Кога внесуваш повеќе калории од што трошиш тогаш е разбирливо дека се накачува телесната тежина.
Ти очигледно си претерал чим не си задоволен од својот изглед.
Затоа не ја обвинувај теретанта, туку самиот себе што неможеш да се држиш до режим на исхрана кој сигурно и точно ќе ти помогне во остварувањето на целта, било тоа да е намалување на мастите, или зголемување на телесната тежина.
Ме мрзеше да ти го читам цел пост, но со сигурност ќе потврдам дека ова дефинитивно не е начин на исхранување доколку целта ни е мускулест изглед.
Незнам, можеби во 1944, сега 70 години подоцна, имаме поусовршени диети, каде што е морално конзумирање на протеини, јаглехидрати и здрави масти во еден оброк.
Големата заблуда од дамна е разрешена, а тоа доколку сакате да слабеете, трошете повеќе калории одошто внесувате.
Има премногу калкулатори по интернетов каде што според висината, тежината и физичката активност ќе ви кажат точно колку калории да внесувате за да почнете да слабеете.
Еве еден од нив.