Види што ќе ти кажам, „илинденке“, потполно те разбирам, а јас само ќе ти одговорам малце попрагматично и не директно. Дилемата како до нормала во Македонија, не потекнува од сега или од 2001!, таа потекнува уште од 1945, море и од пред тоа, а најверојатно од доаѓањето на османлиите на Балканот. Значи проблемот со албанците не е од сега, за овој проблем главите си ги кршеле помалце или повеќе политичарите на македонска страна во последните 60 години и тој проблем не сме го имале и имаме само ние. И уште нешто ќе ти додадам, воопшто, проблем со малцинства, не имаме само ние, туку цел Балкан и Европа.
Како реален човек, мора да погледнеш на некои факти во историјата и тоа процент на албанското население пред 60 години во Македонија, нивниот статус во тогашна СР Македонија, нивните човекови права, истото во Косово, потоа погледни го нивниот политички статус и нивната бројчаност денес во Македонија, погледни ја историјата на Косово, а потоа фрли еден поглед врз развојот на малцинствата во другите држави на Балканот и во Европа.
Дали не можеш да дојдеш до никаков заклучок?