Инвестициски БУМ во Македонија

Член од
19 октомври 2010
Мислења
576
Поени од реакции
344
^Со осигурувањево сум добро запознаен, ме бараа да работам за една компанија која се бави баш со оваа работа... Моментално во Македонија се 1,5% од населенијети животно осигурани, а во европскиве држави најмалку е 15%, а нели ние се стремиме кон Европа :facepalm:
Големи пари има во овој бизнис, во компанииве се работи по амерички систем така што сите работат за директорот (тој што има најголем level фатено во фирмата),а другиве смртници трчаат да најдат осигуреници и на крај остануваат со к*рот у рака...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.770
Поени од реакции
9.891
Турскиот гигант „Султаш“ ја купи фабриката „Сведмилк“, дознава Курир.


Имено, денес беше потпишан договор со НЛБ Тутунска Банка, која претходно ја имаше активирано хипотеката.
Според информациите, „Султаш“ го купува и „Еуромилк“ на Трифун Костовски и планира дополнителни инвестиции во овие два капацитети.
Во „Сведмилк“ планира доградба на капацитет за производство на сирење и кашкавал и за шест месеци се очекува фабриката да биде рестартирана.
Со рестартирањето на „Сведмилк“ ќе се отворат многу нови работни места, а и производителите на млеко ќе имаат бенефит.
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
475
Se e nekoja piramidalna sema lopozluk nema ni edna postena rabota.

Narodot nema osnovni primanja ke plakja za osiguruvanje bez potenje gaz nema uspeh.
 

Пратеник

Ала Мадрид
Член од
28 ноември 2011
Мислења
995
Поени од реакции
617
Нема леб без МОТИКА ... или во превод нема леб без ПАРТИСКА КНИШКА
--- надополнето: 4 април 2012 во 04:33 ---
^Со осигурувањево сум добро запознаен, ме бараа да работам за една компанија која се бави баш со оваа работа... Моментално во Македонија се 1,5% од населенијети животно осигурани, а во европскиве држави најмалку е 15%, а нели ние се стремиме кон Европа :facepalm:
Големи пари има во овој бизнис, во компанииве се работи по амерички систем така што сите работат за директорот (тој што има најголем level фатено во фирмата),а другиве смртници трчаат да најдат осигуреници и на крај остануваат со к*рот у рака...
Другар ми проба во Кроација Осигурање за животно осигурање , не се исплаќа башка то шо треба да имаш голем круг на пријатели треба и тие да имаат пари.А бенефициите се големи ако се осигураш од една страна то осигурањето може и да ти послужи како жирант во банка.Примамливо ама скапо 3000 денари месечно за наш стандард многу пари
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.156
Поени од реакции
812
„Може да се уверите дека Скопје сити мол привлече некои од светските најбарани бренд имиња кои меѓу другото за прв пат ќе се претстават на македонскиот пазар. Скопје Сити мол ќе се етаблира како центар со најдобра селекција на интернационални трговски, давајќи му една поинаква димензија на шопинг искуството. Ова е одличен показател за силата на центарот и јасна индикација за растот и развојот на Македонија во една динамична и зрела држава. Се отвора една нова современа ера и ги поместува границите во купувањето“ изјави Петер Џ. Варден, главен извршен директор на Балфин МК
Според мене ваков тип на објекти воопшто не спаѓаат во темата за инвестициски-бум воМакедонија.Зошто? Па затоа што тие служат за продажба на странски брендови кои во нас гледаат само наивчини и снобови кои за скапи пари ќе ги купуваат нивните преценети п-ди(баш поради тој фатален скопски и мак.снобизам).
Знаете ли што е вистински инвестициски-бум? Кога во Македонија ќе се отвори фабрика која ќе запосли едно 500 луѓе минимум,кога во производниот процес ќе се користат претежно суровини од Македонија(со што ќе им се направи услуга на мак.производители и продавачи на суровини) и кога парите од продажбата ќе се вртата низ македонската економија.Тоа за мене е инвестициски бум,а не отварањето на шопинг-центри и молови,поздрав!
 
Член од
25 декември 2008
Мислења
1.879
Поени од реакции
1.092
Руска компанија ќе инвестира во Македонија

Ставрески се враќа од Русија со нова инвестиција. Руска компанија ќе гради фабрика во Македонија.
Се работи за фабрика за преработка на отпад од месната индустрија, а ќе биде лоцирана во Источна Македонија.
- Како резултат на контактите што ги имавме овде со инвеститорот и претходната активност на промоторот во Москва можеме со голема извесност да соопштиме дека ќе имаме уште една руска инвестиција во Македонија. Станува збор за фабрика која што ќе преработува отпадоци од месната индустрија и преку биотехнолошкиот процес ќе се користат за медицински и други потреби - сооппшти вицепремиерот Зоран Ставрески.
Инвеститорот до крајот на овој месец ќе регистрира фирма во Македонија.
Според првичните проценки почетната инвестиција ќе изнесува околу шест милиони евра, но Ставрески вели дека најзначајно е тоа што ќе се отворат нови работни места во источна Македонија што ќе влијае на намалување на големата невработеност во тој регион.
http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/ruska-kompanija-ke-investira-vo-makedonija
 

CELTIK

magionicar
Член од
23 декември 2007
Мислења
2.909
Поени од реакции
839
aj airlija neka im e i na rusite golemi sansi ima da otvorat otkupen centar za jabolka vo resen pokraj niv ima i edna tuska i agrokor mislam zaenteresirani se za vakov kapacitet
 

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.330
Поени од реакции
7.799
Овај Ставревски ќе им го земи лебот на промоторите.
 
Член од
15 ноември 2011
Мислења
1.427
Поени од реакции
751
Овај Ставревски ќе им го земи лебот на промоторите.
Со самото нивно шетање натаму наваму нам ни го јадат лебот и ни го скратуваат животот, а не на промоторите, ама ако, има и некој кој им верува(Јас НЕ) и им се восхитува колку се инвеститори ќе не нападнат, ќе нема празен простор на Мкд за уште фирми.
Покрај сите овие поскапувања, редно е од нивна страна споменици да ни направат бидејќи наскоро тоа ни следи, боља иднина не гледам овде.
 
Член од
11 април 2012
Мислења
20
Поени од реакции
10
абе ви е гајле кај и да е за неколку години ние ќе направиме вистински БУМ... работејќи низ светот како амали :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom