Можеби убиецот/убијците е/се Албанец/Албанци, можеби е/се Македонец/Македонци ?
Плус незнам зашто одма сите се фаќаат за меѓу-етничките работи, до сега се случуваа меѓу-етнички тепачки, но вакви работи не !
Мислам дека поголема е веројатноста да станува збор за некаква криминална пресметка, одмазда за нешто, некакви нерасчистени работи и сл.
Некој спомна претходно дека како може 20 год. деца да имаат врска со криминал/мафија, епа 21 век сме бе луѓе, денеска младите на тие години не се тоа што биле порано, се е можно, дилерство, шверц, долгови... ова е веќе работа на полицијата и истражните органи, а ние можеме да си шпекулираме до бесконечност !
Тој дел од Скопје натаму е етнички мешан, има и Македонци, но и доста Албанци, особено тоа нивите таму бостанот се на Албанци, исто така и Албанските овчари од блиските села стадата овци ги шетаат таму по ридовите, меѓутоа зарем до толку се мештаните таму, да убиваат рибари туку така, без никаква провокација и без никаква причина, или сепак имало нешто, некакви претходни расправии, нерасчистени сметки, лични закани, криминални дејствија ?
Шпекулации до бескрај....