Фан клуб: РК Пелистер

Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.985
Поени од реакции
74.052
Абе сте изгубиле дома од Куманово :pos:
Немам намера да провиоцирам сакам само да знам како изигра Георгиевски за Куманово пошто претпоставувам некој го гледал мечот :)
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Не играше Дарко.....
Ако добро забележав....
За играта шо да се кажи...
Заслужена победа на Куманово...
Со Пролет се извадија,сега немаше кај да се бега....
Пелистер никогаш не бил послаб од сега,....мизерија.....
Иди Ефто на почетокот на мечот,гледа губиме му кара на играчите на Пелистер..
И ова е претседател?
После Спиро не чинеше?
Пелистер го допре дното со оваа управа.....:facepalm:
Ова е срам за ракометот,луѓе како Ефто да водат клуб како Пелистер....
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
http://dnevnik.com.mk/?ItemID=6BC86D4F58EB3747BC6B46139D0BB991

Пелистер со Голужа ќе ги „урива“ Вардар и Металург
По многу години тапкање во место, ракометниот тим на Пелистер се надева дека конечно ќе излезе од сенката на двата скопски клубови, Вардар и Металург, а тоа ќе го направи со ангажирање
на хрватскиот селектор Славко Голужа. Со тренерот на тимот на Сисција е разговарано при посетата на Загреб во Скопје во осмина-финалето на Лигата на шампионите кога му бил презентиран планот за закрепнување на битолскиот клуб. Најголемата пречка за исполнување на сонот на битолчани е спонзор што ќе сака да вложи неколку стотина илјада евра во правење на силен тим. Во моментов со клубот раководат навивачите кои бараат некој спонзор што би влегов во клубот, зашто ниту општината не сака да помогне.

- Разговарано е со неколку спонзори, кои се запознаени со нашите желби и постои заинтересираност конечно да најдеме финансиер на клубот. Тоа би решило многу проблеми. Но, одговорот од спонзорот ќе го знаеме до крајот на мај. Веќе разговаравме со Славко Голужа, следната сезона селекторот на Хрватска, да дојде во Битола и да го преземе клубот - вели Никола Пискачев, секретарот во Пелистер.

Битолчани и сезонава се обидоа да направат силен тим, донесоа неколкумина странци и тренер од Црна Гора (Ратко Ѓурковиќ), но тој издржа неколку месеци, по што доби отказ, а заминаа повеќемина ракометари поради беспарицата. Сега Пелистер игра со „домашни играчи“ и тренер, и според кадарот годинава ќе се борат да го задржат третото место во лигата, зашто не можат да им конкурираат на Вардар и Металург.

Евентуалното ангажирање на Голужа ќе значи и носење на повеќемина странски играчи и комплетна реконструкција на тимот, играчки и организационо.

- Се договоривме Голужа да си донесе неколку ракометари според негов вкус, помошник тренер, и да добие поголема слобода околу работата и изборот. Предизвикот на Голужа да дојде во Македонија е што во оваа лига ќе може да им конкурира на Лино Червар и Веселин Вујовиќ, со што и македонското првенство би станало поинтересно и квалитетно - вели Пискачев кој истовремено е член на Иницијативниот одбор за спас на клубот.

Според најавите од сегашниот тим на битолчани, следната сезона сигурно би останале Златко Везенковски, Владо Недановски, Реваз Чантурија, Игор Тоскоски, а на поголемиот дел од играчите ќе им се даде можност да заминат во други клубови. (Г.А.)
АЈДЕ КОМЕНТАР:D:D:D
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
:pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos::pos:
Човеков два пати го отпуштаа од таа Сисција........
На СП во Шведска Хрватска го играше најлошиот ракомет последните 10 години.
Нивото на интелегенција му е под знак прашалник.
Тренер на Хрватска е,а не е на Загреб.Ваљда да бил нешто предобар ќе го земеше Гобац од дамна да му е тренер,а не да се помирува со Обрван за да го земе да го води клубот.
Има познавање од ракометот и како иде времето некако се повеќе и повеќе ми се допаѓа играта на Хрватска.Има идеја што сака да прави,само колку е способен тоа да го реализира тоа е друга работа.
Има среќа што во Хрватска има и вишак на одлични играчи,па тешко може да згреши нешто.
Пелистер за помалку пари може да најде и подобри решенија за тренер.
 
Член од
21 септември 2011
Мислења
359
Поени од реакции
640
Porazot od Kumanovo ne e istoriski tuku takticki za izbegnuvanje na Vardar i Metalurg vo plejofot !!!:vozbud::pos::pos:

A izjavata na bibliotekarot :facepalm::facepalm::facepalm: ,sega sigurno pokraj sekretarot i komesarceto ke donesi trener ili sponzori !!
A ovaj Goluza e Lazo Goluza od kviskoteka (ako se sekava nekoj na toj kviz toj bese glaven urednik):pos:
uprava odi si
uprava odi si
uprava odi si

uprava odi si

uprava odi si
uprava odi si
uprava odi si

 
Член од
11 мај 2008
Мислења
3.358
Поени од реакции
7.343
Чим стигнало абдали како Ефто и Пискачо да го имаат главниот збор во Пелистер, треба да ви е јасно на сите колку е саатот. Искрено криво ми е за ова шо му се дешава на Пелистер, ама самите битолчани си се најмногу виновни.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.252
Поени од реакции
19.549
Се покажува уште еднаш дека немаме никаква тактика и визија за иднината на клубот....
Се се прај од денес за денес.....
Ќе форсираа млади играчи...:pos:
Ете сега ќе го носат Голужа....:facepalm:
Толку беше од проектот....:P
Овие пак се дупат со нас како шо праеја 4 месеци...
На ти го дај ми го,ништо не се напрај....Пелистер дојде на ова дереџе..
И сега пак одново:eek:
Ќе го носат Голужа а не кажват за спонзор?
Или со фантомски пари(на Циле) ќе се носат пак играчи за 2 месеци....
Праеја одамна некој математики со Камчев,дали има нешто ќе видиме....
Како тргнало како играме во плеј-оффот ни 5 место нема да бидиме...:pos:
 
Член од
7 август 2011
Мислења
207
Поени од реакции
62
Noviot "sponzor" na koj aludirat i se nadevat e Kamcev, ama jas mislam se e veter vo magli ova
 
Член од
2 декември 2008
Мислења
773
Поени од реакции
344
Ќе треба да се формира "Иницијативен одбор за спас од спасувачите" :facepalm:

Уште по старо си одат, ќе барале спонзори...
Ми се одмили и ракомет и се веќе.
 
Член од
2 јануари 2009
Мислења
1.016
Поени од реакции
135
Абе шо тренер е овој бе?
Ако беше како шо треба немаше да седи во Сисција, а и овде ако дојди ке бара еден куп пари (без 4000 - 5000 евра не иди можи и појќе).....
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.832
Поени од реакции
6.386
Абе шо тренер е овој бе?
Ако беше како шо треба немаше да седи во Сисција, а и овде ако дојди ке бара еден куп пари (без 4000 - 5000 евра не иди можи и појќе).....
Не е ни во Сисција.........
Реков 2 пати има летно од таму.Последен пат лани после светското,само Хрватска ја води.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom