Собири и протести за петкратното убиство кај Смиљковско езеро

  • Креатор на темата Креатор на темата TpH_Bo_OkO
  • Време на започнување Време на започнување
Гледам младината на ес де ес со душа чека протести од каков било тип само за да прокењаат против власта,кај и да се и распеани гомна ќе бидат таму. По два дена сигурно ќе има контра-протест на младината на вмро.

Ни на едно ни на друго нема да присуствувам,маме им ебам лешинарско само чекаат немил настан да си ги покажат лицата,исто како некои луѓе од форумов. :cautious:

Само едно ќе кажам,сите што ќе одат вечер со партиски цели на протест,на сметка на 5 невино загинати луѓе,не се ништо подобри од самите убијци и им посакувам се најлошо во животот.

Некој ќе рмба од утро до мрак за да дојде до било какви информации за кои после ќе биде плукан дека ништо не работи а некој ќе си собира политички поени,така ти е тоа кај нас.
 
"ВМРО-ДПМНЕ со контра протести" контра протестиконтра протестиконтра протести

0.jpg
Озбилно ??
 
Леле ова паритииве го поделија народов, абе дали мора политика на ваков протест, пет млади Македонци се грозоморно убиени нашиве партии сега најдоја да собира поени и да го дела народов, после се чудиме оти ваква ние државава, па каква треба да биди со вакви неспособни политичари кои се трудат да го придобијата народов на сентименталност. Господа неспособни македонски политичари, гласови се добиваат со програма за економски развој на државата, придобивајте го народот со добра економска програма и привлекување на странски инвестиции, тргнетеги вашите валкани раце од вакви протести каде народот трба и мора да биде обединет.Не треба да се дозволи да се внеси политика во вакви протести, политичките пиуни и партиски војници да се отстранат од протестот и секој кој има партиско обележје експресно да биде отстранет од протестот, полицијата мора да го расветли случајот, и НАЈСТРОГО, да ги казни сторителите.
 
Момчето што го пиша тоа е саркастичен, затоа што правото на протест се уништува со тој „контрапротест„ - демек има граѓани што протестираат спротивно од првиот протест, ваква глупост, најсериозно, само во Македонија има, колку што знам.
Собир е оправдан, тоа го разбира секој, што не е на нечиј платен список. Мене не ми е јасно, како може на пари да гледаат и политики, кога деца егзекутираа на 1 километар од Скопје? Стварно жални луѓе, за мене се ист гад како и убијците, сериозно
Баш затова прашам... това зборува,дека една група луге сакат да оспорат правото на друга глупа луге да користат нивното право мирно да протестриат против едно,второ, трето... Jaс навистина сум збунет от вакво однесуване. Jaс погледнах на гугал мапс, колко е от центарот на Скопje до местото на криминалот. Па некаде отприлика само 6 километри во воздух е. Това е навистина загрижувачки.
 
Во држава во која и секојдневието на поединецот зависи од политичка партија ,каде што невладина организација заедно со синдикатот е поим за привезок на политичка партија никогаш нема да може да се искаже било каков став на народот.Јас сум сигурен дека Македонскиот народ како целина никогаш немаше да дозволи срамна референца,рамковен, територијална поделба,амнестија на терористи и толку голема злоупотреба на државни пари во сите последни 20 години.Затоа нема да видиме никаков спонтан протест на народот ни денес ни утре а и во догледна иднина како што ми изгледа...така се згаснува идентитетот на еден народ...полека но сигурно..
 
си иба мајката протестов уште пред да започне.

ај баталете - не одам. несакам никој да ми акне етикета дека сум вмроец или комуњар.
осеќам дека на протестов ке има некој што ке го праша камера зашто протестирате а тој/таа ке изгледа вака:


кога ке почнат да вкаат едни против влада други против јанкуловска трети сза подршка на мвр четврди за да оддадат почит.. тоа ке биде хаос !!!
 

значи ќе ви кажам и овде... sky, plusinfo, kurir, vecer... секогаш земајте ги со резерва напишаните статии од нив, па дури и не ги читајте. Не дека другите се поарни, ама овие се отидени до крај!

Нема да ме чуди да се изретардираат со контра протести, но нема да ме чуди, т.е. сигурен сум, и овие од „оригиналните“ протести да скандираат „Оставка“ и нешто друго против бркот...

Протестот треба сега да се направи за да се искаже почит кон дечките, а не да се плука по Петко и Станко...
 
Баш затова прашам... това зборува,дека една група луге сакат да оспорат правото на друга глупа луге да користат нивното право мирно да протестриат против едно,второ, трето...

Де бе па ти за цела историја си информиран, не знаеш што е контра-протест. :)
Туку шала на страна, во Македонија контра-протест погрешно се користи, јас мислам посоодветно е нешто како анти-протест. Контра-протест е протест против целите на оригиналниот протест, а во МК се работи за протест ПРОТИВ постоењето на оригиналниот протест. Тоа е, до толку е погрешно разбрана демократијата.
 
Де бе па ти за цела историја си информиран, не знаеш што е контра-протест. :)
Туку шала на страна, во Македонија контра-протест погрешно се користи, јас мислам посоодветно е нешто како анти-протест. Контра-протест е протест против целите на оригиналниот протест, а во МК се работи за протест ПРОТИВ постоењето на оригиналниот протест. Тоа е, до толку е погрешно разбрана демократијата.
Jaс тоа го разбирам, не можам да разберам како може да има контра протест на протест за масакар на 5 луге. Тоа не е нормално.
Има некоj коj оправдува земането на 5 човечки животи? Правенето на контра протест е един невероватен абсурд! Тоа не може да ми го побере главата...
 
"Не идам зашо не сакам некој да ми закачи етикета дека сум вмровец и комуњар"?Поглупа теза до сеа немам прочитано,они не ебат 20 год како сакаат и на крај нема да излагам на протест баш поради нив,нема да излагам само за да им удоволам на нив.Море ќе идам со Комити,они докажале барем последниве неколку години дека се антипартиски настроени и ако се појави некој сорос,морос може да му удриме по една воспитна и да не му текне веќе од дома да излага,а не да иде на протест само ради добивање на политички поени.
 
Поентата на манипулациите е да не дојдете,па полтроните да го преземат протестот.Коа протестираш искачаш ти ради тебе,а не ради некој друг.Не може некој да те тера да се дереш доле влада,ниту па може одредена група да го преземе протестот.Дозволувате да ве изманипулираат или и самите си сте полтрони па си најдовте причина да не идете.Поздрав.
 
Ако има контра-протест на протест за масакр на 5 луѓе, тогаш стварно губам секаква надеж.
Што е следно? Контра-протест на контра-протестот на протестот?

Inception нек си ебе матер...
 
Jaс тоа го разбирам, не можам да разберам како може да има контра протест на протест за масакар на 5 луге. Тоа не е нормално.
Има некоj коj оправдува земането на 5 човечки животи? Правенето на контра протест е един невероватен абсурд! Тоа не може да ми го побере главата...

Па ти викам де, не протестираат тие против гневот на граѓаните, туку против тоа да има протест и да се “вознемирува“ власта, или “недајбоже“ да изгуби поени власта. Или накратко кажано: смртта на 5 луѓе не вреди толку колку оние што треба да превземат мерки и да одговараат за пропусти. Тоа е и една од причините зошто цело време се случуваат немили настани и никако да се спречат. Фаќањето на убијците е само правда кон семејствата, но далеку дека со тоа се е решено ако не се превземат мерки за спречување.
 
Не, јас се селам од државава. Имав желба да пробам да средам нешто али народов во поголем број, не заслужува тоа за тоа што слуша покорно некои главучи. Ги делат луѓево во државава на две страни, луѓето кои живеат на иста земја, јадат ист леб, пијат иста вода, се движат по исти улици, дишат ист воздух и тоа заради тоа како гласале на избори. Да ти ебам политичарите. Да ти ебам и народот кој ги слуша покорно. Да ти ебам и медиумите кои ги слушаат што да пишуваат. Жал ми е што и покрај ваква ситуација, политичарите успеа во намерата да собираат поени врз телата на убиените. Премногу ми е морбидно ова што се случува.

Тотално сум разочаран и гневен сум премногу да продолжам на темава.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom