♛ Монте Карло 2012 (Rolex Masters) ♛

  • Креатор на темата Креатор на темата The King of Clay
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Долгополов е во мизерна форма во последно време, башка и фризурата му се совпаѓа со формата, така да не би требало да има некои фрки Новак со таков тип на тенисери, каде повеќе им одговара брза подлога.
 
Да за Долгополов сте во право, тој има некој чуден стил на игра, со некој ситни слајсови... Да го гледаш Долгополов против некој од топ 3 и да го гледаш против некој друг тенисер, е како двајца различни да гледаш. Многу со страв влегува во дуелите со фаворитите и се губи потполно и мава некој 2 метарски аути.
А Томиќ вистина е повеќе за на брза подлога, ама голем талент е, има голем потенцијал Томиќ, можеби за иден Топ 5 тенисер. Ќе видиме како и да е...
 
Интересен ждреб, според мене доколку стигнат да играат меѓусебе, Ѓоковиќ и Ферер ќе одиграат еден јак натпревар, но сепак за победа би ги избрала Ферер, кој уште одма има интересен противник(Андерсон-Белучи), очекувам Белучи и да му направи некои проблеми на Ферер, бидејќи игра многу добро на оваа подлога, Мареј не би требало да има проблеми, освен ако не ‘’изненади’’ како во И.Велс., и го гледам во полуфинале,.Од вториот дел како фаворити освен Цонга и Надал би ги издвоила Алмагро и Симон, па и Љубичич зависи од мотивација бидејќи ова му е последен турнир.
Да беа Федерер, Гаске, Иснер,Дел Потро ќе беше по интересно но и вака очекувам интересен турнир.
Мареј до титула !!!:)
 
Малце тешко тоа, посебно дека станува збор за најспората подлога... ;)
 
Иван Љубичич за кого ова ќе биде последен турнир во кариерата, во првото коло ќе игра против својот сонародник и имењак Иван Додиг. Што мислите, дали ќе биде ова неговиот последен меч или највероватно својата кариера ќе ја заврши во второто коло од мастерсот против Фернандо Вердаско... или пак можеби очекувате нешто повеќе од второ коло... ?

7C238C10E90544ED971D86017C4C6DD8.ashx
vs.
62C2B7B57C3947029831833041422F3A.ashx
 
Овој Иснер заебава нешто. Се повлекува поради некоја си наводна повреда од Монте Карло, а во Хјустон игра финале..
 
Овој Иснер заебава нешто. Се повлекува поради некоја си наводна повреда од Монте Карло, а во Хјустон игра финале..

Па од утре почнува Монте Карло, тој е сеуште во Америка е сега рачунај ќе игра до вечер. Потоа ќе оди на авион за Европа, бла бла додека стигне ќе има голем проблем. Сепак не знам зошто не си остана во Монте Карло после Дејвис Купот......
 
1во коло ќе беше слободен, така да Вторник/Среда ќе имаше време да одмори колку толку. Немаше да му треба период за адаптација, пошто и сам кажа игаше ДК на истиот терен така да...
 
Ќе се подготвува за Рим и Мадрид.. нема ништо не јасно во неговото неиграње на овој мастерс турнир.
--- надополнето: 15 април 2012 во 15:01 ---
Љубо загуби во првото коло и тоа убедливо од сонародникот Иван Додиг (60/62) .. и со овој пораз ја заврши тениската кариера.
Секоја чест мајсторе, имаше убава кариера.
 
Полесен пат до финале има Надал , Типсаревич,Цонга и Алмагро . Додека кај Новак се Мареј,Бердих и Ферер.
 
Полесен пат до финале има Надал , Типсаревич,Цонга и Алмагро . Додека кај Новак се Мареј,Бердих и Ферер.

Мареј? :pos: далеку од препрека е Мареј, Ферер ке биде предизвик мада не верувам и он да му направи многу проблеми
 
Мареј? :pos: далеку од препрека е Мареј, Ферер ке биде предизвик мада не верувам и он да му направи многу проблеми
Зашто Мареј да не го победи на Новак, ист стил на игра имаат , можат да се удираат до бескрај ,се додека некој не реши да нападне,сервисот нема влијание на земја,така да во тек на игра се е можно,ќе има многу брејкови во секој случај доколку играат Новак и Мареј :)
 
Ај една анализа од мене за утре :D

10:30 --- Mathieu - Young (Ц)
Французинот е еден од оние кои доби специјална покана од организаторот (wild card). Јанг е Американец кој не е баш нешто посебно на земја, но сепак успеал да избори пласман на овај турнир. Очекувам Матје да го совлада во 2 сета, можно е да има еден тај брејк, во вториот сет.

10:30 --- Melzer - Kubot
Што да се каже, Мелцер против Кубот. Јирген Мелцер знае да биде многу опасен на земја, играше полуфинале на Ролан Гарос во 2010, го совлада Федерер минатата година на Монте Карло. Највероватно ќе победи Мелцер во 2 сета, не се исклучува можноста за трет сет особено ако почне Кубот добро. Доколку Мелцер игра на ниво близу до својот максимум ова треба да биде рутински во 2 сета.

12:30 --- Tomic - Istomin
Двајцата се љубители на побрзи подлоги, особено Томиќ. Истомин има одличен сервис, но не направил ништо посебно на земја во неговата кариера. Младиот Томиќ пак како голем талент го потврди тоа на неколку пати, играше во четвртфинале на Вимблдон минатата година, но на трева. Ова ќе биде неизвесен дуел, според мене ќе има 3 сета, не можам да одлучам кој би победил, може секој детал да одлучи.

12:30 --- Verdasco - Rochus (Ц)
Фернандо Вердаско, колку и да не е во форма... од него се очекува да победи на земја, а сега тоа не треба да биде прашање бидејќи игра против еден не така добар играч, далеку поопасен на брзи подлоги, но овде Рохус нема што да бара. Вердаско победува во 2 сета, сигурно.

13:00 --- Stepanek - Nieminen
И двајцата се ближат кон крајот на својата кариера, се очекува брз тенис. Сервис, волеј и таков сличен ритам. Штепанек сепак ќе биде голем фаворит во мечот, покажа дека е доволно добар на дејвис купот минатиот викенд. Можеше да го совлада и Јанко Типсаревиќ. Јас мислам дека Чехот ќе тепа во 2 сета.

14:00 --- Bennetau - Granollers-Puyol (Ц)
Уште еден домаќин на терените во Монте Карло. Жулиен Бенето против Марсел Гранољерс-Пујол. Ќе има голема подршка Бенето, тоа ќе биде некаков плус за него, но Шпанец како Шпанец секако дека е одличен на земја, а веќе е во најдобрите 100. Обложувалниците даваат помал коефициент за Бенето иако јас мислам дека Гранољерс ќе слави утре, прилично сум убеден и тоа во 2 сета.

14:00 --- Kohlschreiber - Rufin
Млад тенисер е Руфин, домаќин на овај турнир бидејќи е Французин. Треба да биде ова лесен плен за Германецот, тешко дека би можел да се закани Руфин утре...

16:00 --- Chela - Dolgopolov
Овде не би коментирал, навистина непредвидлив меч. Зависи како ќе дува ветрот ноќеска, па така Долгополов да излезе утре на терен. Шала на страна, Чела е одличен на земја но не сум го гледал долго време, Долгополов пред 2 години во Мадрид знаеше да му направи големи проблеми на Рафа, пред негова публика кога Рафа беше во најголема форма. Би требало Долгополов утре да победи, јас мислам дека треба да тепа во 3 сета иако обложувалниците даваат помал коефициент на Аргентинецот.

16:00 --- Raonic - Montanes (Ц)
Не знам што се случи со добриот Монтањес. Играше одлично на земја пред 2-3 години, дали се повреди или што навистина не знам. Според обложувалниците Раониќ е преголем фаворит, било како, ова е земја и Монтањес не смее да се предаде, без разлика во каква форма е. Шпанецот највероватно ќе загуби во 2 сета, според резултатите во 2011 и 2012 нема никакви надежи за него, на прсти може да се изброи колку пати поминал прво коло, а да не зборуваме од кого се губел по турнирите....

Тоа се мечевите за утре, мора да признам дека и не ми се допаѓаат, нема да има нешто интересно. Сепак на терен излегуваат големите тенисери во вторник и среда. Се надевам дека Рафа ќе игра веќе во вторник и баш ме интересира неговата форма после повлекувањето поради повреда во Мајами.

* Мечевите кај кои има (Ц) се играат на централниот терен и највероватно тие ќе се пренесуваат на СпортКлуб, СпортКлуб+ и Телма.

Зашто Мареј да не го победи на Новак, ист стил на игра имаат , можат да се удираат до бескрај ,се додека некој не реши да нападне,сервисот нема влијание на земја,така да во тек на игра се е можно,ќе има многу брејкови во секој случај доколку играат Новак и Мареј :)
Во право си, минатата година во Рим беше мнгоу тесно, 6-1 3-6 7-6. Така беше резултатот мислам. Мареј сервираше и за меч, беше на 2 поени но меч но не успеа да победи. Јас мислам дека Енди може да му земе сет, за меч не знам, ќе видиме во првите мечеви на Мареј како тој ќе игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom