќе се зголемуваат а за тоа дека Швајни и Лам нема да зимале по 9 милиони у друг тим везе нема. Лам претходниот договор едвај го продолжи во Баерн знам беше многу блиску до заминување кај и да идеше Лам ќе зимаше толку еден од најдобрите бекови во последниве 10 години за Швајни да непраам муабет пред да го продолжи договорот сите го бараа ако не го продолжеше во Баерн истите пари ќе ги зимаше и на друго место едини според мене што не заслужува 9 милиони е Гомез бидејќи колку и да дава голови нашата игра не зависи од него коа ќе не затворат Гомез го нема никаде и на крај пак чекаме од Рибери,Робен значи според меен Рибери,Лам и Швајни зимаат по 9 милиони заслужено,Робен си зима 7.5 до сеа таман му е со толку да му се продолжи договорот толку заслужува поради повредите. Како и да е се служувам Баерн цело време е на чекор да стане најдобар и не успева во тоа заради тоа што Хенес и ко нејкат да го направат тој последниот чекор да купат уште 2,3 играчи цело време купуваат само коа им е јајцето на газот таа сезона да не почневме толку лошо ни Робен немаше да го зееме се сеќавам камен бевме дури навивачите имаа испратено писмо па се решија да го земат Робен у последни 2,3 дена
 
M

Mario Gómez

Гостин
Во право се игорче, сите сме во право ние. :) Инаку претпоставувам утре со цела сила ќе навиваш за нас. :)

бтњ, колку јаки и цивилизирани дискусии водиме ние фановите на бундеслигата. Like a sir!:нинџ:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom