А, ти си пацифист? Пацифистите се многу погодни за муабет на вакви теми. Јас сум националистка, понекогаш екстремна, во вакви случаи. Ова воопшто не е наивен проблем кој би можел прагматски да се реши. Прагматски се постапува пред нештото да се случи, а не откако ќе се случи. Во изминатиов период имавме многу срање случаи кои не требаше да ни се случат, ама ете ни се случија. Сега нема место за „пацифистите“ кои повикуваат на мирни решенија. Мирни решенија се преземаат само во мирни времиња.
Знаеш зошто ги напаѓам форумскиве пацифисти? Не знаат што се! Кажуваат мислења со кои покажуваат дека се (анти) милитаристи, а не пацифисти. Не се против воен одговор од цивилно население, туку од државните вооружени сили или обратно. Значи во зависност од ситуацијата не/одобруваат акција.
Еве прашање до тебе, ако ова му се случеше на некој кој ти е драг ќе инсистираше се` да се реши по мирен пат
Јас, милитатна националистке, плаќам данок во државава и очекувам државните институции задолжени за редот и мирот совесно да си ја вршат работата. Пет млади луѓе се убиени, огромна трагедија е, и сторителите треба најостро да се казнат, без разлика на националноста.
Колку што се сеќавам, за апсење на криминалците задолжено е Министерството за внатрешни работи. Ако МВР на било кој начин се обиде да заташка нешто , јас прва ќе излезам на протест. Ама немам намера јас да ја вршам работата за која тие се платени, ако не се способни нека си дадат оставки, ќе се најдат поспособни од нив.
А сега кажи ми, што предлагаш ти? Да баталиме и полиција и суд и закони и да фрламе бомби по рандом Албанци? Wait, I have a better idea, да ги собереме сите малцинства во државава, и Турци и Роми и Власи, да ги натовариме во вагони и правац - конц логор.Така се докажува љубовта кон државата.
Не се збунети форумските пацифисти, збунета си ти и останатите форумски националисти. За состојбата во Македонија не сум ти виновна јас, виновна е власта* која континуирано им допушта на Албанците такво однесување. Не потпишав јас рамковен договор, не ставив јас терористи во парламент, не лажирав јас попис, не пикам јас неписмени Албанци во администрација, не ослободувам јас Албанци кои тепаат Македонци на Кале.
Сето ова го направија луѓето кои тогаш беа на власт, и кои исто како тебе, се декларираат како националисти и патриоти. Само што фотелјите им се многу помили од сопствениот народ, тоа е главниот проблем во државата, само ти очигледно не можеш да го согледаш.
*Да не дојде до забуна, под власт мислам на сите партии кои досега беа на власт, не само на владејачката.