Прашања за Христијанството II

Статус
Затворена за нови мислења.

Aleksandar Nevski

Окултисти свих земаља ... чувајте се! Доваѓам!
Член од
9 октомври 2011
Мислења
1.074
Поени од реакции
350
Христос Воскресе!
Ви го честитам најголемиот Христијански празник со зборовите од Евангелието на Ангелот Господов упатен кон жените Мироносици: Зошто го барате Живиот меѓу мртвите? Тој не е тука, воскресна, како што рече...
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
За да препознаеш знак, треба некој претходно да ти го кажал знакот. Не може некој, па ни Бог, да очекува од тебе да препознаеш некој знак, кој тој не ти го покажал претходно.
Христос никаде не рекол дека Неговите следбеници ќе бидат препознаени по некакви си трикови со икони, фрески или огани (читај: самозапаливи свеќи). Во Светото Писмо овие знаци (икони, симнување оган од небото) се поврзани единствено со ѓаволот, со антихристот. (Откровение 13:13-15, Библијата)
Пред да продолжиме понатаму - фосфор ли е, оган од небото ли е?
--- надополнето: 16 април 2012 во 03:23 ---
Ставрогин;

Другарче, секој си го има своето време на располагање. Моето право како ќе го употребувам своето време мислам дека воопшто не те засега на ниеден начин. Или грешам?
 

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.277
Ќе испрати Синот Човечки Свои ангели и ќе го соберат сите соблазни од Неговото царство, и оние што вршат незаконски дела
Матеј 13: 41

Како влегле соблазни и оние што вршат незаконие во неговото царство?
 
Член од
19 март 2011
Мислења
18.984
Поени од реакции
40.198
Пред да продолжиме понатаму - фосфор ли е, оган од небото ли е?
--- надополнето: 16 април 2012 во 03:23 ---
Ставрогин;

Другарче, секој си го има своето време на располагање. Моето право како ќе го употребувам своето време мислам дека воопшто не те засега на ниеден начин. Или грешам?
Не грешиш, Твое време, твое право. Исто како што е мое право да те заебавам за тоа.

Ако?
 

n/a

Член од
28 декември 2011
Мислења
1.194
Поени од реакции
2.258
Не грешиш, Твое време, твое право. Исто како што е мое право да те заебавам за тоа.

Ако?
Ти си знаеш, зар можам да ти се мешам?
И ако е до заебанција, лесно праиме...
Само, ако донесуваме судови и квалификации - тоа ќе е друга работа... не дека сакам или пак можам да ти го одземам и тоа право, само не ќе е зафрканција во тој случај.
А за културна дискусија не е проблем.... ако не ти е под ниво да дискутираш со луѓе со интелигенција на смачкан домат...
Поздрав
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Би сакала copy-paste да му направам на постов. Мојт?
Слободно, ако е со добра намера.
--- надополнето: 17 април 2012 во 10:53 ---
Прават еден круг, одмараат малку, па прават уште еден.
Благодарам за Вашиот исцрпен одговор.

Но, мене пак не ми јасно, а и немам видено: како може една честичка да се „сврти„ два пати/два круга (720 степени), а да опише само еден круг (360 степени)? :unsure:
--- надополнето: 17 април 2012 во 11:01 ---
Гледам дека сте Православен Христијанин. Кажете ми со кој личен духовен опит ја верифициравте Библијата и вашата вера и како изгледа тоа?
Во Црквата, духовниот опит започнува со отворање на т.н духовни очи, каде умот, кој поверувал во Бога, стекнува способност да ги „види„ личните гревови, и воопшто, да ја види огревовеноста на своето битие (дух-душа-тело), но и стекнувањето желба за поправање на таа отпадната состојба, преку барање лек за истата. А лекот, е, разбира се, самиот Христос, лекарот на душите и телата.

Така, секој верник-почетник, може да ги види своите гревови, од каде и почнува духовниот раст, кој може да се надоградува се‘ до состојба, во која верниот може да стекне и разни способности: од увид во туѓите души, од пророкување, до лечење болни и воскреснување мртви и конечно, до Боговидение.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Но, мене пак не ми јасно, а и немам видено: како може една честичка да се „сврти„ два пати/два круга (720 степени), а да опише само еден круг (360 степени)? :unsure:
Ни мене не ми е јасно, и што со тоа? Што врска има тоа со МПЦ и православието или христијанството?

Потпрашање за тебе. Која количина цимент и железо е потребна за плоча 10х10 метри во куќа на 3 спрата? Провери во некоја лабараторија или користиш туѓо знаење?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ни мене не ми е јасно, и што со тоа? Што врска има тоа со МПЦ и православието или христијанството?
МПЦ нема врска со суб-атомските честички со спин 2, туку муабетот ми е: ако некој од неверните бара „логика„ во верско-духовните нешта и не ја наоѓа (логиката), истиот тој, нека даде „логично„ објаснување за „вртењето„ од два круга, за опишување еден (!) круг....

Нема логика, така?
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:04 ---
Потпрашање за тебе. Која количина цимент и железо е потребна за плоча 10х10 метри во куќа на 3 спрата? Провери во некоја лабараторија или користиш туѓо знаење?
Се‘ зависи колку е пресметаната дебелина од плочата и процнетот на армирање на пресекот од плочата, и од тоа, пресметаната кубатура за потребниот бетон, и конечно, бараната марка бетон, а согласно то, бараната рецептура за бетон по м3 бетонска маса (вода, цемент, камен агрегат и неговите фракции...), на која „иде„ цца 350-400 кг цемент на 1м3 бетон. И све то, помножено со бројот од плочи во објектот....:D
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
МПЦ нема врска со суб-атомските честички со спин 2, туку муабетот ми е: ако некој од неверните бара „логика„ во верско-духовните нешта и не ја наоѓа (логиката), истиот тој, нека даде „логично„ објаснување за „вртењето„ од два круга, за опишување еден (!) круг....

Нема логика, така?
Логика ИМА, кој сака ќе научи и ќе ја најде. Мене ми нема логика од прав да се добива бетон, ама ти го користиш тоа така?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Логика ИМА, кој сака ќе научи и ќе ја најде.
Е ај, биди првиот мангуп на форумов, кој „логично„ ќе објасни зашто е потребно „двојно вртење„ за опишување на „еден круг„.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:08 ---
Мене ми нема логика од прав да се добива бетон, ама ти го користиш тоа така?
Бетон не се добива од прав, туку од мешање: вода, цемент, камен агрегат, воздух, адитиви и сл.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Е ај, биди првиот мангуп на форумов, кој „логично„ ќе објасни зашто е потребно „двојно вртење„ за опишување на „еден круг„.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:08 ---


Бетон не се добива од прав, туку од мешање: вода, цемент, камен агрегат, воздух, адитиви и сл.
Цементот не е во прав? Или? И од кај знаеш дека треба 350-400 кг цемент? Во која лабараторија ти тоа испита? Твои сознанија се тоа или туѓи?
 

MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Цементот не е во прав? Или? И од кај знаеш дека треба 350-400 кг цемент? Во која лабараторија ти тоа испита? Твои сознанија се тоа или туѓи?
Цементот е во прав, оти е последица од одреден технолошки процес за негово добивање, со печење лапор-глина и потребни додатоци, со кои се добиваат различни видови цементи.

Пропорцијата за добивање потребен/баран бетон, се состои во потребните испитувања со користење рецептури за истиот. Ти испитувања се нечии/лабораториски, или проби на лице-место (на градилишите), преку кои се добива оптимална пропорција/рецептура за одреден бетон. Кој работел на изведување објекти, може и самиот да испита дали одреден бетон е доволно добар/јак за одредена конструкција.
 
С

Само Човек

Гостин
ние сме научници, ние сме социолози, правници, психолози, философи, ние нашите ставови ги засноваме врз рационална основа, а црквата е систем на догми и недокажани тврдења. Црквата е конзервативна, а ние мораме да ги отфрлиме старите сфаќања и да го прифатиме она што модерниот свет го води напред“.

Со други зборови, тие сакаат да кажат дека она во што тие веруваат е правилно, а она во што оние кои не се сложуваат со нив веруваат, е погрешно. Сама по себе, ова е сосема тоталитарна и претенциозна логика.
Сите науки се засновани на догми. Сите. Почнувајќи од математиката каде што тие се нарекуваат „аксиоми“ (тврдења кои се очигледни) и „постулати“ (тврдења кои не се очигледни, ама ако се прифатат за точни и се користат при пресметки, во пракса не се случуваат грешки).

Во општествените науки, од кои потекнуваат сите наши самонаречени интелектуалци – атеисти, скоро и да нема аксиоми (освен Бејконовата „знаењето, само по себе, е моќ“) и сите такви науки се засновани исклучиво врз постулати.
--- надополнето: 17 април 2012 во 13:23 ---
Е ај, биди првиот мангуп на форумов, кој „логично„ ќе објасни зашто е потребно „двојно вртење„ за опишување на „еден круг„
каде е логиката. Поентата е дека атеистичките интелектуалци ја сакаат својата логика, а се против логиката на другите.
 
Член од
17 јануари 2012
Мислења
1.044
Поени од реакции
644
ние сме научници, ние сме социолози, правници, психолози, философи, ние нашите ставови ги засноваме врз рационална основа, а црквата е систем на догми и недокажани тврдења. Црквата е конзервативна, а ние мораме да ги отфрлиме старите сфаќања и да го прифатиме она што модерниот свет го води напред“.

Со други зборови, тие сакаат да кажат дека она во што тие веруваат е правилно, а она во што оние кои не се сложуваат со нив веруваат, е погрешно. Сама по себе, ова е сосема тоталитарна и претенциозна логика.
Сите науки се засновани на догми. Сите. Почнувајќи од математиката каде што тие се нарекуваат „аксиоми“ (тврдења кои се очигледни) и „постулати“ (тврдења кои не се очигледни, ама ако се прифатат за точни и се користат при пресметки, во пракса не се случуваат грешки).

Во општествените науки, од кои потекнуваат сите наши самонаречени интелектуалци – атеисти, скоро и да нема аксиоми (освен Бејконовата „знаењето, само по себе, е моќ“) и сите такви науки се засновани исклучиво врз постулати.
Ај сега кажи што имаше математика ама биди искрен.

Вакво сваќање за математиката имаат само луге кои не ја разбираат и секогаш тврдат дека до неа е проблемот т.е. не била доволно дефинирана.
Иначе за се во науката се зима нешто кое што се вика референтна точка која е докажана.
 

Атеист

Дежурен Шаман
Член од
2 февруари 2010
Мислења
7.682
Поени од реакции
4.921
Цементот е во прав, оти е последица од одреден технолошки процес за негово добивање, со печење лапор-глина и потребни додатоци, со кои се добиваат различни видови цементи.

Пропорцијата за добивање потребен/баран бетон, се состои во потребните испитувања со користење рецептури за истиот. Ти испитувања се нечии/лабораториски, или проби на лице-место (на градилишите), преку кои се добива оптимална пропорција/рецептура за одреден бетон. Кој работел на изведување објекти, може и самиот да испита дали одреден бетон е доволно добар/јак за одредена конструкција.
Сепак е туѓо знаење кое ти ни можеш да го провериш а ниту ти паѓа на памет да го провериш. Од каде знаеш дека толку и толку железо треба да ставиш за да држи зградата на пр 10 степени по рихтер? Ти се срушила зграда досега (не дај боже :P) ?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom