Ах, денес е Велики Петок, голем празник, последен петок пред Велигден, а ние наместо весело да го прославиме - ќе тагуваме. Многу сум вознемирена, не ги познавам децата, но начинот на кој се егзекутирани е многу суров. Човечкиот живот вреди многу и не смее да заврши вака. Не смее!!!
Се работи за сурово убиство на 4. млади Македонци, а полицијата освен што апелира „да се смиреле страстите“ не прави ништо друго. Кога ги „откриваа“ флиперите министерката си се дотера, се нашминка, го намести фризурчето и се сликаше, а сега, кога сурово се убиени 4 МЛАДИ ЛУЃЕ, никој не знае каде е...
Очекувам сите оние кои се сликаа и кои апелираа кај Македонците за соживот (оти нели Македонците се нецивилизирани и се непочитувачи на основните права на нашите мили сограѓани кои дојдоа во Македонија пред 2001 г. од Косово, Албанија, Швајцарија, Австрија, Германија... за да се борат за правата на Ш*иптарите во Македонија, оние кои ние сме ги „угнетувале“), да излезат и да им го кажат своето мислење на оние граѓани кои се сметаат за 25% дека ги преминаа сите граници!
Срамно е што полицијата цело време апелира за смирување на страстите на Македонците, а останатите граѓани на Македонија ги остава да си прават што сакаат.
Смачено ми е од кукавичлук! На ваков подмолен начин се убиени многу млади луѓе и никако не можам да сфатам: колку зло може да ти нанесе едно дете од 20 години, кое сега почнува да го запознава животот, за ладнокрвно да му пукаш в чело и да си заминеш? Зарем не можевте да помислите на семејствата на овие млади животи? Имаат живи родители, баби, дедовци, зарем редот е тие да ги закопаат нивните чеда или обратно? Нели во смрт треба да се испраќа по ред? Кои сте вие ладнокрвни убијци кои одлучувате за редот на умирање? Кои сте вие за да одлучите да одземете нечив живот? Живот кој штотуку почнал...!
Сакам да изразам искрено сочувство за семејствата на убиените момчиња. Знам дека никогаш не сте помислиле дека наместо да го славите и да се радувате на најголемиот христијански празник Вие ќе ја оплакувате прераната смрт на Вашите чеда. Болката е огромна и ужасна, за жал и никогаш нема да помине. Ова е тажна вест за сите нас!
Дечки, почивајте во мир!!!