Уживајте во чудото што се случува секоја година на секоја Велика Сабота кога во храмот се моли Ерусалимскиот Православен Патријарх. Тогаш од небото слегува Светиот Оган и за неколку минути ги нема карактеристиките на вистински оган и неможе ништо да изгори.
1. Не се симнува никаков оган од небото, туку се работи само за свеќи кои што се „самозапалуваат“. Ова мора да се разјасни затоа што некој може ќе си помисли дека вистински оган се симнува од небото.
2. За разлика од водачите на црквата св. Димитрија, патријархот во Ерусалим не дозволува инспекторен конзерваторски тим да влезе и да го прегледа свеќите пред тие да се сапозапалат.
3. Многу е лесно да направиш свеќа што ќе се самозапалува. Само треба да ги имаш потребните хемиски соединенија. На пример, познато е дека белиот фосфор се самозапалува на собна температура, па затоа истиот не ни можете да го најдете во слободна состојба, туку најчесто се растворува во јаглерод дисулфид (CS2). Впрочем студентите на хемија прават нешто слично на тоа во 1ва или 2ра година. На парче ткаенина истураат бел фосфор растворен во јаглерод дисулфид (CS2) и чекаат CS2 да испари. Кога CS2 ќе испари, белиот фосфор се самозапалува и ја пали ткаенината.
4. Случајно или не, еден мој пријател го посети Ерусалим и ми донесе од тие свеќи кои што ги продаваат пред храмот. Тие се завиткани во факел, 33 на број (колку што имал години Исус) и пишува на нив Ерусалим. И погоди што направив?
Ги запалив и мафтав (се „миев“) со раката во огнот ИСТО ТОЛКУ време колку што и луѓето на јутјуб клипчињата мафтаат со рацете околу огнот. Ниту јас не добив изгореница. Следното што го пробав беше запалив од нашите жолти свеќи и тој оган го движев по раката ИСТО ТОЛКУ време и ниту јас не добив изгореница
Луѓето мислат дека ако ја стават раката внатре во пламенот дека таму е најжешко. Но не е така. Најжешкиот дел од пламенот е над него. Ви препорачувам да го направите тој експеримент и самите дома, бидејќи се што ви треба е запалка и свеќа (свеќи) Колку повеќе свеќи имате, толку пламенот ќе биде поголем и толку повнатре ќе можете да ја ставите раката - таму каде што не е многу жешко. Значи колку повеќе свеќи, толку поголем пламен, толку помалку топло ќе биде во внатрешноста на пламенот, толку повеќе време ќе можете да ја држите раката внатре.
И уште нешто, ако тој оган навистина е благодатен и ако навистина не предизвикува изгореници, тогаш зошто луѓето мафтаат со раката само максимум 5-6 секунди? И зошто воопшто мафтаат? Зошто едноставно не ја стават раката во огнот и мирно да ја држат?
На тој начин топлината ќе се фокусира само на едно место на кожата и ќе предизвика изгореница, па затоа и мафтаат, за топлината да се преместува рамномерно низ кожата и да не ја изгори.
5. Кога еден ден ќе се појави антихристот и кога тој ќе направи посензационално чудо со кое што ќе симне вистински оган од небото и тоа ПРЕД луѓето, многу луѓе ќе му се клањаат со челата до земјата, а
најсклони на таа измама ќе бидат оние кои денес се импресионирани и фрапирани (да не речам хипнотизирани) од самозапалувачките свеќи во Ерусалим.
"И видов друг ѕвер, како излегува од земјата, и имаше два рога, како кај јагне, а зборуваше како змев. И тој ја вршеше власта на првиот Ѕвер, пред него, и направи земјата и нејзините жители да му се поклонуваат на првиот Ѕвер, чија смртоносна рана беше залечена. И правеше големи чуда, така што и оган симнуваше од небото на земјата пред луѓето. Тој ги заведуваше жителите на земјата со чудата, што му беа дадени да ги прави пред Ѕверот, велејќи им на жителите на земјата, да направат икона на Ѕверот, кој имаше рана од меч и остана жив. " (Откровение 13:11-14, Библијата)