Дали некој што се разбира од лоцирање преку триангулација во мобилната телефонија, може да ни даде информации дали е возможно да се определат сите SIM-картички кои биле активни во одреден период во еден тријаголник?
На пример: три предаватели на еден оператор формираат тријаголник. Според јачината на врската на одреден мобилен телефон во однос на трите предаватели, може ли да се лоцира точната местоположба на мобилниот? Кога патуваме во странство, на пример, уште на граничниот премин стигаат SMS-пораки за добредојде во другата држава, што значи нивниот систем го детектира телефонот и го идентификува како странски.
Некој спомна IMSI-catcher во преходните постови. Може ли наместо да колнеме, пцуеме и шпекулираме, да видиме што МВР користи од технологијата и дали може да се утврди кои мобилни броеви биле активни на тоа подрачје во критичните минути?