Не е лесно да си од Радишани во моментов, секој од нас е барем малце поврзан со брутално убиените и секако дека нам ни пага најтешко.(јас лично сум многу близок со внука на постариот господин)
Не сакам да коментирам многу тука ама ме принудивте,голем број од вас алудираат на војни и одмазди а поима немаат што се случило.Значи знам дека е тешко ама смирете ги страстите бар се додека не се расветлат некој работи.
Се распрашав околку децава дали воопшто им задавале проблеми додека ловеле риба, сите нивни блиски пријатели и останати кој порано си ловеле риба заедно НЕ биле испровоцирани или пак избркани од таму. Ниту од Македонци ниту од Албанци... се вртат секакви муабети низ населбава, ама јас лично мислам дека виделе нешто што не требале да видат. Најлогички е да е поврзано со Мафија или некаков шверц ,сепак станува збор за професионално убиство,,, се е можно. Едноставно сите имаат еден голем прашалник во глава,, кој би го сторил ова?
Нека им е лесна земја и сочуство до нивните роднини и пријатели.